По 300 години, „синиот змеј“ повторно забележан во Средоземното Море - Канал 5

По 300 години, „синиот змеј“ повторно забележан во Средоземното Море

Морскиот мекотел „Glaucus atlanticus“, познат како „син змеј“, повторно е забележан во средоземноморските води по повеќе од три века.

По 300 години, „синиот змеј“ повторно забележан во Средоземното Море

Овој вид полжав без школка, којшто се одликува со своите светлосини и сребрени нијанси, природно ги населува отворените води на Атлантскиот, Тихиот и Индискиот Океан. Неговото присуство во Средоземното Море, затоа, предизвикува значителен научен интерес.

Забележано во водите на Шпанија - кај Аликанте, Балеарските Острови и Торевиеха, и иако изгледа како суштество од бајка со својот речиси „митски“ изглед, ова морско животно, сепак, е високоотровно, способно да предизвика болни убоди, објавува „Дејли дајџест“ (Daily Digest). „Глаукус атлантикус“ е полжав-гастропод којшто нема заштитна школка во својата возрасна фаза. Се храни со токсични организми и ги складира нивните клетки (нематоцисти) како свое средство за одбрана. Неговото мало тело и прилагодливата воздушна ќеса му овозможуваат да лебди во горниот слој на морето.

Убод од „Глаукус атлантикус“, којшто поболен и од оној на многу медузи, може да предизвика силна болка, црвенило, оток, чешање и плускавци во повреденото место. Во поретки случаи, тоа може да предизвика гадење, повраќање, вртоглавица и алергија. И покрај малата величина, неговата отровност веќе доведе до затворање на плажите во областите каде што ова суштество е откриено. Она што е особено занимливо и изненадувачки е прилагодливоста на живот близу морската површина, пишува „Нејшнал џиографик“ (National Geographic).

Појавата на „синиот змеј“ во Средоземното Море може да биде поврзана со промените во морските екосистеми предизвикани од глобалното затоплување, вклучувајќи зголемена температура на водата, промени во соленоста, достапност на храна и изменети морски струи. Присуството на овој вид укажува на динамиката и променливоста на морските заедници и може да послужи како биоиндикатор за промени во екосистемите.

Крајбрежните власти во неколку шпански области воведоа патроли на плажа ова лето за да го следат присуството на овој опасен вид и да ја намалат опасноста по капачите.

„Глаукус атлантикус“ е само еден од повеќе од 500 егзотични видови коишто се проширија низ Средземното Море последниве десетлетија, со директни последици врз биоразновидноста и по безбедноста на луѓето. Други примери се ретката риба-скорпија, чијшто убод може да биде опасен по живот, и синиот рак, кој веќе го прошири својот опсег по поголемиот дел од средоземномрскиот брег.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Изборите во Брвеница се порака за тоа каква држава сакаме

Изборите во Брвеница се порака за тоа каква држава сакаме, онаа каква нуди СДС полна со навреди и криминал или исправена Македонија, каква гради ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски: Изборите во Брвеница се порака за тоа каква држава сакаме

„Сакам да ви кажам дека изборите во Брвеница се и порака за тоа во каква држава сакате да живееме. Онаа полна со навреди, криминал, подметнувања и свиткана кичма каква ја сакаат нашите противници, или Македонија во која ќе се бориме за секој човек, исправени и горди и достоинствени“, рече Христијан Мицкоски, премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот завршен митинг во општина Брвеница.

Мицкоски посочи дека Брвеница има реални потреби за подобрување на инфраструктурата, за создавање подобри услови за локалната економија, за поддршка на земјоделците, за почиста животна средина и за подобри јавни услуги.

„Но, пред сè, има потреба од институции што ќе бидат праведни и достапни. Брвеница ја има поддршката од Владата и со Стојанчо Радичевски, нашиот Цоки, ќе соработуваме за силна општина која ќе биде достапна за сите“, посочи Мицкоски.

Додаде дека како претседател на Владата е свесен дека очекувањата на граѓаните се големи и дека ниту еден економски показател не значи доволно, ако неговото подобрување не се почувствува во семејниот буџет.

„Можеме да зборуваме за раст на бруто-домашниот производ, за инвестиции, за нови работни места, за инфраструктура и за економски развој, но вистинската вредност на секој таков резултат се гледа во тоа дали едно семејство живее посигурно, дали млад човек добил достоинствена и добро платена работа и дали пензионерот може подостоинствено да ги помине своите години“, потенцираше Мицкоски.

Економскиот развој, додаде Мицкоски, не е само бројка во статистички извештај, туку процес кој треба да создава реални можности и затоа Владата мора постојано да биде изложена на проверка.

„Владата мора постојано да биде подложна на проверка, на критика и на барање одговорност и тука сакам да бидам јасен, не барам никој да верува во големи зборови без докази, ниту да прифаќа ветувања без резултати. Напротив, барам институциите да бидат оценувани според нивната работа, а политичарите според исполнувањето на преземените обврски. На Македонија не ѝ се потребни политички пресметки во кои најважно е кој кого ќе навреди, туку сериозна дебата за економијата, здравството, образованието, правдата, инфраструктурата и кој посилно ќе ги штити националните интереси“, посочи, меѓу другото, претседателот Мицкоски, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Радичевски: Со јасна визија и конкретни проекти ja развиваме Брвеница

На денешниот завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница се обрати кандидатот за градоначалник на општина Брвеница, Стојанчо Радичевски.

Радичевски: Со јасна визија и конкретни проекти ja развиваме Брвеница

На денешниот завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница се обрати кандидатот за градоначалник на општина Брвеница, Стојанчо Радичевски кој истакна дека развојот на една општина не се темели само на добри намери, туку на јасна визија, посветена работа и конкретни резултати и посочи дека во изминатиот период преку реализацијата на инфраструктурни капитални инвестиции во населените места, се создаваат услови за подобар живот на граѓаните и искористување на потенцијалите на општина Брвеница.

„Ништо не се постигнува со добра намера, потребни се организација, истрајност, знаење, соработка, луѓе кои се подготвени да работат за заедничка цел. Политиката има вистинска вредност само тогаш кога резултатите од неа го чувствуваат граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ тоа успешно го покажа изминатиот период преку неселективниот пристап на распределба на инфраструктурни капитални инвестиции низ сите населени места во нашата општина. Брвеница има потенцијал, нашата задача е тој потенцијал да го претвориме во можности и конкретни резултати“, рече Радичевски.

Радичевски посочи дека во првите 100 дена фокусот ќе биде ставен на утврдување на состојбата со започнатите проекти и дефинирање јасни приоритети за понатамошен развој на општина Брвеница, и дека посебен акцент ќе има на подобрување на локалната инфраструктура, водоснабдувањето и канализациските мрежи, како и на иницијативата за изградба на клучка кон автопатот и развојот на индустриската зона.

„Во првите 100 дена ќе се посветиме на утврдување на состојбата со започнатите проекти, обврските на општината и можностите за непречено продолжување. Ќе поставиме јасни приоритети, рокови и одговорности. Ќе продолжиме да работиме на подобрување на локалната инфраструктура, на реконструкција на патиштата, на водоснабдувањето, на канализациските мрежи, на условите за живот во сите населени места. Ќе ја покренеме иницијативата за изградба на клучката кон автопатот, посебно внимание ќе посветиме на индустриската зона Брвеница на подобрување на условите за работа и создавање услови за нови инвестиции, ќе ги поддржуваме и малите бизниси, младите претприемачи преку иницијативите Млади со идеи, мој бизнис, моја општина. Доградбата на детската градинка во Брвеница и изградба на нова градинка во Челопек се важни и приоритетни, нашите повозрасни сограѓани заслужуваат почит и грижа, отворање на Дом за стари лица со капацитет до 50 корисници“, рече Радичевски и додаде:

„Ве повикувам, да ја сочуваме силата на единството, да ја избереме иднината и заедно да ја изградиме една Брвеница за сите. На 18 Октомври со вашата поддршка да гласаме за број 1, за Брвеница во која ќе се гордееме со постигнатото“, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ескалираат протестите во Тирана- студентите кршат излози и семафори, упаднаа во банка (ВИДЕО)

Албанскиот премиер Еди Рама ги обвини „странските актери“ дека стојат зад протестите, кои, според него, имаат за цел да го нарушат процесот на пристапување на Албанија во Европската Унија. 

Ескалираат протестите во Тирана- студентите кршат излози и семафори, упаднаа во банка (ВИДЕО)

Рама повика на мир по новите судири меѓу полицијата и маскираните групи што избувнаа претходниот ден и продолжија и денеска, објави Топ Ченел.

Денес, на четвртиот ден од сè понасилните протести, илјадници млади Албанци маршираа низ Тирана, кршејќи прозорци и семафори. Протестите ги предводат студенти чија цел е да го принудат премиерот да поднесе оставка, а тие изразуваат незадоволство од условите за образование и нивото на школарината на универзитетите.

Демонстрациите, кои се шират низ целата земја, вчера се претворија во немири во главниот град. Демонстрантите кршеа прозорци, провалија во банка и се судрија со полицијата. На сето ова му претходеа месеци претежно мирни протести што владата, според студентите, ги игнорираше.

Рама го освои својот четврти мандат минатата година

„Нè туркаат до крајни граници“, рече 19-годишниот демонстрант Енеа, кој одби да го каже своето презиме од страв од апсење. Тој имаше порака за Рама: „Нека си поднесе оставка што е можно поскоро, пред сè да изгори“.

Студентите ги обвинуваат функционерите за корупција и занемарување на образованието и се огорчени од продажбата на недопрени делови од албанскиот брег за изградба на луксузен одморалиште, проект зад Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп.

YouTube video

Овие немири претставуваат предизвик за Рама, кој го освои својот четврти мандат минатата година ветувајќи дека ќе ја воведе Албанија во Европската Унија, а неговата цел е да добие членство до 2028 година. „Нема да се предадеме на насилството“, рече тој на Фејсбук.

Студентите, од кои многумина носеа маски, се соочија со кордон од полицијата за немири пред зградата на Министерството за образование. Некои мали претприемачи ги спуштија заштитните решетки на своите згради и на своите фасади поставија пораки: „Ние сме со вас. Не го уништувајте нашиот бизнис во градот“.

Аналитичар: Младите не гледаат иднина во Албанија

Во крајбрежниот град Лежи, полицијата се судри со демонстрантите кои фрлаа камења кон нив. Протестите се проширија и во Елбасан, Скадар и Корча, каде што демонстрантите кршеа прозорци и запалија канти за ѓубре, објавија локалните медиуми.

„Мирно протестираме 140 дена, а никој не нè слушна. Затоа, ова е нашата единствена шанса да бидеме слушнати и да ги оствариме правата што ги заслужуваме“, рече 19-годишната демонстрантка, која се претстави само како Клеа.

Политичкиот аналитичар Африм Красниќи рече дека помладите генерации не гледаат иднина во Албанија. „Тие гледаат дека сите ресурси во земјата, политички, економски, сè, се во рацете на олигарсите“, изјави тој за Ројтерс.

Скандалите со корупција со години го нарушуваат угледот на Албанија, а аналитичарите велат дека земјата станала центар за криминални групи кои перат пари од трговија со дрога и оружје, попречувајќи ги нејзините напори за пристапување во Европската Унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер