По 25 години Кејт Винслет ја изнесе шокантната вистина за „Титаник“ (видео) - Канал 5

По 25 години Кејт Винслет ја изнесе шокантната вистина за „Титаник“ (видео)

Холивудската актерка Кејт Винслет се прослави со улогата на младата богаташка Роуз во епскиот филм „Титаник“ пред 25 години.

По 25 години Кејт Винслет ја изнесе шокантната вистина за „Титаник“ (видео)

Многумина проронија солзи кога младата Роуз мораше да се збогува од својата љубов, Џон Досон, бидејќи само еден од нив двајца можеше да остане на сантата мраз што пловеше по ледениот океан.

За прв пат по 2 и пол децении, Кејт го изрази своето сомневање дека можеби и Џек можел да се качи на сантата мраз и така да се спаси од сигурна смрт. Таа ова го претпостави неколку дена откако режисерот на филмот, Џејмс Камерон, спроведе низа експериментални докази со цел да потврди дека Џек сепак не можел да преживее. Тој го направил ова бидејќи многу обожаватели на познатото филмско остварување со години шират обвинувања на сметка на сценаристот, одговорeн за крајот на големата љубов.

-Направивме темелна форензичка анализа со експерт за хипотермија кој го репродуцираше сплавот од филмот и ќе направиме мал специјал за него кој ќе излезе во февруари. Зедовме двајца каскадери кои имаа иста телесна маса како Кејт и Лео за време на снимањето. Потоа ставивме сензори секаде на нив, во нив и ги пуштивме да влезат во ледена вода. Ги тестиравме со различни методи да видиме дали можат да преживеат. Одговорот гласеше дека немало шанси и двајцата да преживеат - објасни познатиот режисер, а пренесува Дејли Мејл.

- Се надевам дека не ќе морам да го објаснувам ова во следните 25 години - додаде тој.

Слично мислење изрази и Кејт гостувајќи во една емисија пред неколку дена, но го остави отворено прашањето дали Џек навистина можел да се спаси.

-Таа санта била толку голема што Џек можеби и можел да се качи покрај Роуз. Сепак, и самите знаете како се однесуваат работите во вода. Сантата на која би пловеле двајцата, би станала нестабилна и набргу би се превртела или потонала. Точно е дека физички тој можел да застане покрај неа, но би потонале - рекла Кејт.

Нејзиниот колега и филмски партнер, а сега и голем пријател, Леонардо ди Каприо, гостувајќи претходно, на слично прашање изјави дека не сака да го коментира тоа. Кејт, пак, се вплетка во низата теории, во врска со кои, на крајот самата збунето заклучи дека сè е можно, па дури и дека Џек не е ниту виновен ниту должен да умре за ништо.

- Не знам! Мојот конечен одговор е дека навистина не знам !– признала на крајот актерката.

Таа додаде дека обожавателите на ликот што Леонардо го толкуваше во Титаник постојано ја напаѓаат дека Џек всушност умрел поради неа.

- Изгледа, бев предебела и Џек мораше да се удави поради мене. Да бев слаба, можеби ќе се спасеше. Со години ме напаѓаат дека сум била буцка на снимањето, јас сум таа што ја презема одговорноста – на шега одговори актерката на крајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Радев го изненади Брисел со поддршката на договорот за снабдување со дизел меѓу Трамп и Путин и покрај санкциите

Бугарскиот премиер Румен Радев го изненади Брисел утринава со поддршката на договорот за снабдување со дизел меѓу Трамп и Путин, и покрај западните санкции против Москва.

Радев го изненади Брисел со поддршката на договорот за снабдување со дизел меѓу Трамп и Путин и покрај санкциите

„Знаете кој е нашиот проблем во моментов во европа? Високите цени на горивата. Секој чекор за намалување на цените на горивата и за гарантирање на нашата конкурентност, го цениме“, рече Радев по пристигнувањето на дводневниот самит.Неговите коментари го доведоа во конфликт со неговите колеги лидери на ЕУ, кои остро го осудија договорот како ризичен, опасен и погрешен.

„Многу жалиме за овој договор за дизелот. Очигледно не е многу голем дел, но сепак е во погрешна насока“, рече шведскиот премиер Улф Кристерсон.

„Секој чекор сега за да им се помогне на Русите да го зголемат финансирањето на војната е лош знак. Затоа, ние цврсто се држиме до ставот на Зеленски.“рече тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска на средби на средби со Бо Ли и високи претставници на ММФ

Фискалната дисциплина и поддршка на економскиот раст се клучните приоритети на кои работиме.

Димитриеска-Кочоска на средби на средби со Бо Ли  и високи претставници на ММФ

Министерството за финансии вложува напори и спроведува активности кои се во насока на имплементација на реформите во доменот на упраувањето на јавните финансии и спроведување дисциплинирана фискална политика со постепено намалување на буџетскиот дефицит, а при тоа да не го загрози растот. Тоа ја носи државата напред и создава услови за подобар животен стандард на граѓаните. Ова беше истакнато од страна на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на состаноците со високи претставници на ММФ во рамки на Годишните средби на ММФ и СБ што годинава се одржуваат во Бангкок, Тајланд.

На состаноците со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли, директорот на ММФ за Европа, Матеуш Шчурек, извршниот директор на ММФ, Јерун Клик и заменикот на извршниот директор, Марникс ван Рај, министерката истакна дека клучен приоритет за Владата и Министерството за финансии е да се оствари определбата за фискална консолидација на среден рок согласно Фискалната стратегија и истовремено да поттикнеме повисок економски раст.

„Во моментов во Министерството за финансии се подготвува Буџетот за 2027 година, а веќе во собраниска процедура е Ребалансот на Буџетот за 2026 година. Особено сме внимателни во управувањето на јавните финансии, имајќи предвид дека со соочуваме со голема неизвесност и потребата од преземање мерки за заштита на стандардот на граѓаните, но и поддршка на бизнисот. Во таа насока со Ребалансот правиме интервенции и на приходната и расходната страна со цел да ја задржиме фискалната дисциплина и да не предизвикаме притисок врз буџетскиот дефицит“, рече министерката.При тоа додаде дека буџетскиот дефицит останува во рамки на проекцијата и е насочен кон реализација на развојните политики на Владата, односно поддршка на големите инвестициски проекти.

Ова, според министерката, особено е важно за поддршка на економскиот раст и продолжување на овој тренд на стапки на раст од над 3% во изминатите две и пол години.

На состаноците беше наведено дека во вториот квартал од 2026 година, БДП забележа годишен раст од 4,3%, што претставува највисок раст во постковид-периодот. Тоа го потврдува продолжувањето на позитивните економски движења и отпорноста на домашната економија во услови на неизвесност во глобалното економско опкружување. Растот во првиот квартал изнесуваше 3,1%, со што растот во првата половина од годината достигна 3,7%. Особено е важно дека еден од факторите на кои се темели е високиот раст на бруто инвестициите, поддржани преку Буџетот. Исто така, согласно Фискалната стратегија 2027-2031, бруто инвестициите ќе продолжат да бидат еден од главните двигатели на економскиот раст.

Создавањето предуслови за нов циклус економски раст преку реализација повисоко ниво на капитални инвестиции, постепена фисклана консолидација и унапредување на упраувањето со јавните финансии се основните цели на Фискалната политика за периодот 2027–2031 година. Истовремено, спроведувањето на фискалната консолидација создава основа за заачувување стабилноста и одржување одржлив и инклузивен економски раст. Во овој контекст потенцираше министерката дека буџетскиот дефицит согласно среднорочните проекции ќе се спушти на 2,8% во 2029 година.

На состаноците се осврнавме и на пензискиот систем во земјава при што од страна на ММФ беше изразен интерес за поставеноста на вториот пензиски столб. Ова прашање особено ќе биде во фокусот на следната Мисија на ММФ планирана за ноември во Македонија. Ова е и во контекст на прегледот на јавните расходи (Spending Review) од страна на Светска банка во кој е опфатено и прашањето на пензискиот систем, а со цел да се обезбеди подетална анализа на состојбите и унапредување на неговата одржливост.

На состанокот беа поздравени напорите на Владата за спроведување фискална консолидација и беше истакнато охрабување да продолжи со реформите кои ќе го зајакнат управувањето и ја зголемат отпорноста на јавните финансии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Тавче гравче со колбаси

Во четврток (08.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Саш Мишевски.

„Гответе со Дракче“ - Тавче гравче со колбаси

Состојки за денешниот рецепт:

2 големи конзерви грав

1 пиперка

1 главица кромид

3 парчиња колбаси

масло

сол и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер