По 20 години го нашле девојчето , кое пијаниот татко го загубил во воз (ВИДЕО) - Канал 5

По 20 години го нашле девојчето , кое пијаниот татко го загубил во воз (ВИДЕО)

Белорусинката Јулија Мојсијенко по 20 години повторно е со своите родители.

По 20 години го нашле девојчето , кое пијаниот татко го загубил во воз (ВИДЕО)

Таа како 4 годишно девојче исчезнала додека патувала со татко и во воз. Додека во 1999 додека патувала од Минск кон источна Белорисија со татко и Виктор, девојчето исчезнало. Нејзиниот татко се опијанил и заспак , а кога се разбудил , Јулија ја немало. По чудна случајност девојчето завршило во западниот руски град Ријазањ , а можела да ги каже само имињата на своите родители.

„Проблемот е што белоруската полиција ме бараше само во Белорусија, додека во Русија немаше информации за исчезнато девојче“, изјави Моисејенко (24) за руската државна новинска агенција РИА Новости.

Мојсејенко порасна во руско згрижувачко семејство. Минатиот месец, една другарка контактирала со белоруските власти за да открие дали ја бараат Јулија.

Мојсејенко потоа се сретна со нејзините родители, а ДНК-тестот потврди дека тие се вистинските. Таткото изјавил дека е виновен за сè и побарал прошка од својата ќерка.

„Живеевме со надеж 20 години дека ќе ја најдеме“, рече нејзината мајка Људмила.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Финансиската полиција му поднесе кривична пријава на екс-директорот на „Пошта“, Јани Макрадули

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешниот генерален директор на АД „Пошта “, Јани Макрадули., поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување.

Финансиската полиција му поднесе кривична пријава на екс-директорот на „Пошта“, Јани Макрадули

Според пријавата, во периодот од 2021 до 2022 година тој не постапил по одлуки на Управниот одбор за исплата на обврски кон два правни субјекта во вкупен износ од 19,3 милиони денари, иако му била доставена потребната документација.

Поради неисплаќањето биле поведени судски постапки против пошта, по што со пресуди биле утврдени дополнителни обврски за казнена камата.

Финансиската полиција проценува дека со ваквото постапување на државната компанија ѝ била причинета штета од околу 11 милиони денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Скопје се унапредува и дигитализира - ја промовираме „ЕкоСкопје“

Кога ќе забележите дива депонија, проблем со контејнер или друг еколошки проблем, преку платформата испраќате пријава со точна локација, фотографија и краток опис.

Ѓорѓиевски: Скопје се унапредува и дигитализира - ја промовираме „ЕкоСкопје“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска учествуваше во промоцијата на платформата „ЕкоСкопје“ (https://ekoskopje.skopje.gov.mk), ново дигитално решение со кое граѓаните полесно ќе пријавуваат еколошки проблеми, а градските служби ќе добиваат конкретни информации за поорганизирано постапување.

- Кога ќе забележите дива депонија, проблем со контејнер или друг еколошки проблем, преку платформата испраќате пријава со точна локација, фотографија и краток опис. Така, службите полесно ќе го пронајдат местото и ќе имаат појасна слика за состојбата на терен. По поднесувањето, можете да го следите статусот на пријавата. За граѓаните тоа значи полесно пријавување, поголем увид во постапувањето и подиректна комуникација со институциите. За нас, тоа е дополнителна обврска за одговорност и видливи резултати. Зад секоја пријава стои наш сограѓанин кој очекува решение. Затоа, вредноста на оваа платформа ќе ја мериме преку решените проблеми и промените што граѓаните ќе ги почувствуваат во своето маало – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека продолжуваат вложувањата и во опрема и во дигитални решенија, а оваа апликација е пример како младинската идеја станува дело во служба на нашиот град.

- Набавивме 3.300 нови контејнери, најголемата ваква набавка во историјата на градот, како и нови камиони за собирање смет, цистерни и метларки. Во тек е и постапката за воведување видеонадзор, кој ќе помогне во откривањето и постапувањето против оние што намерно создаваат диви депонии. Јавната чистота е колективна одговорност. Наша должност е да обезбедиме услови и да постапуваме, а заедничка должност е да го чуваме градот. Технологијата ни дава нова можност, а нашата посветеност треба да ја претвори во почисто и поуредено Скопје. Вашата иницијатива покажува колку можат младите кога ќе добијат простор и поддршка. Во мене и во Град Скопје секогаш ќе имате партнер. Го унапредуваме Скопје, ги дигитализираме услугите и ја доближуваме градската управа до граѓаните – рече Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски ги повика граѓаните да ја користат платформата и со точни локации, фотографии и корисни информации да придонесат за побрзо лоцирање на проблемите и изрази благодарност до Европската Унија за финансиската поддршка, до ЛЕАД, а особено до младиот Андреј и целиот тим ентузијасти кои со знаење, труд и верба во својата идеја ја создадоа „ЕкоСкопје“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мајка оставила деца на планина во Полска бидејќи се жалеле

Во саботата, мајка ги оставила своите две деца на планинарска патека на планините Бјешчади во јужна Полска, бидејќи – според неа – тие се жалеле и негодувале, а таа сакала сама да стигне до врвот.

Мајка оставила деца на планина во Полска бидејќи се жалеле

Други планинари ги пронашле момчињата во густа магла, пренесува „Еуроњуз“.

Огранокот во Жешов на Полското туристичко и разгледувачко друштво сподели детали за инцидентот на Фејсбук.

„Бевме во близина на местото каде што се раздвојуваат сината и жолтата патека над Мучне, планинарејќи со група. Одеднаш, слушнавме силно плачење и детски крик. Застанавме и видовме две момчиња – осумгодишно дете со солзи во очите и неговиот четиринаесетгодишен брат – како стојат покрај патеката, изгледајќи збунето“, се вели во објавата.

„Дознавме дека нивната мајка ги оставила и продолжила сама кон врвот – пат за кој од таа точка се потребни околу еден час. Таа им рекла дека, штом веќе се жалат и не сакаат да одат, нека ја почекаат петнаесет минути“, се додава во објавата. На крајот, момчињата чекале многу подолго.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер