По 19 години брак се разделуваат Никол Кидман и Кит Урбан - Канал 5

По 19 години брак се разделуваат Никол Кидман и Кит Урбан

Холивудската актерка Никол Кидман и кантри музичарот Кит Урбан се разделија по речиси две децении брак, потврди „Пејџ Сикс“.

По 19 години брак се разделуваат Никол Кидман и Кит Урбан

„Понекогаш врските едноставно завршуваат“, изјавил извор близок до двојката, додавајќи дека Кидман не сакала раскинување и се обидувала да го спаси бракот.

Тие беа во брак 19 години.

Според медиумските извештаи, двојката живее одвоено од почетокот на летото. Урбан наводно се иселила од семејниот дом во Нешвил и купила нова куќа во истиот град.

Кидман моментално е посветена на грижата за своите ќерки - Сандеј Роуз (17) и Фејт Маргарет (14). „Таа го држи семејството заедно во овој тежок период, откако Кит го нема“, открил инсајдер. Сè уште не е познато дали двојката планира официјален развод. Кидман претходно беше во брак со Том Круз.

Она што ја прави оваа вест уште поболна е фактот дека Кидман зборуваше за својот сопруг со огромна нежност во интервју за списанието „Пипл“ минатата година.

„Толку сум среќна што го имам Кит, тој е мојата љубов, мојата длабока љубов. Тоа ми дава сила да направам сè што морам, бидејќи знам каде секогаш можам да се вратам“, рекла Кидман тогаш, како што објави „CDM“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска нови цени на нафтените деривати

Регуалаторната комисија за енергетика денеска треба да донесе нова одлука за малопродажните цени на горивата.

Денеска нови цени на нафтените деривати

Со претходната одлука бензините поскапеа за 4,5 денари, а дизелот поскапи за 6,5 денари по литар. Во последната пресметка на регулаторна продолжена беше и примената на намелените акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ги добија своите противници на Ју-Ес Опен

Најтрофејниот свтески тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ и најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка ќе се соочат со Френсис Тиафо и Лејла Фернандез во осминафиналето на Грен слемот во Њујорк,  УС Опен во конкуренција на мешани двојки.

Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ги добија своите противници на Ју-Ес Опен

Ќе видиме како домашната публика ќе реагира на мечот против северноамериканскиот пар и кого ќе го поддржува, а според моменталната ситуација, натпреварот е закажан за утре, 25 август.

Во евентуалното четвртфинале, ги очекуваат победниците од дуелот меѓу брачниот пар Гаел Монфис и Елина Свитолина, односно Алекс Ил и Феликс Оже-Алијасим.

И Александра Круниќ би можела да се најде во главната ждрепка доколку таа и Мате Павиќ ги победат Пејтон Стернс и Кристијан Харисон.

Меѓу поинтересните парови во главната ждрепка се Карлос Алкараз и Серена Вилијамс, кои ги очекуваат своите противници од квалификациите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВРЕДИ: Груби пред правдата, „пеењето“ на Бујар даде резултат…

Денес „пеењето“ на Бујар Османи добива поинакво значење: Артан Груби е пред правдата, а Бујар сè уште го чека моментот да направи чекор кон лидерската позиција во ДУИ.

ВРЕДИ: Груби пред правдата, „пеењето“ на Бујар даде резултат…

Со месеци Бујар молчи за Груби, иако некогаш двајцата беа на врвот на ДУИ. Денес се однесува како никогаш да немале заедничка политичка историја.

Наместо мандатот како министер за надворешни работи да го користи во интерес на државата, Бујар го искористи и за своите внатрепартиски пресметки во ДУИ, „пеејќи“ де ваму де таму и правејќи сметки за преземање на раководството на ДУИ.

Денес сценариото станува сè појасно: Груби пред судот, Али Ахмети под притисок, а Бујар ја чека фотелјата на претседателот на ДУИ.

Но, прашањето е едноставно: зошто Бујар молчеше за Груби кога беа заедно на врвот на ДУИ? Што знае тој за оваа приказна и зошто денес се однесува како Груби никогаш да не постоел?

Зашто во политиката, понекогаш не е важно само кој зборува, туку и зошто досега молчел.

Ако „пеењето“ на Бујар било за правда, нека го каже тоа отворено. Ако било за власт и за фотелјата на Али Ахмети, тоа веќе сите го разбираат.

Груби нека одговара пред правдата. Бујар нека им одговори на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер