По 18-ти пат „Пивтијада" во Куманово

Љубителите на зимскиот кулинарски специјалитет, пивтија и денеска имаа можност да ја дегустираат и да ја одберат најдобрата на традиционалната манифестација „Пивтијада".

Љубителите на зимскиот кулинарски специјалитет, пивтија и денеска имаа можност да ја дегустираат и да ја одберат најдобрата на традиционалната манифестација „Пивтијада" која по 18-ти пат ја организира Здружението на граѓани, Мултимедијален Центар „Карпино". Годинава, во соработка со донаторите од локалната бизнис заедница подготвени се 400 порции.

-Идејата дојде спонатано, а прерасна во традиционална манифестација, изјави Зоран Павловски, претседател на здружението „Карпино".

За наредната година, организаторите најавуваат проширување на манифестацијата на која освен пивтии ќе бидат презентирани и останатите зимски специјалитети карактеристични за Куманово, мезалк и суџук. Оваа идеја ја поддржуваат и од здружението на угостителите „Бисер" од Куманово, кои го презедоа годинешново кумство на манифестацијата.

-Размислувавме одамна за таква слична манифестација. Се надеваме дека ќе успееме со локалната самоуправа-изјави Влајко Стојчевски, од „Бисер".

Градоначалникот Максим Димитриевски, ги поздрави присутните, нагласувајќи дека општината во континуитет ги поддржува ваквите манифестации, кои ја отсликуваат традицијата.

На манифестацијата се натпреваруваа осуманесет домаќинки. Стручното жири оцени дека највусна и најдобро декорирана маса е на 38 годишната Бетка Пешевска од Старо Нагоричане. Таа по трет пат учествува на манифестацијата.

-Битно е местото тивко да се вари, најмалку десет часа. Месото кое го користам е домашно, бидејќи доаѓам од село и самите одгледуваме и подготвуваме димено месо -вели Пешевска.Таа денеска презентираше и пивтија подготвена од пилешко месо, но нагласи дека кокошките самите ги чуваат.

На манифестацијата настапија бендови, пејачи, културно-уметничко друштво. Изминативе години на оваа манифестација направени се околу 10.000 чинии пивтии. /МИА

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер