СветПо 17 години примирје, две азиски земји распоредуваат војска на границата Тајланд го зголеми своето воено присуство по должината на спорната граница со Камбоџа како одговор на зголемувањето на бројот на војници од другата страна, изјави во саботата тајландскиот министер за одбрана.Тајланд и Камбоџа го зголемуваат присуството на своите војници на спорната граница по судирот во мај, изјави министерот. Тензиите меѓу двете земји од Југоисточна Азија тлеат откако камбоџански војник беше убиен во кратка престрелка на 28 мај во спорната гранична област. Властите разменија внимателно формулирани изјави во кои ветуваат дијалог во деновите оттогаш. Сепак, министерот Фумтам Вечајачаи, кој е и заменик-премиер на Тајланд, изјави дека Камбоџа ги отфрлила предлозите за време на билатералните разговори во четвртокот што можеа да ги намалат тензиите, објави дневниот весник „Јутарњи лист“. „Покрај тоа, имаше зголемување на военото присуство, што дополнително ги зголеми тензиите по должината на границата“, рече Фумтам. „Затоа, Кралската тајландска влада смета дека е потребно да се спроведат дополнителни мерки и соодветно да се зајакне нашата воена позиција“, додаде тој. Тој не даде детали за обемот на засилувањата од двете страни. Кој каде преминал? Во посебна изјава во саботата, тајландската војска изјави дека камбоџански војници и цивили постојано влегувале на тајландска територија. „Овие провокации и зголемување на воената сила укажуваат на јасна намера за употреба на сила“, соопшти тајландската војска, додавајќи дека ќе ја преземе контролата врз сите тајландски контролни пунктови долж границата со Камбоџа. Портпаролот на камбоџанското Министерство за надворешни работи не одговори веднаш на прашањата на Ројтерс во врска со изјавата на тајландската војска. „Тоа е нашиот став - да не започнеме конфликт, туку да се одбраниме“, изјави камбоџанскиот премиер Хун Сен во саботата. „Нашите водечки принципи се... почитување на меѓународните правни рамки. Овие силни стратегии се од суштинско значење за заштита на суверенитетот на нашата нација“, додаде тој, велејќи дека камбоџанските вооружени сили се подготвени да се одбранат од агресија. Ескалацијата на тензиите доаѓа и покрај напорите на малезискиот премиер Анвар Ибрахим, сегашниот претседател на АСЕАН (блок на земји од Југоисточна Азија), како и на Кина, за примирје. Тајланд и Камбоџа повеќе од еден век го оспоруваат суверенитетот над разни необележани делови од копнената граница долга 817 километри, која првпат беше мапирана од Франција во 1907 година кога Камбоџа беше нејзина колонија. Ескалација во 2008 година Тензиите ескалираа во 2008 година околу хиндуистички храм од 11 век, што доведе до години конфликт и најмалку десетина смртни случаи, вклучувајќи седумдневна размена на артилериски оган во 2011 година. Сепак, сегашните влади одржуваат потопли односи. Поранешните тајландски лидери Таксин Шинаватра и камбоџанскиот лидер Хун Сен имаа блиски односи, а нивните деца - ќерката на Таксин и синот на Хун Сен - сега се премиери во нивните земји. Сепак, националистичкото расположение расте во Тајланд, а тајландската војска во петокот соопшти дека е подготвена да започне „операција на високо ниво“ за да се спротивстави на какво било кршење на суверенитетот. Камбоџа оваа недела објави дека ќе ги достави споровите околу четири делови од границата до Меѓународниот суд на правдата и побара од Тајланд да соработува. Тајландскиот министер за одбрана Фумтам во саботата повтори дека Тајланд не ја признава надлежноста на судот и предложи сите гранични спорови да се решат преку билатерални преговори.Тагови: граница примирје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМакедонија на поправен во Глазгов по први бодови во Б сегементот од Лигата нацииНајдобрата фудбалска репрезентација на Македонија вечерва (од 20.45 часот) во Глазгов во рамките од 5 коло во сегментот Б од Лигата на нации и гостува на силната селекција на Шкотска.Во претходните 4 кола црвено жолтите се без постигнат гол и освооен бод, поради што нашите најдобри фудбалер вечерва и посакуваат да ја прекинат оваа лоша серија во Лигата на нации. Предводникот на нашиот национален тим, Гоце Седлоски посакува подобро издание на Македонија и прекин на негативната резултатска серија во ова натпреварување. „Следниот меч е голем меч, со една силна Шкотска. Знаеме со какви играчи располага. Игравме пред еден месец со овој ривал во Скопје и успеа да не победи. Свесни сме за грешките и мора да ги поправиме. Во изминатите три дена трениравме, имаме одлична атмосфера. Играчите се фокусирани и мотивирани. Се надевам дека она што го работевме ќе го покажат и на теренот. Сакам да видам верба, тактички добро да стоиме и да одиграме добар натпревар. Резултатите се такви какви што се, свесни сме и ние и играчите, но се надевам дека со мечот против Шкотска ќе излеземе од негативната серија. Против себе ќе имаме силен ривал, кој го доби Мектоминеј како повратник. Мора да играме храбро, играчите да уживаат и да не се плашиме. Драго ми е што сите репрезентативци добиваат минутажа во клубовите и се надевам дека ќе продолжат и понатаму така“, изјави Седлоски. Матеј Гаштаров е еден од младите фудбалери во македонската репрезентација во овој циклус од Лигата на нациите. Фудбалерот на Црвена Звезда се надева дека ќе стигнеме до позитивен резултат против Шкотска на „Хампден парк“. „Кога го носиме дресот на Македонија, мислам дека не треба да бараме посебна мотивација, затоа што самото тоа што сме во А-репрезентацијата ја носи мотивацијата. Играме против голема Шкотска, која има квалитетни играчи, но и ние имаме свои имиња кои се во многу добра форма. Ќе излеземе на теренот да дадеме се од себе и да уживаме. За мене, во дваесет дена ми се смени целиот живот и ова е нешто ново. Гледам кога ќе излезам на теренот да уживам. Играв против многу големи играчи и големи репрезентации, немам притисок и гледам да уживам во моментот“, изјави Гаштаров. По четири кола води Швајцарија со 12 бода, а потоа се Словенија со седум, Шкотска со четири и Македонија без бодови. Во лигата Б, победниците на групите ќе се пласираат во лигата А, второпласираните ќе играат плејоф за пласман во највисокото ниво на Лигата на нациите, третопласираните ќе опстанат во лигата Б и ќе ја завршат сезоната, а четвртопласираните ќе настапат во плејофот за опстанок во лигата Б, против второпласирана селекција од групите во лигата Ц.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
СветТрамп: Сакам да го решам прашањето за Куба пред да си заминам, не ја исклучувам воената опција.Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека сака да го „реши прашањето за Куба“ пред да ја напушти функцијата и додаде дека неговата администрација „многу внимателно ја следи ситуацијата“. Американскиот претседател го кажа ова во разговор со конзервативниот радио-водител Хју Хјуит. Трамп ја опиша Куба како пропадната држава. „Многу внимателно ги следиме; ситуацијата е многу лоша. Тоа е, во суштина, пропаднато место, нација – како и да сакате да го наречете“, изјави тој. Трамп истакна дека добил силна поддршка од гласачите со кубанско потекло на Флорида. „Би сакал да можам да направам нешто за тие луѓе – за Кубанците кои дојдоа овде откако таму се однесуваа многу лошо кон нив“, рече тој. Тој додаде дека државниот секретар Марко Рубио, чии родители се од Куба, „со задоволство би го направил тоа“. „Би ја разгледал воената опција“ На прашањето дали би употребил воена сила за да ја ослободи Куба од нејзиниот комунистички режим, претседателот одговори дека „секако би ја разгледал таа опција“. Трамп и во неколку претходни наврати навестуваше можна интервенција. Претходно оваа недела, тој изјави дека верува оти Куба „наскоро ќе падне“. „Куба се распаѓа. Тоа е земја што не функционира. Тие имаат идеологија многу слична на онаа што ја застапуваат Демократите. Тоа е комунистичка, социјалистичка земја – всушност, сè од тоа во едно“, рече тој на брифинг за новинари во понеделникот. Трамп го изјави ова одговарајќи на прашањето дали сè уште планира да ја преземе Куба, додавајќи дека САД ќе ѝ помогнат на Куба „на хуманитарна основа“. За време на Генералното собрание на Обединетите нации во септември, Трамп изјави дека САД бараат „фундаментална промена“ на островот. Во март, пак, тој наведе дека верува оти ќе ја има „честа“ да ја преземе Куба. „Мислам дека можам да правам што сакам со неа. Без разлика дали ќе ја ослободам или ќе ја преземам, мислам дека можам да правам што сакам“, им рече тој тогаш на новинарите. На почетокот на овој месец, администрацијата на Трамп најави нов пакет санкции против Куба. Мерките се насочени кон 10 поединци и субјекти поврзани со кубанската влада, војската и нафтената индустрија.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалИталија подобра од светскиот вицешампион Франција во дербито од Лигата на нацииИталијанските фудбалери ја победија, силната Франција на дербито во Милано со резултат 3:1, во натпреварот од 5. коло на дивизијата А во Лигата на нации. Италијанските фудбалери ја победија, силната Франција на дербито во Милано со резултат 3:1, воФранција подобро го отвори дербито и поведе уште во воведниот дел од средбата со 0-1. Олисе ја казни големата грешка на капитенот на домаќините голманот Џанлуиџи Донарума, кој практично му ја подари топката на противникот, Олисе ја искористи можноста и со прецизен удар ја погоди малата мрежаза водство од 1-0. Сепак избраниците на Манчини брзо се вратија во натпреварот. Пио Еспозито се најде на вистинското место по добрата акција на Николо Камбијаги и ја затресе мрежата за 1:1.Тоа беше и резулатот на првите 45 минути. Италија набрзо доби шанса да го сврти резултатот од пенал. Мало Густо го собори Камбијаџи во шеснаесетникот, но Себастијано Еспозито лошо го изведе ударот и ја испрати топката високо над голот. Ова промашување не ги поколеба домаќините. Италијанците продолжија со нападите, а влегувањето во игра на Федерико Димарко се покажа како полн погодок. Неговиот центаршут го пронајде Давиде Фратези, кој погоди за 2:1 и им донесе водство на „Аѕурите“. Пио Еспозито им го зададе конечниот удар на Французите. Дајо Упамекано направи пенал врз Антонио Вергара, а младиот италијански напаѓач беше сигурен од белата точка и го постави конечниот резултат од 3:1. На тој начин, Италија освои важни бодови и го презеде врвот во групата А1, со што се доближи до пласман на завршниот турнир во Лигата на нации. Франција, пак, пропушти можност да ја задржи контролата врз сопствената судбина во борбата за натамошен пласман.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook