По 15 секунди е нокаутиран боксер, тежок 178 килограми (ВИДЕО)

Руските организации за боречки вештини често ги одржуваат најбизарните можни борби, а неодамна се одржала една необична и траела само 15 секунди.

Бил организиран боксерски меч меѓу 178 килограми тешкиот Денис Вилданов, познат како Големиот тато и 70 килограми полесниот Макс Шчербаков.

Ова било реприза од минатогодишната борба кога Вилданов славеше со нокаут во првата рунда, а интересно е што тогаш беше уште потежок, имал дури 200 килограми.

Една година подоцна Вилданов е послаб, но овојпат килограмите не му помогнаа. Првиот удар во главата го испрати на подот од каде што веќе не стана.

Левица: Тупанчески молчи за организираната параполиција на СДС за Илинден

Скандалозен е молкот и немањето реакција на министерот за правда, Никола Тупанчески, за насилничкото и противуставно организирање на затворската полиција, заради штитење на врхушката на СДС. 

Левица денес објавува уште двајца припадници на затворска полиција од КПУ Идризово, кои надвор од законските овластувања, даваа насоки на полицајците при инцидентите на илинденската манифестација.

Се работи за Драган Ѓуриќ и Љупчо Кузмановски, кои се заеднички сликани со директорот на затворот на Шутка, Филип Андонов, за кого Левица претходно побара одговорност.

Ваквото координирано и заедничко делување на затворската полиција укажува на тоа дека се работи за организирана акција од директорите на казнено-поправните установи, а по директива на окупационата влада на СДС.

До кога министерот Тупанчески ќе го штити незаконското и насилничко делување на директорот на затворот во Шутка - Филип Андонов и директорот на КПУ Идризово - Шпенд Тахири, кои затворската полиција ја претворија во параполициска банда која малтретира обични граѓани?

До кога министерот Тупанчески ќе ги толерира манипулациите на директорот на Управата за извршување санкции, Марјан Спасовски - според кого немало организирано делување на затворската полиција, спротивно на фактите изнесени во јавноста?

Правниот сектор на Левица подготви соодветни претставки и тужби против сите лица за кои има сознанија дека биле дел од ваквата насилничка структура и ќе побара нивно санкционирање.

Очигледно е дека и новиот кадар на СДС, како што беше презентиран Тупанчески, нема капацитет да излезе од антидржавното и бандитското делување на оваа партија, која државата и нејзините институции ги уништи и претвори во партиска сопственост.

Политичка партија Левица

ВМРО-ДПМНЕ: „Агенцијата за вработување СДСМ-ДУИ“ објавува оглас за образовни асистенти...

ВМРО-ДПМНЕ: „Агенцијата за вработување СДСМ-ДУИ“ објавува оглас за образовни асистенти спротивно на Закон.

Почитувани,

Објавен е „Јавен оглас за вработување на 200 стручни соработници-приправници - образовни асистенти за ученици со попреченост во основно образование“.

Во огласот, во посебни услови за кандидатите пишува дека кандидатите може да имаат образование за специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог, НО и лице што ги исполнува условите за наставник во одделенска настава и наставник во предметна настава.

Република Македонија има Закон за наставници и стручни соработници во кој јасно се разграничени компетенциите на едните и другите од што произлегува дека огласот е во спротивност на законот.

Значи ли тоа дека во некој иден закон сите ќе бидат воспитно-образовни работници со најразлични компетенции и бараме Власта да објасни како во иднина со измешани компетенции ќе ги разграничи овие 2 групи на професионалци?

Претпоставуваме дека оправдувањето ќе биде дека во недостаток на стручни соработници за работно место „образовен асистент“ неспособната Влада ги вклучува и наставниците.

Лага како и секогаш за својата неспособност да ја прикријат со хумано дело.

Вистината е дека се ближат избори и дека на „Агенцијата за вработување со име СДСМ и ДУИ“ им треба гласачка армија. Тоа што штетата отпосле ќе треба да се поправа нив не ги интересира.

После сѐ да не бидеме погрешно разбрани, на децата со попреченост им требаат асистенти и треба да ги добијат, ама Владата да се потруди и законите да ги почитува!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Учениците ќе учат од соодветни материјали доколку доцнат учебниците по новите програми

Во тек е постапка за избор на економски оператор за печатење и дистрибуција на учебниците по предметите во основно образование за кои Бирото за развој на образованието подготви нови наставни програми.

Согласно Концепцијата која МОН ја усвои минатата година, тие се воведуваат етапно – лани за прво и четврто одделение, а во учебната 2022/2023 по нови наставни програми ќе учат учениците од второ и петто одделение.

Од МОН за МИА велат дека во различна завршна фаза се постапките за одобрување на учебниците за кои се изготвени нови наставни програми, така што, доколку постапките се пролонгираат и по стартот на учебната година, учениците ќе го совладуваат знаењето од подготвени соодветни материјали додека ги добијат новите учебници.

– На анонимниот конкурс дел од ракописите се избрани, но има и такви кои се со забелешки од рецензентските комисии и тие треба да претрпат одредени измени/дополнувања. Откако авторот/авторите ќе ги имплементираат, ракописот со измените повторно се враќа кај рецензентите заради констатирање на измената, информираат од МОН.

Согласно Концепцијата за основно образование, освен во печатен, учебниците од четврто и погорните одделенија ќе бидат достапни и во дигитален формат на порталот e-ucebnici.mon.gov.mk.

притисни ентер