По 13 години молк, заѕвонеа камбаните на „Св. Константин и Елена” - Канал 5

По 13 години молк, заѕвонеа камбаните на „Св. Константин и Елена”

Вчера, пробно, се слушна ѕвонот на црковните кабани на улица „Македонија”.

По 13 години молк, заѕвонеа камбаните на „Св. Константин и Елена”

Историјата на „Св. Константин и Елена“ како да се повторува низ вековите. Нејзината изградба започнала во 1909 но сепак, заради турбулентните години кои следувале на Балканот, истата е завршена во 1919 година, а осветена во 1926 година.

Првобитно, возобновување било замислено црквата да се гради на неколку метри од старите темели, односно на самиот плоштад „Македонија“ во Скопје. Но, по бурните реакции и несогласувања на муслиманите и атеистите, локацијата беше преместена непосредно до „Домот на АРМ” и недалеку од автентичното место на скопскиот плоштад. Осветувањето на темелите беше извршено на 11 ноември 2012.

Камен-темелникот е поставен на 11 ноември 2012 година, а нејзиното градење се уште не е завршено.

Ѕвоната на „Св. Константин и Елена“ се осветени 2015 година а нивниот ѕвон, за прв пат, го слушнавме вчера, 27.05.2025. Има вкупно 12 камбани, од кои, најголемата камбана е со тежина од 8,5 тони, а втората и третата камбана тежат 3,5 и 2,3 тони. Камбанеријата на оваа црква е излеана во Австрија а сетот ѕвона е изработен од руски проектант.

Проја со блитва

Блитвата ѝ дава на пројата не само убав вкус, туку и прекрасен изглед.

Проја со блитва

Состојки:

4 јајца

100 грама крем сирење

150 мл масло

150 мл млеко

150 мл минерална вода

1 чаша (200 мл) пченкарно брашно

1 чаша бело брашно

1 чаша пченкарен гриз (пaлента)

1 прашок за пециво

сол

300-400 грама бланширана блитва

150 грама рендано сирење

Подготовка:

Изблендирајте ги јајцата со крем сирењето со миксер, додадете го маслото, млекото и минералната вода и на крај сувите состојки и солта. Соединете сè, потоа додадете ги блитвата и сирењето и измешајте. Истурете ја смесата во плех за печење со димензии 20x30 см обложен со хартија за печење. Печете на 180° 30-40 минути додека пројата не ја добие бојата како на сликата. Исечете ја малку изладената проја во посакуваните форми и консумирајте ја. Чаша млеко или јогурт ќе биде убава со оваа проја..

Сервирање:

Лесен ручек или вечера без месо. Пројата е подеднакво вкусна топла или ладна. Значи, можеме да ја носиме на работа или на патување.

Наместо крем сирење, можете да користите урда, а наместо блитва, спанаќ.

Голем пожар синоќа зафати неколку куќи во скопско Злокуќани

Голем пожар се случи синоќа во Злокуќани во општина Карпош, на улицата „Скупи“, при што беа зафатени неколку куќи.

Голем пожар синоќа зафати неколку куќи во скопско Злокуќани

Нема сериозно повредени во пожарот, освен неколкумина кои вдишиле чад.

На местото на опожарените домови е Здравко Димитров.

Здравко повели со информациите колку куќи беа зафатени од пожарот ?

Целиот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Во мај 469 одобренија за градење од кои 255 за високоградба, планирани 1 037 станови

Во  мај годинава се издадени  469  одобренија за градење, што е за  80.4  проценти повеќе во однос на мај лани, објави Државниот завод за статистика.

Во мај 469 одобренија за градење од кои 255 за високоградба, планирани 1 037 станови

Во Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 146, по што следуваат Скопскиот, 86, Вардарскиот, 84, Југоисточниот, 67, Југозападниот, 32, Пелагонискиот, 26, Источниот регон, 22. Во Североисточниот регион има најмалку одбреија, шест.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 868 401 000 денари, што е за 34,1 процент повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Најголем број од издадените одобренија, 255 (54,4 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 110 (23,5 проценти) се за реконструкција, а 104 (22,2 проценти) за нискоградба. На 232 (49,5 проценти) инвеститори се физички лица, а на 237(50,5 проценти) деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 1 037 станови со вкупна корисна површина од 90 813 метри квадратни. Од вкупниот број станови, во Скопскиот регон се 441, во Полошкиот 295, во Југоисточниот и во Вардарскиот по 120, во Југозападниот 39, ..

притисни ентер