По 11 години брак ја дознала шокантната вистина за својот сопруг - Канал 5

По 11 години брак ја дознала шокантната вистина за својот сопруг

Откако добила пошта од неговата бивша жена, клопчето почнало да се одмотува...

По 11 години брак ја дознала шокантната вистина за својот сопруг

Оваа жена на сопствена кожа почувствувала како изгледа кога партнерот ќе се вплетка во лаги.

Годините брак не се пресудни за опстанокот на брачната заедница. Можеби звучи незрело, но во пракса се покажало дека луѓето во своите педесетти и понатаму ги лажат и изневеруваат своите партнери. Една 55-годишна жена иако е 11 години брак со својот 57-годишен сопруг неодамна открила бројни негови тајни.

-И на двајцата ова ни е втор брак. Се запознавме во средината на четириесеттите, што значи дека воопшто не бевме млади, и можевме рационално да донесуваме одлуки. Кога го запознав, имаше 46 години и би рекла дека тоа се навистина зрели години. Уште кога се забавувавме, неговите приказни беа чудни. На пример, кога многу доцнеше на состанокот или ако воопшто не се појавеше, имаше бизарни објаснувања. Ми кажуваше како му помогнал на случаен минувач да го запали расипаниот автомобил, или се јавил и чекал шлеп-служба со соседот, или спасил мачка што била повредена од автомобил на пат. Му простував, иако никогаш не ми беше јасно дали е тоа лага или вистина - ја започнува својата исповед оваа жена за која пишуваше британски Сан.

Лагите на овој човек со текот на времето станувале сè поголеми и поголеми. Честопати знаел да се пошегува на сметка на тоа дека има друга жена и уште едно семејство, и наводно, поради тоа тешко му било да постигне сè.

-Верував дека никогаш немал друга жена покрај мене, инаку не би зборувал гласно за тоа, но поштата што пристигна од соседниот град ме запрепасти. Неговата поранешна сопруга го тужела за неплатена алиментација за дури три деца. Не ми се верува дека во 11 години брак никогаш не спомнал дека има... не едно, туку три деца. Исто така, вадеше документи за неговиот работен стаж и сфатив дека никогаш не работел како полицаец, како што зборуваше отсекогаш. Бев распаметена! Кога се соочив со него, тој сè сврте на шега, но јас копнеам да ја знам вистината. Исто така, не знам дали можам да му верувам после сè, не знам што е вистина, а што лага во целиот наш брак – се пожалила оваа жена.

Имаше доста коментари со поддршка под нејзината исповед.

-Страшно е тоа што во средината на шестата деценија и после цела деценија брак дознавате дека вашиот сопруг има три деца и дека без причина ве лажел за работата. Богзнае уште што сè сокрил.

-Мене дури сега овие приказни за двојно семејство ми имаат смисла!

- Повторно соочете се со него кога ќе бидете сигурна дека има време и ќе не може да ве излаже, не двоумете се заедно да отидете кај брачен советник, прашање е дали после сето ова вашата врска може да успее, има премногу тајни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Татко во Црна Гора го прегазил синот, сведочел дека детето паднало од покрив и починало

22 годишен маж во Беране Црна Гора е уапсен од полицијата откако лажно сведочел дека неговото дете паднало од помошен монтажен објект и починало.

Татко во Црна Гора го прегазил синот, сведочел дека детето паднало од покрив и починало

Полицијата била известена дека детето било донесено во здравствена установа каде била констатирана само смрт. Докторите повикале полиција и за случајот бил известен јавен обвинител каде побарал обдукција на телото на детето. Инспекторите се посомневале во исказот на таткото каде детално го обработиле местото на несреќата, и бил даден автомобилот на 22 годишниот маж на вештачење. „Според собраните информации, утврдено е дека таткото на детето, како што се верува, додека излегувал од гаражата со својот автомобил, го удрил детето, поради што починало“, соопшти црногорската полиција..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојчевски: Штип вчера остана без вода - бунарите уништени поради неспособноста на ВМРО-ОКГ и Иван Јорданов

Вчера граѓаните на Штип повторно беа без вода за пиење, на 40 степени.

Стојчевски: Штип вчера остана без вода - бунарите уништени поради неспособноста на ВМРО-ОКГ и Иван Јорданов

Резултат на неспособноста на ВМРО-ОКГ и градоначалникот Иван Јорданов.

Поради мало невреме, хидросистемот Злетовица не беше во функција. Единствената опција за вода во Штип.

Во 21 век Штип и штипјани зависат од едно невреме дали ќе имаат вода или не.

Штипските бунари кои функционираа половина век, над 50 години се запуштени.

СДСМ со години апелираше дека штипските бунари коишто треба да бидат алтернативен избор за водоснабдување, не смеат да се остават уништени, како што ги уништи ВМРО.

Иван Јорданов и ВМРО-ОКГ се фатија за парк од 120 милиони денари ⁠наместо да ги стават во функција.

СДСМ и во советот на Штип имаше многу иницијативи, предлози, конкретни мерки.

Но Иван Јорданов и ВМРО-ОКГ ги оставија штипјани во милост и немилост само заради свои бизниси интереси и провизии.

Секогаш кога е ВМРО во прашање за нив најважни се бизнисите, а не граѓаните.

Проблемот со водата не е само локален во Штип, со ВМРО-ОКГ во над 50 населени места ширум Македонија, водата не е безбедна, во Гостивар над 5.000 луѓе беа отруени.

За хаосот со водоснабдувањето мора да има одговорност.

Македонија не смее да биде држава во која во 21 век граѓаните се плашат да се напијат чаша вода од чешма.

YouTube video

Прес-конференција на Трајче Стојчевски, претседател на СДММ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ги утврди новите малопродажни цени на нафтените деривати, кои ќе стапат во сила од полноќ.

Денеска нови цени на горивата

Одлуката ќе покаже дали граѓаните во наредните денови ќе плаќаат помалку или повеќе за гориво. Според последната одлука на Регулаторна која е во сила од претходниот понеделник, бензинот супер БС 95 се продава по цена од 93 денари за литар, 98ка за 95 денари по литар и дизелот се точи по цена од 101, 5 денари по литар. Оваа пресметка на Регулаторна беше направена со намелените акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер