По 100.000 евра за брачен пар што ќе живее во село - Канал 5

По 100.000 евра за брачен пар што ќе живее во село

До сто илјади евра ќе можат да добијат младите брачни парови кои ќе одлучат да се вратат на село. Ваква мерка планира владата, со цел да ги заживее напуштените места во Македонија. 

По 100.000 евра за брачен пар што ќе живее во село

Новиот закон за земјоделство и рурален развој е веќе објавен на ЕНЕР и до 28 мај ќе биде на увид на јавноста, а за 2 јуни е планирана и јавна расправа.

Финансиската помош е планирано да им помогне за изградба или реконструкција на објекти, за купување земјоделска механизација, земјоделско земјиште или добиток, а главен услов да ја добијат оваа поддршка е да не се постари од 40 години, да се занимаваат со земјоделска дејност и да живеат во руралната средина во рамки на семејното земјоделско стопанство во наредните 10 години. Доколку младиот брачен пар не го исполни условот да живее и да работи на село 10 години ќе треба да го врати целиот износ на дадената поддршка.

„Финансиската поддршка изнесува 80% од вредноста на прифатливи и направени трошоци, најмногу до 6.000.000 денари по брачен пар. Периодот на користење на поддршката е проектен циклус во траење од 3 последователни години. Поддршката се реализира преку одобрен деловен план од страна на Агенцијата“, се наведува во членот 138 од предложениот текст на законот,-- Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Исто толку пари ќе може да добијат и младите на возраст до 40 години, кои ќе отворат бизнис поврзан со земјоделството или шумарството, а поддршка со 20.000 евра ќе добијат и млади земјоделци кои ќе почнат земјоделска дејност, како и активни женски членови на земјоделско семејство и за развој на микропретпријатија, воведување иновативни практики и воведување нови економски дејности на село.

Според Апостол Симевски, од Државниот завод за статистика, мерката е дорба, но финансиската помош сама по себе не е доволна. За да убедат младите да се вратат на село, вели, потребни се и други услови за живот..

Според последниот попис од 2021, во земјава има околу 1.800 насление места, но од нив 205 се целосно празни, 684 се со помалку од 100 жители, додека 218 населени места се со помалку од 10 жители.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. 

Променливо облачно со повремен дожд и грмежи

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 литри на метар квадратен), електрични празнења, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 27 степени.

– Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. В сабота и в понеделник повторно се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локално невреме – најави УХМР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 4. јуни 2026 година

Дневен хороскоп за четврток, 4. јуни 2026 година. 

Дневен хороскоп за 4. јуни 2026 година

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе копнеете консвојот љубовен идеал, но како што ќе минува денот , така ќе бидете свесни дека тој е далеку од вас.

Кариера

Ќе чувствувате преодна потреба да се повлечете , па ако е некако можно ќе се обидете да делувате од сенка.

Здравје и совет

Грижите што ќе се појават се обична илузија.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Доколку излезете, има голема веројатностубаво да си поминете. Сепак , внимавајте што зборувате за да не направите збрка.

Кариера

На работното место нема да бидете кој знае колку ангажирани. Се ќе одработите рутински и ќе ви недостига мотив.

Здравје и совет

Вежбајте јога за подобра концентрација.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

На моменти ќе имате потреба да пресечете и да избегнете некои напори или мали проблеми во врската, но тоа нема да биде потребно. Се е во ред.

Кариера

Мали недоразбирања во односите со соработниците ќе имаат преоден карактер, па не им придавајте значење.

Здравје и совет

Останете мирни.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Вашиот партнер ќе покажува потреба за повеќе нежности , па без проблеми ќе го направите тоа. Добро е.

Кариера

Повремено во главата ќе си ги анализирате претходните работни денови и предизвиците што сте успеале да ги совладате. Потоа ќе се опуштите.

Здравје и совет

Вежбајте на отворено.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе имате потреба да ги покажете своите емоции и ќе ја доживеете саканата личност на нов начин. Ќе има малку немир ,но врската е во ред.

Кариера

Ве очекува непромиослено однесување на вашите надредени , поради што ќе се чувствувате повредени.

Здравје и совет

Не ги земајте работите при срце. Ќе помине.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Денеска наоѓате вистински начин некому да ги покажете своите чувства , било да станува збор за погледи или само за зборови.

Кариера

Поради добро завршената работа , некои денеска би биле малку под заштита и пуштени дома пред крајот на работното време.

Здравје и совет

Имате право да уживате.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашиот стил на забава надалеку е познат по оригиналноста. Денеска дури и ќе претерате.

Кариера

Можно е дека ќе изјавите нешто што ќе повреди некого од вашите колеги. Затоа контролирајте си го јазикот.

Здравје и совет

Бидете умерени.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Денот е идеален за да останете дома , било во двојка или сами. Многумина нема да сакаат да излезат со друштво.

Кариера

Со олеснување ќе го прифатите фактот дека се наближува викендот. Тоа ќе ви ги олесни работните часови.

Здравје и совет

Наспијте се добро.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Некои денеска би можеле да се покажат како вистински сонувачи. Ќе сонуваат за љубовта што ја нема или ќе ги малтретираат другите со такви приказни.

Кариера

Кога ќе ги сведете сите сметки , ќе видите дека има нови трошоци , но и нови добивки. Пак сте на исто , не се нервирајте.

Здравје и совет

Одморете се.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ќе дојде до мало подобрување на вашите лични односи, но и натаму тешко ќе наоѓате вистински зборови во комуникацијата со партнерот.

Кариера

За да ги ослободите новите идеи , поврзете се со младите соработници . Тие ќе ви помогнат за да се изразите.

Здравје и совет

Следете ги своите сништа.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Повторно ќе најдете рамнотежа во личните односи . На некои во тоа ќе им помогнат пријателите. Саканата личност сепак ве сака.

Кариера

На работното место ќе чувствувате мир и стабилност. Тајните остануваат за некој друг да ги решава.

Здравје и совет

Продолжете да го градите започнатото.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Веројатно ќе ја споите саканата личност со друштвото и така ќе минете една убава вечер или попладне.

Кариера

Веќе ништо поврзано со работата нема да ве загрижува. Вашите задачи ви се целосно јасни и тоа ви е доволно.

Здравје и совет

Вежбајте гимнастика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитар Ковачевски во „Само интервју“

Почитувани, вечерва во Само Интервју ќе гостува поранешниот премиер од СДСМ, Димитар Ковачевски.

Димитар Ковачевски во „Само интервју“

4 години откако неговата влада го прифати францускиот предлог, Македонија тапка во место – Кошта порача - договореното мора да се исполни – ќе го отвори ли тоа патот кон членство во ЕУ или ќе биде вовед во бесконечни бугарски барања? Зошто првично НЕ во Брисел, стана ДА во Скопје?

Какви сценарија се правеле во кабинетот на Пендаровски и дали Груевски бил џокерот на власта за 2/3 мнозинство?

По поразот си даде оставка во СДСМ, но колку новото раководство успеа да ја консолидира партијата во овие 2 години?

Научивме ли нешто од енергетската криза во 2022 и колку успешно се справуваме со сегашната?

Вечерва во Само Интервју кај Гоце Михајлоски гостува екс-премиерот Димитар Ковачевски, веднаш по централните вести.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер