МакедонијаПо 10 години голгота, Перица Путевски доби достоинствен покрив над глава во државната геријатрија „13 Ноември“„Вие да сте ми живи, вие што ме усреќивте, што ми дадовте живот, да веруваш во нешто!“Вака, со очи полни надеж и искрена благодарност, шеесет и седумгодишниот чичко Перица Путевски раскажува за своите желби откако конечно после десет години минати во тесните и распаднати ѕидови на урнисаниот дом „Ранка Милановиќ“ има достоинствени услови за живот и својата постела повеќе не ја дели со стаорци. По сторијата на Канал 5, по околу три недели социјалните служби го пренесоа од „Ранка Милановиќ“ во Специјализираната геријатриска болница „13 Ноември“ во Ѓорче. Чичко Перица се уште се адаптира на новата средина, но вели никогаш претходно никој не му дал надеж дека ќе дојде денот кога ќе спие во чисто и дека некој ќе се грижи за него. Неспоредливо е, како живеев пред пет дена и каде сум сега, раскажува чичко Перица. -Споредба нема, нема тежина на тој живот и овој. Голема е разликата. А како велевте, кому му е гајле за мене? А, сега? Сега ептен е подруго, и не треба само за мене, има многу луѓе како мене, не само од Скопје и во Македонија. Овој дом, не знам дали има ваков дом тука во Македонија друг ваков. Вакви домови треба да има стално. Сестрите се прва лига. Алал да им е. Како тим се многу фини. И услужни се.- Перица Путевски Чичко Перица вели дека е среќен тука, но се уште во мислите му се неговите соседи со кои ги минал изминатите 10 години во „Ранка Милановиќ“. Вели, тука сега е тивко и го нема џагорот на децата кои трчаа низ ходниците тресејќи ги рападнатите ѕидови. Условите за живот беа мизерни, раскажува чичко Перица, ама му недостигаат децата со кои до пред неколку дена живеел под ист кров и посакува сите околу 80 луѓе од „Ранка Милановиќ“ да добијат нова шанса, како него. -Таму се живееше во заедница, сите бевме „еден за сите“. Сега малку мрднаа и тие, ги терав јас во школо да се однесат децата. Значи Ви недостигаат? Да, како не. - Перица Путевски Заменик Министерот за социјална политика Гоќо Велковски вели дека има акциски план и дека ќе се градат социјални „типски“ куќи за луѓето од „Ранка Милановиќ“, а во меѓувреме останува опцијата тие да бидат пренесени во Центарот за бездомни лица во Чичино Село. Конкретно за чичко Перица од Министерството велат дека Геријатрија е привремено решение бидејќи тој има потреба од здравствена грижа, бидејќи не се движи и има болки во нозете. Во меѓувреме, тој треба да добие и лична карта со која ќе може да дојде и до финансиска социјална помош. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Се соблече најубавата водителкаЕлеонора Инкардона, заштитното лице на спортската платформа „DAZN“ – која публиката често има можност да ја види за време на преносите на натпреварите од Серија А – сподели неколку фотографии од својот одмор на социјалните мрежи.Атрактивната водителка покажа делови од своето секојдневие надвор од телевизиското студио – од времето поминато покрај базенот и шетањето на кучето, до тренинзите, дружењето и уживањето во локалните специјалитети. „Мало бегство, токму она што ми требаше“, напиша Елеонора Инкардона покрај секси фотографии во бикини. Најголемата популарност ја стекна токму преку ангажманот на „DAZN“, каде што ги следи натпреварите од Серија А и големите фудбалски настани. Паралелно со телевизиската работа, таа изгради и голема публика на социјалните мрежи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Меган Фокс непрепознатливаЕдна од најубавите актерки во Холивуд, атрактивната Меган Фокс веќе неколку месеци изненадува со својот изглед. Видео на филмската платформа Letterboxd, во кое актерката Меган Фокс и режисерката Кери Кусама ги препорачуваат своите омилени филмови, предизвика низа реакции на социјалните мрежи. Многу од нив се однесуваа на физичкиот изглед на 40-годишната актерка. Иако снимката беше објавена во почетокот на октомври 2026 година, средбата била снимена уште во октомври 2025 година, за време на специјална проекција на филмот „Jennifer's Body“ во Музејот на филмската уметност на Академијата во Лос Анџелес. Во видеото, Фокс издвојува наслови како „Braveheart“, „The Lion King“ и „Ninja Turtles II“, како и филмскиот серијал за Хари Потер. ''Megan Fox'': Por la caripa que le quedó despues de tantas operaciones https://t.co/TceVR3CSNe — Es tendencia en 𝕏 (@EsTendenciaEnX) October 8, 2026 Сепак, откако некои корисници во коментарите заклучија дека актерката е непрепознатлива и почнаа да шпекулираат за можни естетски зафати, платформата Letterboxd ја оневозможи опцијата за коментирање на објавите на својот официјален профил на Инстаграм. „Што се случи со Меган Фокс што сите ја знаевме? Боже, таа се уништи себеси...“, „Меган Фокс како Џигсо за Ноќта на вештерките“, „Изгледа како член на семејството Адамс“, „Целосно си го уништи лицето. Каква штета“ – беа само дел од коментарите. Дел од јавноста застана во одбрана на актерката, истакнувајќи дека видеото е снимено осум месеци откако таа го родила своето четврто дете, како и дека периодот по породувањето носи природни промени во изгледот. Некои укажаа и на можното влијание на осветлувањето и шминката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамКако Џеф Безос го убеди „Ферари“ да го направи својот прв електричен автомобилНа една конференција, шефот на Ферари раскажа дека Џеф Безос му рекол оти не знае многу за автомобили, но знае многу за иновации, како и дека Ferrari треба сериозно да размисли за електричните возила.Претседателот на Ферари, Џон Елкан, откри дека разговорот од 2016 година со основачот на Амазон, Џеф Безос, одиграл клучна улога во одлуката на италијанската компанија сериозно да го разгледа развојот на електричен автомобил. На конференцијата, Елкан сподели дека Безос тогаш му рекол оти не знае многу за автомобили, но знае многу за иновации, и дека Ферари треба сериозно да размисли за електричните возила. Десет години подоцна, Ферари го претстави моделот „Luce“ – подготвен за сериско производство и прв целосно електричен модел на компанијата. „Luce“ предизвика значителни реакции, не само поради својот електричен погон, туку и поради дизајнот. Надворешниот и внатрешниот дизајн беа развиени од студиото „LoveFrom“, во чиј тим е вклучен и поранешниот дизајнер на Apple, Џони Ајв. Сепак, Ферари истакнува дека Luce останува верен на наследството на брендот во поглед на перформансите. Автомобилот располага со четири електромотори кои испорачуваат вкупна моќност од 1.050 КС и забрзува од 0 до 100 км/ч за само 2,5 секунди. Батеријата со капацитет од 122 kWh овозможува деклариран досег од 530 км – што е донекаде скромна бројка со оглед на големината на батеријата. Цената е исто така нетипична за електрични автомобили. „Ferrari Luce“ чини околу 550.000 евра во Европа, а се очекува цената во САД да биде приближно иста. Џон Елкан нагласува дека Ferrari немал намера да создаде контроверзен автомобил; напротив, разговорот со Безос ја зацврстил убеденоста на компанијата дека треба да ја прифати електрификацијата, пренесува b92.Тагови: ферари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook