ПМФЛ: Вардар го доби Работнички во градското дерби - Канал 5

ПМФЛ: Вардар го доби Работнички во градското дерби

Фудбалерите на Вардар запишаа гостинска победа во градското дерби против Работнички од 0-1 (0-0) во рамките на претпоследното коло во Првата Македонска Фудбалска Лига (ПМФЛ). 

ПМФЛ: Вардар го доби Работнички во градското дерби

Средбата се одигра на теренот „Петар Милошевски“ при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), а единствениот гол го постигна Горан Закариќ од пенал.

„Црвено-црните“ по денешната победа имаат 42 бода на првенствената табела и се петтопласирани, додека Работнички има 56 и веќе е сигурен на третото место.

Резултати од ПМФЛ, 32. коло:

Работнички - Вардар 0-1

Силекс - Пелистер 0-0

Шкупи - Тиквеш1-1

Струга ТЛ – АП Брера 1-1

Беса – Воска Спорт 3-0 (службено)

Гостивар – Шкендија 0-3 (службено).

Симеоне сака Атлетико да го ангажира Ромеро од Тотенхем

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, изјави дека клубот сака да го ангажира фудбалерот на Тотенхем, Кристијан Ромеро.

Симеоне сака Атлетико да го ангажира Ромеро од Тотенхем

- Дали го сакам Ромеро? Секако! Тој е одличен играч, изјави Симеоне за шпанските медиуми.

Дваесет и седумгодишниот Ромеро има уште две години од договорот со Тотенхем. Минатата сезона тој одигра 26 натпревари, постигна еден гол и две асистенции.

Атлетико Мадрид во моментов се наоѓа во САД на Светското клупско првенство. Во првото коло, Атлетико беше убедливо поразен (0:4) од Пари Сен-Жермен.

Шварценегер: Имигрантите во САД се гости

Поранешниот гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер вчера имаше мал „судир“ со водителките на американската емисија „Поглед“ (The View), откако  изјави дека доселениците во САД треба „да се однесуваат како гости“.

Шварценегер: Имигрантите во САД се гости

Поранешниот гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер вчера имаше мал „судир“ со водителките на американската емисија „Поглед“ (The View), откако изјави дека доселениците во САД треба „да се однесуваат како гости“ и да вложат максимални напори за да ѝ се оддолжат на земјата.

- Клучната работа, во истовреме, е тоа што мораме да ги правиме работите законски! Тоа е најважното, знаете!?, додаде тој.

Во разговорот за тоа како Шварценегер би се справил со сегашната состојба со немирите во Калифорнија доколку сè уште беше гувернер, водителката Џој Бехар истакна дека во еден миг и самиот австриско-американски глумец бил имигрант. Шварценегер одговори дека „имал големо искуство со доселувањето и останува благодарен за животот што го имал во Америка“... Но, исто така, тој додаде дека имиграцијата треба да се случува на „вистинскиот начин“, пренесува „Јаху ентертејнмент“ (Yahoo Entertainment).

- Треба да ги правите тие работи според прописите. А оние луѓе кои прават нелегални работи во Америка - тие се странците, тие не се паметни. Бидејќи, кога ќе дојдете во Америка, Вие сте гости. И треба да се однесувате како гости... Како кога одам во нечија куќа - како гостин, тогаш ќе направам сѐ што можам - да ги чувам работите чисти, да го наместам креветот и да направам сѐ што е правилно... Наместо да направам кривично дело, или да навредам некого, или нешто слично, истакна Шварценегер.

Поранешниот политичар притоа ги охрабри доселениците „да ѝ се оддолжат на Америка за нивниот подобар живот“ со тоа што ќе направат нешто „без пари“ во нивната нова заедница.

- Тоа е точно. Но, Арнолд, не заборавајте дека 90 отсто од луѓето што доаѓаат овде се обидуваат да ја направат вистинската работа, се надоврза водителката и глумица Вупи Голдберг. - И многу од она што се случува во мигов е тоа дека луѓето се грабнуваат, а не треба да бидат грабнати, и се носат вон земјата. Тоа се луѓе кои имаат визи, луѓе кои ги имаат сите тие работи. Значи, ние ги сакаме сите вистински луѓе. Не сакаме луѓе кои прават лоши работи, додаде водителката.

Следејќи ја мислата на Вупи, нејзината со-водителка Асунсион Хостин изјави дека е помалку веројатно тоа имигрантите да извршат злосторства во САД, отколку граѓаните родени во оваа држава.

Волстрит џурнал: На Израел му снемува одбранбени пресретнувачи на ракети

На Израел му снемува одбранбени пресретнувачи на ракети „Аrrow“, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на неименуван американски функционер.

Волстрит џурнал: На Израел му снемува одбранбени пресретнувачи на ракети

Системот „Аrrow“ не е единствената одбранбена мерка што се користи против иранските ракети.

САД, исто така, имаат системи за ракетна одбрана „Патриот“ и системи за воздушна одбрана на голема надморска височина на Блискиот Исток, способни да пресретнат балистички ракети.

Според агенцијата, разорувачи на американската морнарица, исто така, собориле ракети.

„Аrrow“ е горниот слој на ракетната одбрана на Израел, заедно со „Железната купола“, која ги елиминира заканите од краток дострел како што се минофрлачи и ракети. „Arrow-2“ постои со години и пресретнува балистички ракети со долг дострел. Поновата „Arrow-3“ е специјализирана за пресретнување на ракети додека тие сè уште се надвор од Земјината атмосфера.

притисни ентер