Сиљановска Давкова: Со 50 шефови на европски држави и влади, учествував на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин
2Сиљановска Давкова: Со 50 шефови на европски држави и влади, учествував на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин
3Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
ЗдравјеПлодови за поделотворна хидратација на телотоСо топлотниот бран што го зафати нашето поднебје, покрај вода - што треба да се пие секој ден, и овошјето и зеленчукот се важни за хидратација на телото. Следи дел од можеби најделотворните намирници за овој дел од годината.Лубеница Овој зеленчук е исклучително богат со вода, но спаѓа и меѓу најбогатите извори на ликопен - антиоксиданс што помага во борбата против ракот. Богат е со витамин Ц, ги чисти бубрезите и уринарниот систем. Содржи дури 93 oтсто вода, а токму оваа одлика го прави одлично средство за чистење на организмот, но и за слабеење. Освен што тоа, содржи и есенцијални омега-6 и омега-9 масни киселини и цинк. Сѐ ова ја прави лубеницата совршено средство за природна нега не само на лицето, туку и на кожата на целото тело. Имено, лубеницата ја навлажнува и хидрира, ја тонизира и обновува кожата и ги третира акните и изгорениците од сонце. Јагоди, малини, боровинки Сите слични овошки се солидна хидратантна храна, но сочните црвени јагоди се најдобриот избор. Малините и боровинките содржат околу 85 отсто вода, а капините малку повеќе - 88,2 отсто. Миксот од јагоди и јогурт е можеби едно од највкусните здрави задоволства. Јагодите содржат 92 отсто вода и се богати со витамин Ц, калиум, фолна киселина и растителни влакна. Тие исто така ги содржат антиоксидансите антоцијани, елагична киселина и кверцетин. Тој спој е одлична комбинација за закрепнување после тренинг. Цитруси Тие може да помогнат во намалувањето на холестеролот. Имено, истражувачите велат дека соединенијата во ова овошје помагаат во согорувањето на мастите и го стабилизираат шеќерот во крвта. Портокалите, цитроните, лиметите, лимоните и другото слично овошје се природни разладувачи на телото. Тајната е во високата содржина на фитонутриенти како антоцијани, флавони, витамин Ц, полифеноли. Сѐ тоа ги одржува кожата, имунолошкиот систем, го стимулира метаболизмот и ја подобрува способноста на телото полесно да ги разградува мастите од храната. Диња Околу четвртина од овој сладок зеленчук содржи само 50 калории, но има 100 отсто од препорачаниот дневен внос на витамини А и Ц. Ако Ви здодее како сирово насечкан плод, и таа може да се изблендира со јогурт, па и да се замрзне... Може и да се измеша со сок од портокал и нане - како дополнително освежителен пијалок. Праски и кајсии Во случаи со осип и сува кожа, причината за тоа може да биде покачена температура, за којашто човекот обично не е свесен. Праските во дневното мени брзо ќе го надополнат калиумот, витаминот А и Б-12, како и другите хранливи материи делотворни во однос на температурата на телото и изгледот на кожата. И кајсиите се одлична природна помош за намалување на телесната топлина и за помалку потење. Манго За кога кожата е сува, треба да се јаде и манго. Тоа е богато со витамини и минерали, особено со витаминот А, којшто го подобрува надворешниот изглед и природно помага во борбата против акните, бидејќи го спречува зголеменото производство на клетки на кожата. Познато е дека мртвите клетки во комбинација со себум (природно масло на кожата) ги затнуваат порите. /MИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Есенско разубавување на нашето Скопје!И во есенските денови, Скопје го облекуваме во бои што внесуваат свежина и топлина во нашето секојдневие.Денеска, вредните вработени во ЈП „Паркови и зеленило“ засадија есенски цветен расад во цветните леи во Градскиот парк, Парк Македонија, долж булеварите „Партизански одреди“, „Јане Сандански“ и „Александар Македонски“, како и во Реонскиот центар. Нов цветен изглед добија и фигурите „Штрк“ во општина Аеродром и „Торта“ во општина Чаир, кои ги освеживме и украсивме со сезонско цвеќе, миозотис и хризантема. Благодарност до сите вредни раце што секојдневно се грижат нашите паркови и јавни површини да бидат поубави и попријатни за секој скопјанец. Да го чуваме она што го разубавуваме, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаСиљановска Давкова: Со 50 шефови на европски држави и влади, учествував на Самитот на Европската политичка заедница во ДаблинДенеска, заедно со 50 шефови на европски држави и влади, учествував на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин, чија централна тема е „Европа: силна, безбедна и поврзана“.На панел-дискусијата „Градење на компетитивна Европа – иновација, поврзаност и достапна енергија“, говорев за поврзаноста меѓу европската конкурентност, иновациите, енергетската безбедност и интеграцијата на Западниот Балкан. Европа ја црпи својата сила од способноста различноста да ја претвори во соработка, а соработката во заедничко дејствување. Конкурентноста денес не може да се сведе само на капиталот, големината на пазарите или цената на работната сила, туку сè повеќе зависи од капацитетот да се поврзат знаењето, технологијата, инфраструктурата, енергијата и луѓето и тие врски да се претворат во иновации, продуктивност и одржлив раст. Западен Балкан не е надвор од Европа, туку е дел од нејзината историја, инфраструктура и безбедносна архитектура, при што Европа и Западниот Балкан ги опишав како „систем на поврзани садови“, во којшто случувањата во еден дел неизбежно влијаат врз другиот. Прашањето не е само како Западниот Балкан подобро да се поврзе со Европа, туку дали Европа може да си дозволи да остане недоволно поврзана со регион што се наоѓа на пресекот на нејзините стратешки правци, енергетски коридори, пазари и човечки потенцијал, објави на ФБ претседателката Гордана Сиљановска- Давкова. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваЌерката на Клаудија Шифер има 22 години и неверојатно личи на својата славна мајка (ФОТО)Клементин Вон, 22-годишната ќерка на супермоделот Клаудија Шифер и режисерот Метју Вон, ќе го има својот прв настап на престижниот париски бал Le Bal des Débutantes на крајот од месецот.Настанот, кој ги собира младите жени од некои од највлијателните семејства во светот, ќе се одржи на 28 ноември и се смета за еден од најексклузивните социјални настани во годината. Меѓу дебитантките оваа година ќе биде Олимпија Баез-Херера, внука на познатата модна дизајнерка Каролина Херера, пишува Hello!. Клементин има необична сличност со својата позната мајка, од која ја наследила својата препознатлива руса коса, а е заинтересирана за слични области - студира уметност и мода. Клаудија Шифер претходно откри дека двете нејзини ќерки, Клементин и 15-годишната Космина, обожаваат да ѕиркаат во нејзиниот плакар и да позајмуваат облека. View this post on Instagram A post shared by Clementine Vaughn 🍊 (@clementine) „Уживам гледајќи ги како составуваат модни комбинации. За генерацијата на моите ќерки, споделувањето облека, размената и носењето парчиња од втора рака е нешто сосема природно“, изјави Шифер за „Гардијан“ во 2023 година. Што е „Le Bal des Débutantes“? „Le Bal des Débutantes“ е традиционален париски бал чии почетоци датираат од 1957 година. Првично беше замислен како можност за млади жени од угледни семејства да се претстават во општеството и да се запознаат со потенцијални сопруги. Но, во 1997 година, Офели Ренуар го модернизира концептот и го претвори во гламурозен настан што ги слави младите жени, нивните семејства и нивните достигнувања. Балот е од затворен тип и ги собира членовите на кралските и аристократските семејства и ќерките на влијателни луѓе од светот на бизнисот, уметноста и модата. Посебна карактеристика на настанот се луксузните фустани создадени од познати светски дизајнери за дебитантките, додека на балот ги придружуваат одбрани кавалиери. Настанот има и хуманитарна цел. Семејствата учеснички собираат средства за добротворни организации со донации, а оваа година парите се наменети за истражување на срцеви заболувања и за Детската болница „Марија Фарери“. Овогодинешниот бал ќе се одржи во луксузниот хотел „Шангри-Ла Париз“, поранешната палата на принцот Роланд Бонапарта, од која се нуди поглед на Ајфеловата кула. View this post on Instagram A post shared by Clementine Vaughn 🍊 (@clementine) Кои се другите дебитантки? Заедно со Клементина, посебно внимание привлекува 21-годишната Олимпија Баез-Херера, внука на Каролина Херера, која на балот ќе носи фустан со потписот на нејзината баба. Меѓу гостите се австриската надвојвотка Зита, која ќе носи креација од Франк Сорбие, и Викторија де Ноај де Муши де Пуа, потомок на француски благороднички и кралски семејства, која го избра дизајнерот Гуо Пеи. На листата се наоѓаат и близначките Ешли и Брејси Астон, членка на кувајтското владејачко семејство Шајма Ал Сабах и Џулиет Липман, ќерка на коосновачот на издавачката куќа „Република рекордс“, која ќе носи фустан од Оскар де ла Рента.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20