Димитриеска-Кочоска: Го зајакнуваме партнерството со ЦЕБ – инвестираме во образование, дигитализација и економски развој
1Димитриеска-Кочоска: Го зајакнуваме партнерството со ЦЕБ – инвестираме во образование, дигитализација и економски развој
Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
2Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
ЗабаваПливајте, играјте фудбал, занимавајте се со атлетика...и тоа во метро (фото) Тајванската престолнина Тајпеи, се подготвува да ги угости учесниците на Летната универзијада 2017 година.Во рамките на овој голем настан, ново руво добија вагоните на градското метро. 捷運車廂也可以游泳(誤)喔!!要不要一起來玩呢!! 如想搭這班車有什麼撇步呢?北捷資料顯示,該班彩繪列車從松山站發車時間分別是5:38、6:57、8:15、9:34、11:02、12:32、14:02、15:32、16:59、18:18、19:11、20:34和22:03;從新店站發車時間6:17、7:36、8:54、10:17、11:49、13:19、14:49、16:19、17:38、19:51、21:20、22:46。 ❤️Taipei Subway Cars Have Been Decorated To Simulate Various Sports Venues During The Coming Universiade In Taiwan❤️ 💕In a little over a month, Taipei City will host the 29th Summer Universiade Games, which will be held from August 19 to August 30, and to build excitement over the coming competition the interiors of the city’s mass rapid transit (MRT) trains have been decorated in themes to match some of the major sporting events of the games. Taipei’s subway cars are now sporting themes such as track and field, soccer, baseball, basketball, swimming, and athletics throwing events. Photos of some of these new MRT themes have started to surface, with the simulated swimming pool in particular almost disturbingly realistic.💕 #世大運 #松山新店線 #游泳池車廂 #台北捷運 #北捷 #游泳池 #台北 #taiwan #taipei #taipeimetro #taipeisubway A post shared by Didi (@didiforu) on Jul 11, 2017 at 1:43am PDT Сега сите се прекриени со неверојатни реалистични цртежи кои ги отсликуваат спортските дисциплини застапени на манифестацијата. 💙💙💙💙💙 #台北捷運 #松山新店線 #世大運 #fisu #游泳 #swim #🏊🏻♀️ #🏊🏻 A post shared by Chi (@chi._.851229) on Jul 11, 2017 at 5:19am PDT Новата декорација главно ги покрива подовите, кои сега се верна копија на базените, фудбалските терени, атлетските патеки и кошаркарските терени. 搭到#世大運 廣告列車~ 一進車廂像在草地上行走,一片綠油油!!心情瞬間輕飄飄~ 上班很累、加班很操,但是學著從生活中找一點活力來源💪 #應該還可以撐下去 #合作洽談好可怕 #部門大人請協助 A post shared by Sunny Chiu (@sunny830317) on Jul 11, 2017 at 8:12am PDT Летната универзијада на Тајван се одржува од 19 до 30 август, па во тој период се очекува голем прилив на туристи. 💙💙💙 #台北捷運 #松山新店線 #世大運 #fisu #田徑 #trackandfield #🏃🏻♀️ #🏃🏻 A post shared by Chi (@chi._.851229) on Jul 11, 2017 at 5:24am PDT Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДимитриеска-Кочоска: Го зајакнуваме партнерството со ЦЕБ – инвестираме во образование, дигитализација и економски развојБанката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ) е долгогодишен и значаен партнер на земјава во реализацијата на проекти насочени кон подобрување на образованието, социјалната инфраструктура и поддршката на микро, малите и средните претпријатија. Фокусот на соработката е насочен кон реализација на проекти што носат конкретни придобивки за граѓаните и придонесуваат за економскиот развој. Ова беше истакнато на денешната средба на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со Томаш Бочек, заменик-гувернер на Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ), на која се разговараше за реализацијата на тековните проекти и за идната соработка. „Продолжуваме да го зајакнуваме партнерството со ЦЕБ, насочувајќи ја поддршката кон проекти што придонесуваат за подобри јавни услуги, поквалитетно образование и економски развој“, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. ЦЕБ е присутна во земјава од 1997 година, а досега има одобрено кредити за 10 проекти во јавниот сектор во вкупен износ од 314 милиони евра, а исто така има дадено и значајна поддршка за обезбедување на инвестициски грантови и грантови за техничка помош за подготовка на проектите. Поддршката е насочена кон социјалната инфраструктура и социјалната интеграција, вклучително здравството, образованието, правосудството и социјалното домување, како и кон поддршка на микро, малите и средните претпријатија. На средбата беше разгледана реализацијата на тековните проекти, меѓу кои дополнителното финансирање со заем и грантови во вкупен износ од 24.1 милион евра за изградба, надзор и опремување на 30 спортски сали во основните училишта, како и за реконструкција на основни и средни училишта. Оваа поддршка е продолжение на успешно реализираниот проект во чии рамки беа изградени и опремени 70 спортски објекти во основните училишта, а беа реконструирани и 90 основни и средни училишта. Соработката со ЦЕБ опфаќа и кредитна линија од 50 милиони евра за создавање работни места во микро, малите и средните претпријатија, која се реализира преку Развојната банка. Посебен акцент на средбата беше ставен на проектите што се подготвуваат за наредниот период. Меѓу нив е проектот за довршување на изградбата на објектите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при УКИМ. Во фокусот на идната соработка е и проектот за основна дигитална инфраструктура. Проектот е насочен кон унапредување на дигиталната инфраструктура и поддршка на процесот на дигитална трансформација. На средбата беше изразена подготвеност за продолжување и продлабочување на соработката меѓу Министерството за финансии и ЦЕБ, со фокус на ефикасна реализација на тековните проекти и обезбедување поддршка за нови инвестиции од значење за економскиот и социјалниот развој на земјата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаСДСМ: Нов дебакл, странски инвестиции од само 18 милиони евра - со Мицкоски тонемеСекој ден нов економски дебакл на Мицкоски. Македонија буквално тоне на секое поле.Податоците на Народната банка за вториот квартал од годинава покажуваат само 18,7 милиони евра странски директни инвестиции. Ова е втор најлош економски резултат години и години наназад. И двата се на арамијата Мицкоски, историски најлоши. Само 18 милиони евра странски инвестиции во втор квартал 2026 година. Минус 100 милиони евра странски инвестиции во трет квартал 2025 година. За споредба, во 2024 година странските директни инвестиции беа 1 милијарди евра со политиките на СДСМ. Бајкте на Мицкоски за „трета економија“ се распрнати како меур од сапуница. Странските инвеститори го губат интересот за вложувања во нашата држава, што е директен резултат на криминалните политики, хаосот и несигурноста што ја создаде арамијата Мицкоски. Ова е инвестициски дебакл. Македонија тоне. Мицкоски е премиер со најниско ниво на странски инвестиции и со најлоши економски резултати. За само две години, ВМРО ја урниса деловната клима што беше градена со години и ја намали довербата кај странските инвеститори. Оваа Влада ниту знае како да ги задржи постојните инвеститори, ниту има капацитет да привлече нови. Корупциски скандали, партиски тендери и премиер арамија кој по телефон нарачува судски одлуки. Политиките на Мицкоски со оддалечувањето од ЕУ, блокада на европскиот пат, соработка со Русија и Кина, соработка со авторитарни режими скапо ја чинат Македонија. Ова значи помалку капитал, помалку работни места, и забавен економски раст. Никој не сака да инвестира во држава во која премиер има арамија како Мицкоски. Прес конференција на СДСМ, Симона Цветановски – членка на ИО Скопје, 17.09.2026 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Европа20 повредени во руски напади врз Украина - американскиот конгрес усвои нов пакет санкции за Москва20 луѓе се повредени, меѓу кои и две деца, во последниот бран руски воздушни напади врз неколку региони во Украина..Како што соопшти претседателот Володомир Зеленски, во нападите со балистички ракети, други ракети и беспилотни летала во Киев и Одеса биле погодени станбени згради, а имало напади и на енергетски објекти.. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко соопшти дека меѓу повредените имало деца на 10 и на 12 години, а десетина биле пренесени во болница. По американскиот Сенат, синоќа и Претставничкиот дом усвои закон за сеопфатни санкции и царини со кои треба да се зголеми економскиот притисок врз Русија.. Мерката предвидува нови санкции против руски функционери, олигарси, банки и финансиски институции, како и механизми насочени кон приходите од руската продажба на енергенси.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook