Други спортовиПливачката федерација ги прогласи најдобрите пливачи за 2021 годинаНационалната пливачка федерација на Македонија ги прогласи најуспешните пливачи за 2021 година. Прогласувањето се одржа во конгресната сала на Олимпискиот комитет на Македонија и прогласени беа најуспешни пливачи во 5 категории во машка и женска категорија и најуспешен пливач на отворени води. Оваа година по иницијатива на Претседателот на Националната пливачка федерација на Македонија,за прв пат беше прогласен и најуспешен тренер. Најуспешни се следните пливачи: Најуспешен пливач во Сениорска категорија за 2021 - Мажи Деркоски Филип П.В.К.Орион Најуспешен пливач во Сениорска категорија за 2021 - Жени Крстевска Миа П.В.К.Орион Најуспешен пливач во Младинска категорија за 2021 - Мажи Стојановски Андреј ПК Нептун Најуспешен пливач во Младинска категорија за 2021 - Жени Дамјанова Софиа ПК Вардар 2018 Најуспешен пливач во Кадетска категорија за 2021 – Мажи Ѓуретановиќ Никола ПК Вардар 2018 Најуспешен пливач во Кадетска категорија за 2021 – Жени Милковска Јана ПК Вардар 2018 Најуспешен пливач во категорија Постари пионери за 2021 - Мажи Ѓуретановиќ Никола ПК Вардар 2018 Најуспешен пливач во категорија Постари пионери за 2021 – Жени Дамјанова Софиа ПК Вардар 2018 Најуспешен пливач во категорија Помлади пионери за 2021 - Мажи Герасимовски Василиј П.В.К.Орион Најуспешен пливач во категорија Помлади пионери за 2021 – Жени Велкова Емилија ПК НептунКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаIN MEMORIAM: Почина Самка Ибраимовски, долгогодишен политичар и лидер на ПЦЕР Почина Самка Ибраимовски, лидер на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), поранешен пратеник во Собранието на Македонија и поранешен министер без ресор.Тажната вест ја објави новинската агенција на ромски јазик „Рома Прес“. Преку емотивна порака, соработниците се простија од долгогодишниот политички претставник на ромската заедница. Ибраимовски беше долгогодишен политички активист и претседател на ПЦЕР. Во текот на својата долгогодишна кариера тој извршуваше повеќе значајни државни функции, меѓу кои пратенички мандат во македонскиот парламент, функцијата министер без ресор во Владата, како и одговорни директорски позиции. Во својот долгогодишен општествен ангажман, Ибраимовски беше препознатлив по постојаното застапување на интересите и правата на ромската заедница во Македонија. Канал 5 со сочувство до семејството на Ибраимовски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаМицкоски на бизнис средба со претставници на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија Денеска остварив бизнис средба со претставници на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија кои се присутни во Македонија. Разговаравме за можностите за нови инвестиции, проширување на економската соработка и отворање нови, високоплатени работни места во Македонија. Ги претставивме потенцијалите на македонскиот ИКТ-сектор, зелената енергија од обновливи извори, здравството, јавната безбедност, развојот на инфраструктурата и можностите за дигитална трансформација на индустријата. Владата останува посветена на создавање стабилна, предвидлива и конкурентна деловна клима. Нашата цел е германските компании да ја препознаат Македонија како доверлив партнер за долгорочни инвестиции, трансфер на технологии и развој на висококвалификуван кадар, објави премиерот Христијан Мицкоски на ФБ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЗеленски е спремен да се сретне со Путин во Турција, сака Ердоган да посредуваУкраинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот лидер Владимир Путин во Турција.–Знам дека претседателот Ердоган има свои врски со Путин. Затоа го поддржуваме одржувањето на средбата во Турција – изјави Зеленски. Според него, меѓу главните теми на евентуалната средба треба да бидат прекинот на огнот долж линијата на фронтот и воспоставувањето механизам за следење на почитувањето на постигнатите договори. Тој додаде дека лидерите треба да разговараат и за безбедносните гаранции, обновата на Украина и за статусот на окупираните територии. Сепак, Зеленски ја отфрли можноста да ги прифати барањата на Путин Украина да го предаде Донбас или да го признае крим како руска територија, нагласувајќи дека таквите отстапки би биле спротивни на украинскиот устав.Тагови: Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook