Плишано мече стигна речиси до вселената, па исчезна- сите го бараат, снимени се последните моменти (ВИДЕО) - Канал 5

Плишано мече стигна речиси до вселената, па исчезна- сите го бараат, снимени се последните моменти (ВИДЕО)

Училиште во британскиот град Лимингтон апелира до јавноста да помогне во пронаоѓањето на плишано мече кое исчезнало по враќањето на Земјата откако беше испратено во стратосферата од страна на метеоролошки балон.

Плишано мече стигна речиси до вселената, па исчезна- сите го бараат, снимени се последните моменти (ВИДЕО)

Училиштето откри дека „Бредфордското мече“ е лансирано како дел од заеднички проект помеѓу ученици од седмо и осмо одделение и Универзитетското вселенско друштво за летови во Саутемптон.

„Доколку имате какви било информации…“

Камера прикачена на балонот ја снимила целата авантура - патување до горната атмосфера, вклучувајќи го и моментот кога плишаното мече беше исфрлено од своето седиште на 10 ноември додека балонот „лебдеше“ низ стратосферата.

Иако се очекуваше мечето безбедно да се спушти со падобран, заедно со остатокот од неговата опрема, во областа Бејзингстоук, се верува дека всушност слетало некаде помеѓу населбите Ерли и Фоли, во пошироката парохија Хенли.

„Доколку имате какви било информации за неговото местоположба, ве молиме контактирајте нѐ. Секој снимен материјал или детали би биле од помош“, соопшти училиштето.

„Тој е многу храбар“

Наставничката по природни науки Ели Робинсон изјави дека мечето постигнало „неверојатен подвиг“, достигнувајќи надморска височина од повеќе од 16 милји (26 километри) над Земјата, објави UPI.com.

„Сигурна сум дека е добро, ги уверивме децата дека е многу храбар и досетлив“, додаде таа.

Потрагата по најпознатата британското„мече астронаут“ продолжува, а училиштето се надева дека наскоро ќе го најде патот до дома.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија

Премиерот  Мицкоски, во рамки на посетата на Соединетите Американски држави  се сретна со претставници на американската воена индустрија, како и со официјални претставници на американската администрација задолжени за оваа област.

Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија

„Разговаравме за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е да отвораме нови можности за инвестиции, технолошки развој и јакнење на домашните капацитети“,напиша тој на Фејсбук. Претходно, Мицкоски оствари официјална средба со заменик-државниот секретар на САД Кристофер Ландау, на која присуствувале и Брендан Харнахан, помошник-државен секретар за Европа и Даниел Лотон, заменик-помошник државен секретар за Европа, во чиј ресор спаѓаат и балканските држави. Премиерот објави видео од средбата со државниот секретар Марко Рубио, што според него претставува важна можност за размена на ставови за прашањата од заеднички интерес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Божиновска: СДСМ, покажете го доказот или повлечете ги лагите - политичката борба не е лиценца за клеветење

Категорично ги отфрлам и ги демантирам лагите и тенденциозните конструкции што СДСМ ги изнесе на прес-конференцијата на 20 септември 2026 година, со кои без ниту еден доказ се прави обид да се нарушат мојата чест, углед и професионален интегритет.

Божиновска: СДСМ, покажете го доказот или повлечете ги лагите - политичката борба не е лиценца за клеветење

Фактите се јасни, повеќе од 12 години немам никаква деловна ниту приватна релација со „Руднап“. Немам никаква поврзаност со предметната набавка, ниту со постапката што ЕВН, како приватна компанија, ја спроведува самостојно и за сопствени потреби.

СДСМ свесно пласира невистини и измислени конструкции за наводна моја вмешаност во деловни зделки, без да понуди ниту еден факт што би ги поткрепил таквите тврдења. Ова не е аргумент, туку обид за политичка дискредитација.

Нема да дозволам преку партиски прес-конференции да се фрлаат невистини во јавноста и потоа да се очекува тие да останат без одговор. Политичката борба не е и не може да биде алиби за клеветење, манипулирање со јавноста и нарушување на личниот и професионалниот углед.

Затоа, наместо политички конструкции и измислени „мрежи“, од СДСМ барам во рок од 24 часа јавно да ги повлече невистинитите тврдења и да ми се извини за нивното изнесување.

Во спротивно, ќе следуваат конкретни правни чекори. Ќе ги искористам сите расположливи правни механизми за заштита на мојата чест, углед и професионален интегритет, вклучително и судска постапка и соодветни пријави до надлежните институции.

Јавноста заслужува факти и докази, а не политички конструкции. Јас сум подготвена за секој факт да одговорам и да го докажам. Истото го очекувам и од оние што денес изнесуваат вакви сериозни обвинувања.

Сања Божиновска

Министерство за енергетика, рудраство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Книжевен настап на Стефан Марковски во Париз

Македонскиот писател и истражувач на литературата Стефан Марковски на 24.09 ќе настапи на книжевната вечер Paris Lit Up која се одржува од 2012-та година во историскиот бар „Култур Рапид“ во 20-от париски арондисман на улица Жилиен Лакроа.

Книжевен настап на Стефан Марковски во Париз

Во овој бар, кој е дел од книжевната историја на Париз како родно место на француската слем поезија од 1980-тите, сè уште се одржува познатиот Меѓународен слем фестивал секој мај.

Македонскиот книжевник ќе прочита свои поетски творби од англиско-македонскиот избор „Ветена земја“, каде се застапени песни од четири поетски книги на Марковски, „Хипербог“, „По трагата на белиот грифон“, „Сиво сјаат вселените“ и „In Nomine“.

Книжевните вечери Paris Lit Up (PLU) се основани од авторот Џејсон Френсис Мекгимзи и Кејт Ноукс, етаблирана поетеса, членка на Велшката академија за книжевност и уредничка на поетската рубрика на истоименото списание, а водител е Крис Њуенс, британски писател и новинар.

На вечерите во минатите изданија имаат гостувано Ненси Столман, американска писателка на флеш-фантастика, музичар и основач на настаните поврзани со читање флеш-фантастика Fbomb, њујоршкиот поет и музичар Стив Далачински, добитник на наградата „Франц Кафка“, ирско/италијанско-американската поетеса Кимберли Кампанело и други. Вечерите се познати како репрезент на повеќејазичната уметничка сцена и литература која се создава во Париз.

Во рамки на својот престој, Марковски ќе оствари и посета на Универзитетот „Сорбона“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер