3Нашиот најдобар натпреварувач во коњички спорт ќе настапи на Светското првенство во прескокнување пречки
ФудбалПлимут ја раскина соработката со РуниАнглискиот фудбалски второлигаш Плимут денеска со заемна согласност ја прекина соработката со тренерот Вејн Руни по серијата од девет натпревари без победа.Поранешниот англиски репрезентативец Руни седна на клупата на Плимут во мај и си заминува по седум месеци, оставајќи го тимот последен во табелата во Чемпионшип со 18 бодови од 23 натпревари. „Плимут потврдува дека клубот и тренерот Вејн Руни ја прекинаа соработката со заедничка согласност и оваа одлука ќе стапи во сила веднаш“, соопшти клубот. Руни им се заблагодари на сопствениците и раководството на клубот за соработката и довербата, како и на своите колеги и навивачи за поддршката. „Плимут секогаш ќе има посебно место во моето срце и ќе продолжам да ги гледам и да ги следам резултатите“, изјави 39-годишниот Руни. еКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаЛегендарни имиња во НБА Куќата на славнитеКошаркарската Куќа на славните е побогата за осум имиња.Во 2026 година, Кошаркарската куќа на славните „Нејсмит“ во Спрингфилд е збогатена за осум легенди. Во историјата на овој спорт со златни букви се запишани нови осум имиња. “It's one of those nights where you'll never forget it.”@Amareisreal reflects on officially being a member of the @Hoophall and where he'll put his spire 🔥 pic.twitter.com/kyqO2cWEWd — NBA (@NBA) August 16, 2026 Станува збор за кошаркарот Амари Стаудемајер, кошаркарките Кендис Паркер, Елена Деле Дон и Шамик Холдскло, тренерите Док Риверс, Марк Фју и Мајк Д'Антони, како и судијата Џои Крофорд. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПретседателот на Тајван, Лаи Чинг-те, најави план вреден 7,4 милијарди долариПретседателот на Тајван, Лаи Чинг-те, најави план вреден 7,4 милијарди долари, по 314 долари од „дивидендата од вештачката интелигенција“ за секој граѓанин.Претседателот на Тајван, Лаи Цинг-те, најави финансиски пакет вреден 7,4 милијарди долари (235,7 милијарди тајвански долари), според кој секој граѓанин ќе добие директна парична исплата од 314 долари. Одлуката уследи откако силниот замав во технолошкиот сектор го зголеми годишниот раст на бруто-домашниот производ (БДП) на Тајван на рекордни 11,05 отсто, што претставува највисока стапка на раст на островот во последните 40 години. Посебно внимание се посветува на начинот на кој беше финансиран проектот. Владата во Тајпеј успеа да обезбеди директна финансиска помош за домаќинствата преку целосно избалансиран централен буџет, без дополнително државно задолжување, додека истовремено издвојувањата за национална одбрана за првпат во историјата надминаа еден трилион тајвански долари. Овој потег ја истакнува јасната разлика во поглед на регионалното економско лидерство. Додека властите во Пекинг, на кинеското копно, се соочуваат со криза во секторот на недвижности и пад на довербата на потрошувачите, избраното раководство на Тајван успева технолошката експертиза и економскиот раст директно да ги преточи во придобивки за своите граѓани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканЦрна Гора го менува УставотБез да одржи седница, Владата на Црна Гора, врз основа на добиената согласност од своите членови, во петок, 14 август, усвои, меѓу другото, Предлог-одлука за измена на Уставот на Црна Гора.Владата предложи измена на член 103 од Уставот на Црна Гора, кој го регулира изборот на Владата. Според предлогот, член 103 се менува и гласи: Претседателот на Црна Гора предлага мандатар во рок од 30 дена од денот на конституирањето на Парламентот, а по спроведување на проверка на интегритетот на кандидатот за мандатар, во согласност со закон. „Лице кое не ги исполнува условите за проверка на интегритетот пропишани со закон не може да биде предложено за мандатар. Мандатарот ја презентира својата програма пред Собранието и го предлага составот на Владата, по спроведување на проверка на интегритетот на кандидатите за членови на Владата, во согласност со закон. Лице кое не ги исполнува условите за проверка на интегритетот пропишани со закон не може да биде предложено за член на Владата. Собранието истовремено одлучува за програмата на мандатарот и за предлогот за состав на Владата“, се наведува во текстот. Извор: Б92Тагови: Црна Гора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook