БалканПленковиќ ги отфрла обвинувањата за кршење на УставотПремиерот рече дека ја презеле организацијата на приемот на ракометарите, бидејќи не сакале да дозволат да остане „голема бездна меѓу хрватскиот народ, хрватските спортисти и хрватските патриотски пејачи“.Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска ги отфрли обвинувањата за неуставни и незаконски дејствија на Владата поради приемот на бронзените хрватски ракометари во Загреб, на кој вечерва, и покрај противењето на градските власти, ќе настапи контроверзниот пејач Марко Перковиќ Томпсон. „Владата работи во согласност со Уставот, законот, своите овластувања и, најважно, во согласност со здравиот разум“, изјави Пленковиќ пред новинарите по седницата на раководството на партијата на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), на чие чело е тој. Тој ги обвини партиите од левицата, кои се на чело на Градот Загреб, за идеолошки, догматски и ексклузивен пристап. Премиерот рече дека ја презеле организацијата на приемот на ракометарите, бидејќи не сакале да дозволат да остане „голема бездна меѓу хрватскиот народ, хрватските спортисти и хрватските патриотски пејачи“. „Ако Градот не е во можност да организира прием, практично „ copy-paste“ на минатогодишниот прием, Владата е тука за да се осигура дека тоа може и треба да се направи“, рече премиерот. Пречекот на ракометарите, кои вчера го освоија третото место на Европското првенство во Данска, остана во сенка на поделбите поради настапот на контроверзниот пејач Марко Перковиќ Томпсон, што беше крајно барање на ракометарите. Градот Загреб одби да ги прими, па Хрватскиот ракометен сојуз (ХРС) синоќа објави дека го откажува приемот. Ситуацијата се промени денеска кога Владата објави дека го презема приемот и дека, во соработка со ХРС, ќе се одржи во 18 часот на плоштадот „Бан Јелачиќ“ во Загреб. За тоа, Владата не побара дозвола од градот, иако мораше, соопштија властите на Град Загреб, предводени од зелено-левичарската коалиција на партиите „Можеме“ и Социјалдемократската партија. Бројни политичари од центарот и левицата денеска ја обвинија Владата дека дејствува неуставно. Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ ја обвини владата дека „ја узурпира државата и бескрупулозно предизвикува поделба“. „Владата на Хрватска изврши намерна девастација на уставниот поредок, а претходно измисли правна основа за своите постапки и постапките на полицијата. Ваквите постапки на владата всушност ја узурпираат државата и бескрупулозно предизвикуваат поделби меѓу хрватскиот народ. Претседателот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Андреј Пленковиќ, е одговорен за ова“, напиша Милановиќ на Фејсбук. Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, ја обвини Владата на Хрватска за институционално насилство и обид за соборување на демократски избраната влада во Загреб. А некои правни експерти предупредија дека владата го крши Уставот со таквото однесување.Тагови: Пленковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаЛишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“.Од нив, осуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.Љ.(40), А.Ш.(22) и Ј.Б.(30) сите од Скопје, И.Р.(24) од с.Света Петка, скопско, А.Р.(23) од с.Беловиште, гостиварско, С.А.(35) од с.Мелница, велешко и Н.М.(28) од с.Зрновци, кочанско и 17-годишник од село во Општина Градско. Под дејство на алкохол управувале две лица и тоа: Н.П.(29) од Куманово и М.Н.(19) од Скопје. Додека пак, со забрана за управување со моторно возило управувале С.Н. (37) од Кичево и Р.Х.(37) од с.Рашче, скопско. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаЛишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправаНа 02.10.2026 во 09:50 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишија од слобода И.А.И.(58) од Бугарија поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.Известен е јавен обвинител, по што лицето е предадено во полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: бугарски државјанин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности за асфалтирање на паркинг-просторот кај детската градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром.Со уредувањето и обележувањето на паркинг-местата се добива повеќе функционален простор, подобра инфраструктура и поуреден изглед во овој дел од општината. Најважно од сè, со ова обезбедуваме посигурен и полесен пристап до градинката за родителите и за нашите најмлади. Кога инвестираме во инфраструктурата, инвестираме во секојдневието на граѓаните. Општина АеродромТагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter