3МВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава по брза постапка
Новиот изглед на Џенифер Лоренс предизвика реакции: Хирурзи проценуваат дека пластичната операција би можела да чини 30.000 долари
2Новиот изглед на Џенифер Лоренс предизвика реакции: Хирурзи проценуваат дека пластичната операција би можела да чини 30.000 долари
БалканПленковиќ: Европа се наоѓа на историска пресвртница, нејзината безбедност е загрозенаЕвропа се наоѓа на историска пресвртница, нејзината безбедност е загрозена, а инвестициите во одбраната се приоритет, изјави денеска во Париз хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.„Европската безбедност е загрозена, а нарушени се и дел од темелите на трансатлантските односи“, рече Пленковиќ на предавање во Францускиот институт за меѓународни односи (IFRI), насловено „Европа на крстопат: Потврдување на суверенитетот во свет во промена“. Тој истакна дека институционалната, енергетската и демографската стабилност на европските општества повеќе не може да се зема здраво за готово, па инвестициите во одбраната се приоритет за европскиот континент. Пленковиќ предупреди дека Европа се соочува со најопасната безбедносна состојба по завршувањето на Студената војна, со посебен акцент на руската агресија врз Украина, зголемените хибридни закани и забрзаното производство на оружје во Русија. - Затоа Европа мора да ја прилагоди својата индустрија, залихи и инвестиции за да одговори на противникот кој своето стопанство го стави во служба на војната, рече премиерот на Хрватска. Пленковиќ потенцира дека Хрватска тројно го зголеми својот одбранбен буџет во помалку од десет години, а до 2027 година ќе достигне издвојување од 2,5% од БДП за одбрана, а до 2030 година три проценти. Тој додаде дека Хрватска е една од водечките земји во производство на FPV дронови и дека тесно соработува со Холандија и Летонија во коалицијата за дронови, при што хрватските компании држат 80% од светскиот пазар на машини за далечинско разминирање. Пленковиќ оцени дека војната во Украина е „одлучувачки тест за европската безбедност“ и се заложи за праведен и одржлив мир, со почитување на украинскиот суверенитет. Тој исто така посочи дека Хрватска од 2022 година и помогнала на Украина со 317 милиони евра и примила 30.000 украински бегалци. Пленковиќ се осврна и на новата американска стратегија за национална безбедност, во која се зборува за „цивилизациско пропаѓање на Европа“ и поддршка на крајната десница, оценувајќи дека тоа сигнализира длабока промена во перцепцијата на Вашингтон за својата улога во светот. - Европа мора да се подготви да преземе поголема одговорност за својата безбедност – не против САД, туку за стабилноста на трансатлантскиот простор, нагласи тој. Пленковиќ потенцираше дека проширувањето на ЕУ е геополитичка нужност и дека Хрватска се залага за интеграција на земјите од Западен Балкан, како и Украина и Молдавија, посебно истакнувајќи ја важноста на Босна и Херцеговина.Тагови: Пленковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Најсексапилните мажи во светот низ децениитеОва се најсексапилните мажи во светот низ децениите. Листа на најпосакуваните во последните 40 години .Веќе четири децении, списанието *People* го избира „Најсекси маж на годината“, а на оваа престижна листа се нашле бројни познати имиња од светот на филмот, музиката и спортот, пренесува *Express*. Првиот што ја понел оваа титула бил славниот холивудски актер Мел Гибсон, уште во 1985 година. Веќе следната година, на неговото место дојде колегата актер Марк Хармон, додека кон крајот на 1980-тите, оваа титула ја понесоа и Хари Хамлин и Шон Конери. Особено впечатлив бил изборот на Џон Ф. Кенеди Помладиот, кој во 1988 година влезе во историјата како првиот маж надвор од актерскиот свет што се појавил на оваа листа. Покрај својот изглед, тој привлече внимание и со својот опуштен стил на облекување. Деведесеттите години започнаа со Том Круз, по кого следуваа Патрик Свејзи, Ник Нолти и Дензел Вашингтон. Некои од добитниците успеаја да го повторат својот успе, како Ричард Гир, Бред Пит и Џорџ Клуни кој престижната титула на Пипл ја освојувале по двапати. Во новиот милениум, листата продолжи со Харисон Форд, Пирс Броснан, Бен Афлек, Џуд Ло и Метју Меконахи. Меѓу најпознатите имиња се Џони Деп, Мет Дејмон, Хју Џекман и Рајан Рејнолдс. Во последните години, внимание привлекоа и Бредли Купер, Ченинг Тејтум, Крис Хемсворт и Крис Еванс. Сепак, титулата не е резервирана само за актери. На листата на добитници се наоѓаат и музичари како Адам Левин, Блејк Шелтон и Џон Леџенд, како и поранешниот фудбалер Дејвид Бекам. На листата на неодамнешни добитници се наоѓаат Двејн Џонсон, Идрис Елба, Мајкл Б. Џордан, Пол Рад, Патрик Демпси, Џон Красински и Џонатан Бејли. Ноа Вајл ја понесе титулата „најсекси маж“ за 2026 година, продолжувајќи ја традицијата што го привлекува вниманието на јавноста веќе четири децении.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизНовиот изглед на Џенифер Лоренс предизвика реакции: Хирурзи проценуваат дека пластичната операција би можела да чини 30.000 долариВрз основа на фотографиите, тројца пластични хирурзи – од кои ниту еден не ја третирал холивудската ѕвезда Џенифер Лоренс – проценуваат дека актерката можеби имала операција на очните капаци и подигнување на веѓите. Според еден од нив, ваквите зафати кај врвен хирург чинат повеќе од 30.000 долари. Новите фотографии од добитничката на „Оскар“, направени неделава, поттикнаа шпекулации за направени естетски зафати. Поради тоа, американскиот портал „Page Six“ побара мислење од тројца пластични хирурзи, при што сите нивни проценки се засноваат исклучиво на фотографиите. Д-р Семјуел Голпанијан смета дека Лоренс можеби направила блефаропластика, односно корекција на горните очни капаци. Според него, оваа процедура често се изведува заедно со подигнување на веѓите, па не ја исклучува ниту таа можност. Тој наведува дека потесните образи може да се должат на губење тежина или на отстранување масно ткиво од образите, но нагласува дека тоа не може да се утврди само врз основа на фотографии. Д-р Шон Мекнили од Портланд вели дека нејзиниот изглед е во согласност со двете процедури. Тој исто така забележал дека нејзината лева веѓа е малку повисоко поставена од десната. Според негова проценка, двете процедури обично чинат околу 15.000 долари, додека цената кај врвен хирург во Лос Анџелес или Беверли Хилс надминува 30.000 долари. Трет хирург, д-р Розбех Тораби, има поинакво мислење. Тој вели дека актерката можеби направила затегнување на веѓите, но нејзините очни капаци не изгледаат како да биле оперирани. Според него, суптилните промени може да се резултат и на употреба на ботокс, помала количина филери и ласерски третмани. Лоренс нема потврдено дека извршила операција на очните капаци или затегнување на веѓите, а нејзините претставници не ги коментираа шпекулациите. Претходно оваа недела, во интервју за „The Cut“, таа откри дека направила затегнување на градите и се надева дека еден ден ќе направи затегнување на лицето.Тагови: џенифер лоренс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВтор круг од предвремените избори за градоначалник во БрвеницаВо општина Брвеница се одвива гласањето за избор на градоначалник во вториот круг од предвремените избори.Според Државната изборна комисија гласањето почнало навреме во седум часот а до 15 часот на изборите во Општина Брвеница гласале 6579 гласачи, што претставува 40,49 отсто од вкупниот број запишани гласачи. Според податоците доставени до ДИК од сите 24 избирачки места, излезноста е за 9,32 процентен поен повисока во споредба со првиот круг од изборите, одржан на 18 октомври годинава. Во Брвеница е Михајло Видимлиски. Михајло како се одвива гласањето, и колкав е одзивот од гласањето според последните информации од ДИК? Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: Брвеница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter