МакедонијаПленарна седница за интерпелацијата на јавниот обвинител КоцевскиПленарна седница за интерпелацијата на јавниот обвинител Коцевски, Собранието ќе ја констатира и оставката на претседателката на ДКСК Димитровска.Собранието денеска во рамки на 64. седница се очекува да ја констатира оставката на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, а на дневен ред на седницата е и интерпелацијата за работата на Републичкиот Јавен обвинител - Љупчо Коцевски, поднесена од опозициската Левица. Според најавите, седницата се очекува да ја води претседателот на Собранието Африм Гаши, кој по здравствените проблеми од минатата недела првпат ќе седне на спикерското место. Засега се знае дека за интерпелацијата ќе гласаат пратениците на Левица, СДСМ се изјасни дека се против, лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски изјави дека нивните пратеници ќе ја поддржат интерпелацијата, додека ВМРО-ДПМНЕ се уште не соопштила како ќе се изјасни, а ДУИ најави дека тоа ќе го направат денеска. На новинарско прашање во врска со тоа како ќе гласаат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ за интерпелацијата на Коцевски премиерот Христијан Мицкоски вчера кажа дека како политичка партија и тој како човек не ги менуваат ставовите преку ноќ. -Јавноста ќе види утре, но ние како политичка партија и јас како човек не ги менувам ставовите преку ноќ, одговори Мицкоски, во изјава за медиуми по отворањето на базен во ООУ „Невена Георгиева- Дуња“ во општина Кисела Вода. Левица во интерпелацијата доставена до претседателот на Собранието, Гаши, посочува дека ја поднесуваат поради непочитување на уставните и законските обврски. -Интерпелацијата ја засноваме на следниве индиции, факти и правно-релативни наводи: селективни кривични истраги за трагедијата во Кочани, логистички влијанија врз работата на Јавното обвинителство, функционален хаос во Вишото јавно обвинителство-Скопје, непостапување по службена должност за дивоградбите на урбаната мафија во Скопје, се вели во интерпелацијата објавена на веб-страницата на Собранието. Додаваат дека од почетокот на мандатот на јавниот обвинител Коцевски „во Јавното обвинителство владее нефункционална и токсична атмосфера, неажурност во постапките, а забележани се и надворешни политички влијанија врз неговата работа“, за што сметаат дека е одговорен Коцевски. Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во петокот достави писмен одговор на интерпелацијата поднесена од пратениците Димитар Апасиев, Борислав Крмов, Реџеп Исмаил, Јована Мојсоска, Амар Мециновиќ и Сашко Јанчев. Во неа, тој наведува дека функцијата ја врши чесно и одговорно, со максимално почитување на начелата на транспарентност и отчетност, дека интерпелацијата е законски недозволена и дека институцијата е предмет на неосновани напади и тие се причина за ниската доверба во јавноста. Во писмениот допис тој посочува дека иако поднесената интерпелација е недозволена согласно закон, фактот што подносителите без никаков аргумент бараат негова одговорност, покажува дека оваа интерпелација е политички, а не правно заснован инструмент со кој се овозможува упад во самостојноста на Обвинителството. -Постапката за одговорност на јавниот обвинител на РСМ е уредена со Законот за јавното обвинителство и не предвидува можност за политичка одговорност каква што е интерпелацијата. Тоа е така за да се гарантира функцијата јавен обвинител кој раководи со единствен и самостоен орган, независен во постапувањето и одлучувањето. И покрај тоа, на интерпелацијата ѝ се дава третман како на секоја друга постапка за одговорност на политички функционер, што покажува недоволно разбирање на подносителите за самостојноста на третата власт, пишува Коцевски во писмениот допис до пратениците. Независно од тоа, државниот обвинител во продолжение на документот дава одговор на четирите точки кои Левица ги наведе како клучни причини за поднесената интерпелација – селективност во истрагата за пожарот во Кочани, политичко влијание во работата на Обвинителството, функционален хаос во Вишото јавно обвинителство Скопје и непостапување по службена должност за дивоградбите во Скопје. Во однос на обвинувањето за селективност во истрагата за Кочани, и за невклученост на актуелни функционери во неа, Коцевски вели дека Обвинителството постапува исклучиво врз основа на доказите кои ги има, а притоа осомничените не ги дели по партиска, етничка или која било друга припадност. -Се постапува за сите за кои се обезбедени докази – и против сопствениците и поврзаните лица со дискотеката, и против обезбедувањето, и против сите одговорни лица во неколку институции кои со своето постапување или непостапување овозможиле таа дискотека да работи толку години. Се постапува и против припадници на МВР, високи полициски функционери, и тоа не во ‘предистрага’, како што неточно се наведува во интерпелацијата, туку во фаза на истрага во рамките на која тие активно се истражуваат и им се определени мерки на обезбедување. Во уште неколку други институции и за други лица продолжуваат и натаму дејствија додека не ја испитаме целосно линијата на одговорност, посочи Коцевски. Вели дека не само што не се чувствува одговорен, туку дека е горд на работата на обвинителскиот тим кој за кратко време успеа да прибере голем број докази за случајот за кој рече дека очекува фер и непристрасна судска постапка во која ќе се докаже дека обвинетите го сториле кривичното дело кое им се става на товар. Во однос на втората точка од интерпелацијата, за политичко влијание врз него од страна на премиерот Христијан Мицкоски, кое се постигнало со наводен политички договор со запирање на постапката за негово разрешување, Коцевски вели оти во ниту еден момент не постоел таков обид за политичко влијание. Посочува дека постапката за негово разрешување, која беше на иницијатива на Владата е онолку неоснована колку што е и оваа интерпелација. -Недостатоците во неа се наведени и во најновиот специјален извештај на Европската комисија за состојбата со владеење на правото во нашата земја, така што нејзиното запирање треба да е очекуван потег, а не некаква форма на ‘договорно мотивирана одлука преку ноќ’, како што се наведува во самата интерпелација. Јас од првиот момент на поднесување на иницијативата за разрешување до денес најодговорно тврдам дека не сум сторил никаква дисциплинска повреда која би била основ за таква постапка. Тоа го потврди и Советот на јавните обвинители кој даде негативно мислење за иницијативата за мое разрешување, вели Републичкиот јавен обвинител. Осврнувајќи се на третата точка од поднесената интерпелација, која се однесува на, како што наведуваат од Левица, функционалниот хаос во Вишото јавно обвинителство Скопје, Коцевски вели дека токму констатираните состојби во ова обвинителство биле повод за тој да иницира дисциплинска постапка против шефот на обвинителството и уште еден вработен во институцијата. Додава дека дисциплинската комисија, која е целосно независен орган, таа иницијатива ја прифатила едногласно, повела постапка, ги испитала сите докази, носејќи едногласна одлука дека двајцата навистина сториле тешка дисциплинска повреда. -По однос на одредените санкции не би коментирал, бидејќи одлуката се уште не е правосилна, но факт е дека во прв степен им се изречени најтешките санкции кои за ваква повреда се предвидени во Законот за јавното обвинителство. Каде е тука мојата одговорност? Дали требало да ги одмолчам пропустите и нестручноста со кои преку повлекување жалби и откажување од обвинение е нанесена штета на буџетот? Дали требало да одмолчам за нарушените меѓучовечки односи за кои одговорен бил шефот на Вишото јавно обвинителство Скопје и за кое против него се води и кривична постапка? Јас избрав да не молчам и директно да го повикам на одговорност секој јавен обвинител за кого ќе констатирам дека непрофесионално и нестручно ја врши својата функција, вели Коцевски, додавајќи дека состојбите во ова обвинителство веќе се подобруваат. За наводното непостапување по службена должност за дивоградбите во главниот град, државниот јавен обвинител вели дека Јавното обвинителство има оформено предмети и по допрен глас и по поднесени кривични пријави за дивоградби во Чаир, но и во други општини и градови во државата. Дел од нив, како што вели, се во предистрага, дел се во фаза на истрага, за дел е поднесено обвинение, а за некои има и судски постапки и одлуки. За наводите за дивоградби во Чаир кои ги изнесе градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, вели дека се оформени два предмети по нејзини пријави – едниот во ОЈО Скопје, другиот во ОЈО ГОКК. -По двата се постапува во предистражна постапка, во рамките на која се дадени детални наредби на надлежните институции од правосудната полиција да обезбедат докази за проверка на наводите. Тука би го нагласил и вториот факт, а тоа е употребата, односно повеќе злоупотребата на терминот ‘допрен глас’, предвиден како можност не само за јавниот обвинител, туку и за другите надлежни институции да оформуваат предмети врз основа на јавно слушнати наводи и информации за сторено кривично дело. Овој инструмент Обвинителството го користи во ситуации кога институциите надлежни за откривање на кривичните дела не си ја вршат својата работа и во случаи кога квантумот на јавно објавени информации е доволно голем за да овозможи основано сомнение за извршено кривично дело и сторител. Инаку, секој што во рамките на извршување на своите службени должности дознал дека е извршено кривично дело има законска обврска тоа да го пријави, додава Коцевски. Државниот јавен обвинител на крајот на писмениот допис до пратениците апелира на отфрлање на интерпелацијата која, како што вели, нема ниту еден законски основ и воопшто не би смеела да биде поднесена. Со нејзино отфрлање, додава тој, се заштитува институцијата јавен обвинител и неговата самостојност гарантирана со Уставот и законите. На дневен ред на 64. пленарна седница се и дополнетите предлози на законите за изменување и дополнување на Законот за туристичката дејност, за внатрешни работи, за изменување и дополнување на Законот за полиција, за изменување на Законот за заштита на културното наследство, за изменување и дополнување на Законот за метрологијата, измените и дополнувањата на Законот за домување, за училишта за средно образование на верските заедници, сите во второ читање. Потоа измените на законите за библиотеките и за државните награди и измените и дополнувањата на законот за рибарство и аквакултура, во второ читање. Пратениците на натамошно читање треба да ги проследат и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за возила, по скратена постапка, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај (*), во прво читање и предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост, исто така во прво читање. Тагови: Љупчо Коцевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Ревија на костими за капење на „Sports Illustrated Swimsuit“Списанието „Sports Illustrated Swimsuit“ секоја година организира ревија на костими за капење во Мајами. Учеснички во програмата се главно ѕвезди од реални шоуа, инфлуенсерки и дами од модната индустрија, така било и годинава. Меѓу многуте убавици кои прошетаа во минијатурно бикини по пистата беше и провокативната реалити ѕвезда Стаси Шредер. Станува збор за поранешната ѕвезда на реалното шоу „Vanderpump Rules“, која ги воодушеви многумина на модната ревија со својот атрактивен изглед и секси одење. Сепак, јавноста на социјалните мрежи не беше задоволна од нејзините вештини, па за кратко време Стаси стана предмет на потсмев и бројни критики. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Секси русокосата не препушта ништо на случајностаАктерката и манекенка Брукс Надер не престанува да изненадува со своите провокативни изданија, а моментално ужива во Франција, од каде што доаѓаат и нејзините најнови фотографии.Моделот и актерка Брукс Надер ужива во топлотниот бран, со неа уживаат и нејзините следбеници кои желно ја очекуваат секоја нова објава на оваа контроверзна убавица. Неодамна таа престојуваше и на Јадранот – ги посети Хрватска и Црна Гора – а нејзините изданија од таму исто така оставија силен впечаток на социјалните мрежи. Сепак, таа подготви нешто ново за Франција, па најпрво позираше во кратки бели шорцеви и ѝ сврте грб на камерата, а иако не е првпат да покаже нешто повеќе, повторно ги воодушеви и изненади сите. Меѓу низата фотографии се најдоа и оние на кои Брукс носи кратки и длабоко деколтирани фустани, па нејзините бујни гради беа главна тема и на овој одмор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВеќе 21 фудбалер се платени повеќе од 100 милиони евра за трансферДали фудбалерите навистина вредат толку многу? Веќе 21 фудбалер се платени повеќе од 100 милиони евра за трансфер, а Јан Диоманде би можел да биде следниот. Најголемиот трансфер што моментално се подготвува на пазарот е доаѓањето на Јан Диоманде од РБ Лајпциг во Реал Мадрид. Доколку трансферот се реализира, репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска ќе се приклучи кон ексклузивната група играчи за кои се платени повеќе од 100 милиони евра. Досега, 21 фудбалер ја достигнале таа вредност, почнувајќи од летото 2013 година, кога Реал Мадрид му плати на Тотенхем 101 милион евра за Герет Бејл. Оттогаш, трансферите со обештетувања од деветцифрени износи станаа многу почести и веќе не предизвикуваат толку многу полемики како порано. Доаѓањето на клубови во сопственост на држави и милијардери дополнително го зголеми бројот на вакви трансфери. Меѓу нив, се издвојува Пари Сен Жермен, кој во 2017 година ги сруши сите рекорди со плаќање 222 милиони евра за Нејмар, активирајќи ја неговата откупна клаузула од договорот со Барселона. Само неколку недели подоцна, ПСЖ го доведе и Килијан Мбапе од Монако за 180 милиони евра. Ако има еден клуб што доминира на оваа листа, тоа е Челзи. Во ерата на Роман Абрамович, а потоа под сопственост на Тод Боели, лондонскиот клуб донесе дури пет играчи за повеќе од 100 милиони евра: Морган Роџерс, Енцо Фернандез, Мојсес Кајсед, Ромелу Лукаку и Каи Хаверц. Клубови од Премиер лигата учествуваа во дури 11 од вкупно 22 трансфери вредни над 100 милиони евра. Шпанската Ла Лига, вклучувајќи го и евентуалното доаѓање на Диоманде, учествув во осум такви трансфери. Четири би му припаднале на Реал Мадрид, три на Барселона и еден на Атлетико Мадрид. Франција е претставена од ПСЖ, додека единствениот претставник на Серија А е Јувентус, поради Кристијано Роналдо. Покрај тоа што сè уште е најскапиот трансфер во историјата на фудбалот, Нејмар е и играчот за кого се издвоени најмногу пари во текот на неговата кариера. Барселона и ПСЖ заедно платија речиси 400 милиони евра за неговите трансфери. На второто место е Ромелу Лукаку, за кого клубовите издвоија вкупно околу 370 милиони евра, додека Кристијано Роналдо е трет со 247 милиони. Трансфери над 100 милиони евра: 1.Нејмар – 222 милиони евра (Барселона → ПСЖ) 2.Килијан Мбапе – 180 милиони евра (Монако → ПСЖ) 3.Александар Исак – 145 милиони евра (Њукасл → Ливерпул) 4.Морган Роџерс – 138 милиони евра (Астон Вила → Челзи) 5.Елиот Андерсон – 135 милиони евра (Нотингем Форест → Манчестер Сити) 6.Жоао Феликс – 127,2 милиони евра (Бенфика → Атлетико Мадрид) 7.Флоријан Вирц – 125 милиони евра (Баер Леверкузен → Ливерпул) 8.Енцо Фернандес – 121 милиони евра (Бенфика → Челзи) 9.Филипе Кутињо – 120 милиони евра (Ливерпул → Барселона) 10.Антоан Гризман – 120 милиони евра (Атлетико Мадрид → Барселона) 11.Џек Грилиш – 117,5 милиони евра (Астон Вила → Манчестер Сити) 12.Мојсес Каиседо – 116 милиони евра (Брајтон → Челзи) 13.Еден Азар – 115 милиони евра (Челзи → Реал Мадрид) 14.Ромелу Лукаку – 113 милиони евра (Интер → Челзи) 15.Кристијано Роналдо – 112 милиони евра (Реал Мадрид → Јувентус) 16.Сандро Тонали – 108 милиони евра (Њукасл → Тотенхем) 17.Пол Погба – 105 милиони евра (Јувентус → Манчестер Јунајтед) 18.Усман Дембеле – 105 милиони евра (Борусија Дортмунд → Барселона) 19.Џуд Белингем – 103 милиони евра (Борусија Дортмунд → Реал Мадрид) 20.Герет Бејл – 101 милион евра (Тотенхем → Реал Мадрид) 21.Каи Хаверц – 100 милиони евра (Баер Леверкузен → Челзи)Тагови: милиони Фудбал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook