Платите на функционерите нема да растат – се намалуваат нивните коефициенти - Канал 5

Платите на функционерите нема да растат – се намалуваат нивните коефициенти

Платите на функционерите ќе останат исти и по март – владејчката ВМРО-ДПМНЕ повторно поднесе предлог да се намалат коефициентите за пресметка на платите, за тие да не се зголмеат согласно растот на просечната плата за минатат година.

Платите на функционерите нема да растат – се намалуваат нивните коефициенти

Предлог измените, според најавите на еден од предлагачите, пратеникот Бојан Стојановски, утре треба да се најдат на пленарната седница. Очекува поддршка од сите и како што рече, ако се усвојат, истите ќе стапат на сила веднаш, односно веќе со исплатата на февруарската плата во март, функциоенерите според него ќе имаат нивелирани плати.

„Со овие измени платите ќе се нивелираат, што практично значи дека ќе се намалат во износ од 10.000 до 13.000 денари, а кај одредени позиции ова намалување е дури и поголемо. За пратениците и функционерите во извршната власт, ги намалуваме коефициентите со што директно го кратиме буџетскиот товар. За судиите и јавните обвинители, предвидуваме усогласување на коефициентите со цел нивните плати да соодветствуваат со реалните економски можности на државата. За градоначалниците, исто така, предлагаме нова скала на коефициенти зависно од бројот на жители во општините. “-- Бојан Стојановски – пратеник на ВМРО – ДПМНЕ.

Согласно измените за пратениците коефицинатите од 2,69 до 3,47 се намалуваат на 2,45 до 3,17.

Коефициенти на плати на пратеници

2025 година: од 2,69 до 3,47

2026 година: од 2,45 до 3,17

-намалување на најнискиот коефициент за 0,24, највисокиот за 0.3

За избраните и именувани лица коефициентите во просек се намалуваа од 0,15 до 0.30 проценти, и ќе изнесуваат од 1,54 до 3,17.

Коефициентите за Избрани и именувани лица

2025: од 1,69 до 3,47

2026: од 1,54 до 3,17

-намалување на најнискиот коефициент за 0.15, на највисокиот за 0.3

Нова скала се предлага и за градоначалниците зависно од бројот на жители во општините... За најмалите е 1,90, за најголемите ќе биде за Градоначалникот на Скопје -2,60. Во просек за околу 0,20 % се намалуваат и платите на судиите, членови на судскиот совет, советот на јавни обвинители и јавните обвинители.

Согласно законите, плататите на функционерите се пресметуваат со множење на овие коефициенти со просечнмата плата, откако Устваниот суд во 2023 година го укина „замнрзнувањето на платите“, по што тие нагло пораснаа за 78%.. Оттогаш, три години по ред, и владата на СДСМ и сега владата на ВМРО-ДПМНЕ ги намалува коефициентите за платите да останат на исто ниво.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пијанист од крузер спасен по девет часа во Тихиот Океан

Пијанист од крузер е спасен откако поминал девет часа во Тихиот Океан, на околу 32 километри од брегот на Калифорнија. 

Пијанист од крузер спасен по девет часа во Тихиот Океан

Мажот, вработен во компанијата „Ројал Карибиан“ (Royal Caribbean), паднал од бродот и пливал сè додека во петокот не го забележале двајца рибари.

Неговиот идентитет сè уште не е објавен, пренесува Би-Би-Си (BBC). Рибарите Грант Герет и Шон Нортон го забележале мажот во близина на островот Каталина. „Си помислив: ’Тоа е човек. Гасете го бродот, повлечете ги сите јажиња‘“, раскажа Герет.

Мажот им кажал дека работи како пијанист на „Овејшн оф д сиз“ (Ovation of the Seas) – крузер со 14 палуби. „Единственото нешто што ни го кажа беше: ’Ви благодарам. Мислев дека ќе умрам‘“, додаде Нортон.

Според американската крајбрежна стража, спасениот пијанист е пренесен во болница и се наоѓа во стабилна состојба.

Крајбрежната стража за Би-Би-Си (BBC) потврди дека ги истражува околностите на инцидентот.

Службите за спасување сметаат дека мажот паднал во морето околу 02:30 часот по полноќ – речиси девет часа пред да биде пронајден.

Адам Јасенда, капетан на спасувачката служба во Њупорт Бич, изјави за Си-Би-Ес (CBS) дека мажот се наоѓал на 25 до 30 километри од брегот – практично среде океанот.

Шон Нортон смета дека пијанистот преживеал исклучиво поради невообичаено топлата вода.

„Ова е година на екстремен ’супер Ел Нињо‘. Човекот веројатно поминал десет часа во водата, а температурата на морето изнесувала 24 степени “, објасни тој.

„Во која било друга година, тој не би имал никакви шанси за преживување.“ Научниците кои го следат Тихиот Океан потврдија дека тековниот климатски феномен „Ел Нињо“ е најсилниот некогаш забележан. Температурите на океанот се за околу три степени Целзиусови над просекот. Компанијата „Ројал Карибијан Груп“ (Royal Caribbean Group) даде коментар за случајот. „Му ја пружаме сета потребна поддршка и помош на нашиот член на екипажот. За да ја заштитиме неговата приватност, не можеме да откриеме дополнителни детали“, изјави портпарол за Би-Би-Си.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Златото и среброто бележат раст на светските берзи

Цените на благородните метали бележат позитивно движење на светските берзи, при што и златото и среброто ја започнаа трговската сесија со раст.

Златото и среброто бележат раст на светските берзи

Фјучерсите на златото со рок на испорака во декември 2026 година достигнаа цена од 4.100,26 долари за унца, што претставува зголемување од 25,36 долари, односно 0,62 проценти. Во текот на тргувањето цената се движеше во распон од 4.062,55 до 4.143,17 долари.

Позитивен тренд бележи и среброто. Фјучерсите за декември се тргуваа по цена од 52,258 долари за унца, со раст од 0,316 долари, или 0,61 процент. Највисоката забележана цена изнесуваше 53,453 долари, додека најниската беше 51,415 долари.

Движењата покажуваат истовремен раст на двата благородни метала, кои традиционално се следат како важни инструменти на меѓународните финансиски пазари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици

По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.

Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици

Во Основниот суд во Кочани продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи во октомври минатата година на експресниот пат Штип–Кочани.

По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.

Во Кочани е Михајло Видимлиски, Михајло повели со деталите за денешното судење?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер