Платини призна дека Мундијалот во Франција бил „поднаместен“ - Канал 5

Платини призна дека Мундијалот во Франција бил „поднаместен“

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, за француските медиуми изјави дека на Светското првенство во Франција во 1998 година било наместено домаќините и Бразил да играат дури во финалето.

Платини призна дека Мундијалот во Франција бил „поднаместен“

Платини, кој беше еден од првите луѓе во организацијата на овој Мундијал, наведува дека упоребиле мала итрина, што според него ја употребуваат сите домаќини на првенството.

- Кога го организиравме календарот со натпревари направивме мала итрина. Ако завршевме први во групата, а истото го направи Бразил, тогаш немаше да се сретнеме пред финалето. Работевме напорно шест години, па не сакавме да пропуштиме да го направиме и овој мал маневар. Кога сте домаќин можете да правите такви нешта. Мислите дека тоа не го прават останатите? Франција против Бразил во финалето, тоа беше сон за сите, истакна поранешниот претседател на УЕФА.

На ждепката за Светското првенство во Русија само домаќинот е однапред сместен на позицијата А1. Но, на Мундијалот во 1998 година беше поинаку и Бразил се наоѓаше во групата А, а Франција во групата Ц и бидејќи двата тима завршија на првите места во групата тие не се сретнаа до финалето.

Во финалето домаќините го совладаа Бразил со 3:0, а Франција го освои единствениот трофеј на Светските првенства.

Потоа Платини беше претседател на УЕФА во периодот од 2007 до 2015 година, кога беше суспендиран по корупцискиот скандал во ФИФА. Тогаш беше утврдено дека Платини постапил неетички со тоа што примил два милиони швајцарски франци од претседателот на ФИФА, Сеп Батлер, за ангажмани кои завршиле пред десет години. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер