Археолозите со морничаво откритие- пронајдени гробови со обезглавени тела, по 9 монети имало во черепите покрај нозете (ФОТО)
1Археолозите со морничаво откритие- пронајдени гробови со обезглавени тела, по 9 монети имало во черепите покрај нозете (ФОТО)
3Шокантни обвинувања против таткото на Меган Маркл- полицијата истражува ужасен материјал, пронајден во неговата куќа
ТехнологијаПлатформата за поврзување на мали бизниси „Акселера" Платформата за поврзување на мали бизниси „Акселера" еден од победниците на регионалниот Балкатон 2021.Платформа за поврзување на занаетчии, мали бизниси, социјални претприемачи со големи организации, корпорации и инвеститори – accelera.mk е македонскиот победник на вториот регионален натпревар Балкатон 2021 за најдобро дигитално решение, организиран од Советот за регионална соработка (РЦЦ). Зад идејата, претставена на четвртиот Дигитален самит на Западен Балкан, што се одржа од 11 до 13 октомври во Подгорица, стои млад мултидисциплинарен тим – Катерина, Анита, Дарко, Кристина, Васил и Теа, сите дел од Иванов школата за лидери – алумни асоцијација (ИСЛАА). Лидерката на тимот на ИСЛАА, Катерина Климовска во интервју за МИА, вели дека платформата ја создале предводени од идејата дека секоја новина и креативност на пазарот е добродојдена и треба да го најде својот пат до успехот, со стремеж за промоција и понуда на нови иновации на пазарот. – Акселера е заедница во којашто главните цели се насочени кон поттикнување на соработки и заедништво, откривање и редизајнирање на нови односи со клиентите и обликување на општествено одговорни бизниси во целост. Сето тоа, преку нашата заедница, би придонело за забрзување на растот на бизнисите и достигнување на т.н извонредност, посочува Климовска. Идејата, објаснува Климовска, се роди од големата желба да се оживее уникатноста која е вткаена во ракотворбите, ремек – дела ткаени и изработени со душа и срце, како и зачувувањето и заштитувањето на вештините и знаењата кои ги поседуваат традиционалните занаетчии. – Крајно време е уметничките форми да заживеат и да се разбуди свеста за нив во широкото поднебје. Одлучивме да преземеме иницијатива и ние да бидеме тие, кои ќе го дадат најдоброто од себе да го промовираат и заштитат културниот идентитет и традиционалните вештини на малите производители – занаетчии. Така, ја создавме оваа заеднца која не се базира на територија, улици, туку на мрежи за градење доживотни соработки кои гарантираат долгорочни позитивни резултати и партнерства кои гарантираат успех. Затоа, првичнта идеја ја надополнавме со вклучување и на големите корпорации кои преземајќи иницијатива да ги поддржат малите бизниси, може да играат важна улога во ре-дизајнирањето на економските концепти, вели Климовска. „Акселера" е еден од шестте победници на вториот регионален натпревар Балкатон 2021 за најдобро дигитално решение, организиран од Советот за регионална соработка. Откако го виделе повикот со кој се охрабруваат млади луѓе да аплицираат со проектни идеи од областа на е-здравство, е-претприемништво, зелени и паметни градови, Климовска нагласува дека, имале брза и ефикасна акција каде низ взаемен разговор и дискусија, отвориле тема, направиле тим, детектирале проблем и подготвиле проектна апликација. – Од моментот на добивање на наградата, па се до нејзина целосна реализација, бевме во постојана комуникација со претставници од РСС. Во текот на изминатите недели, преку дигитална платформа за учење, имавме тренинзи и обуки реализирани од тројца професори. Секој вторник во неделата имавме предавање за подинечен сегмент од Канвас бизнис моделот, и на крај ни беше задавана задача на која моравме да одговориме од аспект на нашиот проект и на крај на неделата, на посебни тимски состаноци (поединечен состанок на секој тим со менторите) ги дискутиравме одговорите на задачата. Фактички, овој процес на учење и работа беше теоретско развивање на проектната идеја и практично имплементирање, како би дошле до финалниот продукт – во случајот нашата платформа, објаснува Климовска. За тоа каде ја гледаат „Акселера" за две, три, пет години, Климовска во интервјуто за МИА, нагласува дека нивната визија е да вклучат нови играчи и да се прошират и надвор од границите, станувајќи дигитална платформа за акцелерација на мали бизниси на Балканот или во земјите од Западен Балкан. – Тимот којшто работи на платформата е убеден дека оформувајќи се како еден дигитален старт-ап, Акселера има многу што да понуди. Спојот на различните поднебја во кој функционираат нашите поединечни економии, е навистина еден интересен сплет кој може да донесе само корисни ефекти. Исто така, ја препознавме и желбата на македонската дијаспора за поддршка на овие бизниси, така да и нејзиното вклучување (без разлика на тоа од кој континент доаѓа) би било навистина голем чекор напред во дополнителна промоција, дополнително зајакнување и чекор напред во растежот, вели Климовска. На прашањето зошто младите претприемачи треба да се приклучат на платформата и што може да очекуваат од неа, Климовска вели дека во понудата ќе бидат вклучени месечни, квартални, полугодишни, години програми за забрзан раст, како и можност за диференцирани програми во зависност од индивидуалните потреби. – Дали станува збор за понуда и продажба, дали станува збор за поддршка при лансирање на нов производ или нова линија на производи, дали станува збор за техничко – тхнолошко надоградување, или можеби за проширување на бизнисот…, сето тоа и многу повеќе ќе биде овозможено преку нашите програми и поддршка, изјави Климовска. На вториот Балкатон, со вкупен награден фонд од 54 илјади евра наградени беа шест дигитални решенија на млади од Западен Балкан. Освен тимот на ИСЛА победнички идеи беа и апликацијата „Фармери до дома" на тимот „ХЕСТ" од Албанија, „Е-клиника" на тимот од Босна и Херцеговина, Онлајн доктор – Клиника за е-здравје на „Косовска дигитална асоцијација" од Косово, такси апликацијата „Покупи.ме" на тимот од Црна Гора и еколошка биоразградлива пластика произведена од „Бифрост" тимот од Србија./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПризнание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
КултураАрхеолозите со морничаво откритие- пронајдени гробови со обезглавени тела, по 9 монети имало во черепите покрај нозете (ФОТО)Археолозите открија серија необични римски гробници во Северен Јоркшир, откривајќи мистериозни обичаи кои датираат од пред речиси 2.000 години.Еден починат бил погребан со девет монети во устата, додека други гробови содржеле обезглавени тела со черепи поставени покрај нозете, а луѓе биле закопани со лицето надолу. Широк историски опсег Под еден од најпрометните и најважните автопати во Англија, А1, археолозите направија откритие кое нуди необичен увид во верувањата и обичаите на луѓето во римскиот период. Како што се приближува Ноќта на вештерките, наодите од Северен Јоркшир повторно го привлекоа вниманието кон необичните начини на кои луѓето од тоа време се однесувале кон мртвите, како и прашања за тоа што тие верувале за животот и смртта. Откритијата се дел од големо археолошко истражување кое вклучуваше 308 гробови на 14 различни локации. Пронајдените остатоци датираат од многу широк историски опсег - од раното бронзено доба до англосаксонскиот период. Сепак, неколку римски гробови особено го привлекоа вниманието на истражувачите, бидејќи даваат вреден увид во обичаите и верувањата од тоа време, објавува Дејли Стар. Обичајот на положување монети Погребувањето во римскиот период играло исклучително важна улога. Се верувало дека душите на починатите можат да се налутат и да им наштетат на живите ако нивните останки не се правилно погребани. Ваквите верувања биле поврзани и со „патувањето во подземјето“. Според идеите од тоа време, душата можела да го започне ова патување само по погребувањето. Затоа монетите пронајдени во устата на починатиот имаат посебно значење. Обичајот на положување монети покрај починатиот е познат како Харонов обол. Според старогрчката митологија, Харон бил митски бродар кој ги превезувал душите на починатите преку реката што го одделувала светот на живите од светот на мртвите. Монетата претставувала плаќање за ова патување, или надомест што починатиот морал да го обезбеди за да може неговата душа да премине на другата страна. Иако верувањето потекнува од грчката традиција, тоа било задржано и во одредени културни заедници за време на римскиот период. Наоди во другите гробови Она што го прави гробот од Катерик особено издвоен е фактот дека дури девет монети биле пронајдени во устата на починатиот. Имено, многу почеста практика била да се постави само еден. Археолозите кои работат за компанијата Cura Terrae, која била задолжена за истражувањето, веруваат дека поголемиот број монети можеби претставувал еден вид преплата за услуга на митскиот бродар или обид да се обезбеди безбедно преминување на душата во подземјето. Уште повознемирувачки наоди се откриени во други гробови. Имено, археолозите пронашле двајца луѓе чии глави биле отсечени, а потоа поставени пред нивните нозе. Истражувачите, исто така, утврдиле дека двата гроба содржат елементи од камени конструкции, познати како цисти, кои се користеле за сместување и заштита на останките. Покрај тоа, уште две лица се пронајдени закопани со лицето надолу, наместо во вообичаената положба на грб. Откривање на бројни артефакти Точното значење на овој метод на погребување сè уште не е утврдено. Сепак, фактот дека ваквите гробови се појавуваат меѓу некои подоцнежни погребувања може да укажува на промени во верувањата и погребните обичаи кон крајот на римскиот период. Археолозите ја разгледуваат можноста дека обезглавувањето служело за да се спречи починатиот да „се врати кај живите како одмаздољубиви духови“, додека погребувањето со лицето надолу можеби било знак на „непочитување“ или посебен ритуал. Покрај необичните методи на погребување, истражувањето открило и бројни предмети што биле ставани со починатиот и очигледно имале посебно значење. Меѓу нив имало прободени монети, привезоци и прободен кучешки заб. Археолозите претпоставуваат дека некои од артефактите можеби биле дел од амајлии или збирки заштитни предмети за кои се верувало дека можат да го заштитат починатиот. „Длабоко лични верувања“ Стјуарт Рос, раководител на истражувањето во Кура Терае, рече дека наодите даваат редок увид во личните верувања на луѓето што живееле пред речиси два милениума. „Ноќта на вештерките обично се поврзува со приказни за духови, натприродно и враќање на мртвите во живот, но тие ни даваат увид во длабоко личните верувања на луѓето пред илјадници години за смртта, погребувањето и задгробниот живот“, рече Рос. Тој објасни дека ставовите за смртта во римскиот период биле различни и дека пронајдените гробови одразуваат по традиционални разбирања. Сите пронајдени артефакти и археолошки материјал сега се чуваат во Фондот за музеи во Јоркшир, каде што ќе бидат достапни за понатамошно проучување.Тагови: гробови черепи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПризнание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
БалканНовооткриена галаксија го доби името во чест на српските студенти (ВИДЕО)Српскиот астрофизичар Дарко Доневски ја именуваше една од новооткриените галаксии SL3 во чест на студентите во Србија. Тоа е симболично име со кое тој одлучи да му оддаде признание на студентското движење, а веста ја објави на социјалната мрежа X, објави Индекс. „Од денес студентите од Србија имаат своја галаксија! ГАЛАКСИЈА SL3!“ напиша Доневски, кој откри дека неговиот истражувачки тим открил 17 галаксии во длабоката вселена пред една година користејќи ги телескопите ALMA и James Webb. Галаксија која ќе продолжи да создава ѕвезди милијарди години Доневски објасни дека некои ѕвезди во галаксијата SL3 штотуку се формираат, додека други се стари повеќе од седум милијарди години. Галаксијата содржи и големи количини молекуларен гас од кој ќе се формираат нови ѕвезди. „Оваа галаксија, исто како и студентите, патувала долг пат за нејзината светлина да стигне до нас“, напиша астрофизичарот. Галаксијата долго време е невидлива за оптичките телескопи поради големата количина на гас и прашина. Сепак, набљудувањата од телескопите ALMA и James Webb го открија нејзиниот екстремно светол центар, поврзан со формирањето на нови генерации ѕвезди. Според Доневски, галаксијата би можела интензивно да создава ѕвезди уште три милијарди години. Od danas, studenti Srbije imaju svoju galaksiju! GALAKSIJA SL3!🙂 (1/3) Pre godinu dana, teleskopima ALMA i Džejms Veb, moj tim i ja smo otkrili 17 galaksija u dubokom svemiru. U čast studenata, odlučio sam da jednu od njih nazovem SL3. Upoznajte je👇 #Studentisupobedili https://t.co/J09txzf2HB — Dr. Darko Donevski (@darkOenergy) October 30, 2026 Името е симболично, не е официјално име Доневски нагласи дека SL3 не е официјалното име на галаксијата, туку симболично име што тој лично одлучил да ѝ го даде. Тој објасни дека галаксиите имаат официјални каталошки ознаки, но дека астрономите користат и неформални имиња во научната комуникација. Затоа решил на една од галаксиите откриени од неговиот тим да ѝ даде име посветено на студентите во Србија, со намера да се користи во медиумите, научните трудови и на конференции. Студентско движење во Србија Посветувањето доаѓа во време кога студентите во Србија станаа едни од најважните учесници во политичките и општествените настани во земјата. Студентските протести започнаа по уривањето на крошната на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година. Студентите бараа одговорност за трагедијата, а протестите и блокадите на факултетот прераснаа во пошироко движење против владата. Доневски ја заврши својата објава за галаксијата со хаштагот #StudentiSuPobedili, поврзувајќи ја својата научна работа со студентското движење.Тагови: галаксија студенти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАмериканка ја поминала воената обука во Исламската држава- ѝ се заканува долгогодишен затвор Американка која се приклучила на групата Исламска држава пред да биде заробена во Сирија од силите што се борат против групата е прогласена за виновна за добивање воена обука од џихадистите. Халима Салман, 27, била една од стотиците странски жени кои отишле или биле однесени на територија контролирана од Исламската држава (ИД), каде што се омажиле за џихадистички борци пред да бидат заробени и држени додека не се репатрираат во нивните матични земји. Судбината на жените и нивните деца стана спорно прашање за западните земји, од кои некои биле оставени во логори или им било одземено државјанството од нивните поранешни татковини. Мајката на Салман е Американка, а нејзиното семејство ги напуштило САД за Сирија кога таа била дете, објави АФП. Салман е прогласена за виновна за добивање воена обука од Исламска држава кога имала 18 години, соопштија обвинителите. Таа може да се соочи со затворска казна до 10 години за злосторството. American woman convicted of getting military training from Islamic State https://t.co/TXBbmJbb6M — The Straits Times (@straits_times) October 27, 2026 Кога имала 17 години, кон крајот на 2016 година или почетокот на 2017 година, таа патувала на територија контролирана од Исламска држава во Сирија, минувајќи низ Русија и Турција. „Додека била во Сирија, Салман била обучена за употреба на автоматска пушка и ѝ била обезбедена муниција од воен баталјон на ИСИС кога имала 18 години“, рекоа обвинителите во обвиненијата, користејќи друг акроним за организацијата. Според судските документи, додека била во Сирија, таа се омажила за германско-авганистански борец на Исламска држава, Абу Али. На почетокот на 2019 година, таа била заробена од сириските сили кои се бореле против Исламска држава и сместена во камп за раселени лица, каде што останала до 2024 година. Потоа Салман се вратила во Соединетите Држави и била уапсена. „Денешната пресуда го смета Салман за одговорен за приклучување кон терористичка организација“, рече американскиот обвинител Џозеф Ночела. „ИСИС ја опустоши Сирија и предизвика хаос низ целиот свет, а нашата канцеларија на обвинителот ќе продолжи да ги гони оние кои ја поддржувале нејзината крвава власт“. Нејзиниот адвокат тврдел дека Халима била „жртва на тоа што била однесена како дете од [сопругот на нејзината мајка] на територијата на ИСИС во Сирија“. Адвокатот додаде дека Салман не бил свесен за верувањата на човекот кои се залагаат за ИСИС. Коалицијата предводена од САД се распореди во Ирак и Сирија во 2014 година за да се бори против групата Исламска држава, која зазеде големи делови од територијата, изврши масакри и принуди илјадници жени и деца во ропство. Курдските сили сè уште држат околу 2.200 странски роднини на осомничени борци на Исламска држава во камп во североисточна Сирија, потврди денес официјален претставник. Програмата за екстремизам идентификуваше 83 возрасни Американци кои патувале во Сирија или Ирак од 2011 година и биле поврзани со џихадистички групи.Тагови: Американка Исламската држава Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook