Пластичен хирург учел на своите ќерки: Им ги оперирал градите и станале негова подвижна реклама (видео) - Канал 5

Пластичен хирург учел на своите ќерки: Им ги оперирал градите и станале негова подвижна реклама (видео)

Им вградил силикони, им става секој викенд ботокс во лицето, тие се неговата подвижна реклама.

Пластичен хирург учел на своите ќерки:  Им ги оперирал градите и станале негова подвижна реклама (видео)
Пластичниот хирург Мајкл Никол првпат ја оперирал својата ќерка Чарм кога имала само 10 години.

Оттогаш Чарм (денес има 25 години) и нејзината сестра Британи (25), ги оперирал неколку пати, зголемувајќи им ги градите и обликувајќи им го носот.

Така, сестрите Чарм и Британи станале подвижна реклама за својот татко, кој е пластичен хирург.

Мајкл Никол и неговата сопруга Пени посвоиле две девојчиња. Тие сега редовно заминуваат во клиниката на својот татко за со ботокс да им го пополни лицето и длабински да им ја очисти кожата.

„Секој втор месец моето лице е на некој третман. Мислам дека ботоксот е многу важен, бидејќи го спречува појавувањето на брчки на моето лице. Исто така добивам ботокс и под пазувите, со што се спречува потењето“ – изјави Чарм за медиумите.

Воопшто не им смета тоа што нивниот татко им ги оперирал градите, т.е. им ставил силикони.

„Некои луѓе ме прашаа, зарем не ти е чудно тоа што татко ти, ти ги видел градите. Воопшто не. Јас сум негова ќерка и тој ме видел гола додека сум била бебе“ – изјави Британи.

Скоро сите наши пријатели се на третман кај нашиот татко. Без оглед дали станува збор за операција на гради, липосукција, ботокс или чистење на лице“ – изјави Чарм.

На нивната мајка Пени во почетокот не и се допаднало тоа што нејзините ќерки сакаат силни пластични операции, но со време попуштила. Кога девојките почнале да ја посетуваат клиниката на нивниот татко на редовна база, таа била загрижена дека би можеле да станат зависни од пластична хирургија.

„Долго време се борев со нив, но кога видов колку не го сака својот нос, попуштив“.

Доктор Никол тврди дека не ги наговорил ќерките на пластична хирургија.

„Пораснаа опкружени со убавина. Нашите автомобили се совршени, нашата куќа е прекрасна и сите наши пријатели се убави“ – изјави Никол.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 14.11.2026 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.В.(29) од Радовиш.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)

Новиот кинески електричен патнички авион полета со одлични резултати, завршувајќи го својот прв лет со екипаж.

Полета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)

Авионот од 10 тони прелета над Бинжоу, во источната кинеска провинција Шандонг, каде што двајца пилоти и еден инженер за тестирање на летот го тестираа во саботата.

Развиен од COMAC - Корпорацијата за комерцијални авиони на Кина - CE-25A е првиот електричен комерцијален авион на компанијата. Дизајниран првенствено за кратки меѓуградски летови, може да носи до 19 патници со брзина на крстарење од 300 километри на час.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Ford“ ја враќа ознаката „Cobra“

Новиот „Mustang Cobra“ доаѓа во 2027 година, но потенцијалните купувачи ќе мора брзо да дејствуваат.

„Ford“ ја враќа ознаката „Cobra“

„Ford“ го подготвува враќањето на значката „Cobra“ на „Mustang“, а новиот спортски модел треба да продолжи таму каде што застана „Shelby GT350“. Се очекува да има атмосферски V8 мотор, мануелен менувач и моќност од најмалку 550 КС.

„Ford Racing“ објави кратко тизер видео со кое се потврдува пристигнувањето на нов „Mustang“ со мотор развиен врз основа на искуството од трките. Премиерата е најавена за 2027 година, а сè укажува на враќање на значката „Cobra R “.

Според информациите објавени од „Ford Authority“, новиот модел ќе биде духовен наследник на „Mustang Shelby GT350“, а треба да пристигне во салоните како модел од 2028 година. Производството би можело да трае релативно кратко, до моделската година 2029 година. Под хаубата се очекува атмосферски 5,2 или 5,4-литарски V8 мотор, поврзан со шестстепен мануелен менувач „Tremec“. Официјалните бројки за моќност сè уште не се објавени, но се проценува дека моторот би можел да развие помеѓу 550 и 575 КС.

За споредба, претходниот „Mustang Shelby GT350“ користеше 5,2-литарски „Voodoo V8“ со 533 КС и 582 Nm вртежен момент.

Сегашниот „Mustang Dark Horse“ со 5,0-литарски V8 мотор развива 508 КС, додека „Dark Horse SC“ има дури 806 КС.

Враќањето на името „Cobra“ има и финансиска позадина. „Ford“ повеќе не сака да му плаќа на „Shelby American“ за користење на неговото име.

Според текстот, „Ford“ претходно плаќал околу 800 долари за секој продаден „Shelby Mustang“, што вкупно изнесувало повеќе од 30 милиони долари трошоци за лиценцирање.

Затоа, новиот модел би можел да се нарече „Cobra“ наместо „Shelby GT350“.

Последен пат кога „Ford“ ја користеше оваа ознака беше на почетокот на 2000-тите, на моделот „Mustang SVT Cobra“ со V8 мотор со компресор.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер