Пласидо Доминго, еден од најголемите тенори на денешницата, вечер настапува во Скопје - Канал 5

Пласидо Доминго, еден од најголемите тенори на денешницата, вечер настапува во Скопје

Славниот шпански тенор и диригент Пласидо Доминго вечер во 21 часот ќе одржи концерт во арената „Борис Трајковски“. 

Пласидо Доминго, еден од најголемите тенори на денешницата, вечер настапува во Скопје

Со него ќе настапи и Марија Хозе Сири - една од водечките сопрани во светот, заедно со оркестарот на Македонската опера и балет. Диригент ќе биде Жорди Бернасер од Шпанија.

Пласидо Доминго пристигна во Скопје во средата. Без ни минута одмор, славниот маестро од аеродромот директно се упати кон Националната опера и балет, каде заедно со оркестарот на НОБ ја одржаа првата проба.

Вечерашниот оперски концерт ќе има два дела. Првиот ќе биде со дела од италијанската музичка литература, а вториот дел ќе биде проткаен со шпанското музичко творештво и со неколку арии од оперетите на Штраус и Лехар.

Концертот го организира Македонската опера и балет со „Прагма продукција“, а со поддршка од Министерството за култура и туризам.

Директорот на Македонската опера и балет Оливер Арсовски минатиот месец на прес-конференција нагласи дека овој концерт е шанса за позиционирање на државата на светската сцена. - Се надевам и сигурен сум дека ќе има бис, изјави Арсовски.

Пласидо Доминго има кариера, која се протега 50 години, и е заслужен дел од светската оперска уметност. Досега имал над 150 солистички улоги, над 4.400 настапи и над 600 настапи како диригент. Доминго, како што рече, е едно од најпочитуваните имиња во класичната музика, освојувајќи безброј признанија, вклучително и 12 „Греми“ награди. Доминго бил член на Тројцата тенори, режисер, диригент, почесен уметнички директор на Стогодишниот фестивал Арена ди Верона и генерален директор на Операта во Лос Анџелес и Националната опера во Вашингтон.

Марија Хозе Сири е драмски сопран број еден во светот. Досега имала над 150 настапи, а во 2010 година настапи на Мајските оперски вечери.

Концертот ќе го диригира шпанскиот диригент Жорди Бернасер, кој од 2012 година соработува со Пласидо Доминго. Тој е еден од врвните шпански диригенти.

[null]

Како што информираа од „Прагма продукција“, гостувањето на Доминго е специјално и не е дел од некаква турнеја. Најавија дека продукцијата и озвучувањето на концертот ќе биде перфектно, додавајќи дека ова не е прв концерт на Пласидо Доминго во спортска сала.

- За една мала земја како што сме ние, ова е од големо значење. Маестро Доминго не почитува и како земја, тоа може да го видите во изјавите, и без никакво наше нагласување, земјава ја претстави како Македонија, во сите негови изјави и на неговата официјална веб-страница, соопштија од „Прагма продукција“.

Маестро Доминго во пресрет на концертот преку видео изрази задоволство што ќе настапи во земјава и најави настан што долго ќе се памти.

- Програмата на концертот ќе ги разбуди сите емоции: радост, смеа и, се надевам, моменти кои ќе ги паметиме засекогаш. Ова е моја прва посета на Македонија и навистина сум возбуден што конечно ќе ја доживеам магијата на вашата прекрасна земја”, порача Пласиди Доминго.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер