СветПланот за победа на Зеленски, вклучува безбедносни гаранции како за членство во НАТОСпоред „Планот за победа“ што украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе им го претстави оваа недела на американскиот претседател Џо Бајден и претседателските кандидати Камала Харис и Доналд Трамп, Украина ќе бара безбедносни гаранции.Според „Планот за победа“ што украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе им го претстави оваа недела на американскиот претседател Џо Бајден и претседателските кандидати Камала Харис и Доналд Трамп, Украина ќе бара безбедносни гаранции слични на оние на членките на НАТО. Како што пишува „Тајмс“, „Планот за победа“, покрај безбедносните гаранции, содржи уште три точки: продолжување на украинските операции во руската погранична област Курск со цел да го зголеми својот преговарачки удел, барање за „конкретно“ напредно оружје како и меѓународна финансиска помош за обнова на Украина. Zelensky's Victory Plan, as revealed by The Times, does not include Ukraine's NATO membership but seeks security guarantees similar to NATO’s Article 5. The plan involves the continuation of military operations in the Kursk region, a request for advanced modern weaponry, and… pic.twitter.com/Jax3vYrMHt — NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) September 23, 2024 Според извештаите, барањето на Зеленски за безбедносни гаранции го продолжува неуспехот на Украина да биде прифатена во НАТО и другите меѓународни сојузи и во исто време претставува желба за „доказ“ за американската посветеност на одбраната на Украина, откако Трамп претходно зборуваше за потенцијална територијална отстапки за Русија со цел да заврши војната. „Тајмс“ истакнува дека Зеленски сака да избегне Украина да се најде во ситуација кога треба да се согласи на неповолен мировен договор. Зеленски претходно изјави дека е потребна поддршка од Бајден и другите западни лидери за Украина да може да ги започне преговорите од „силна позиција“ пред крајот на годината. Неименуван западен дипломат истакна дека исходот од претседателските избори во САД ќе има одлучувачко влијание врз потезите на Русија во понатамошниот тек на војната. „За рускиот претседател Владимир Путин тоа е најрелевантниот елемент во неговите пресметки. Ако Русите дојдоа до заклучок дека во Вашингтон постои влада која е решена да продолжи да ја поддржува Украина, тоа дефинитивно ќе го промени нивниот став за можните преговори. Но, ако почувствуваат дека Доналд Трамп е тој што би можел да им понуди евтин излез, тоа ќе биде крајот“, рече дипломатот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МетеоДенес променливо облачно со сончеви периодиВремето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени. Во Скопје, променливо облачно, попладне ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 12 степени. Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од понеделник температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 15. ноември 2026 година. Дневен хороскоп за недела, 15. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе се вклучите во мрежата на весели луѓе кои се подготвени се да споделат со другите. Ќе биде тоа полн погодок за вас. Кариера Работата ќе ја вршите со песна. Едноставно ќе ви оди. Нема да поставувате непотребни прашања. Здравје и совет Добро е што не ги комплицирате работите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Веројатно е пријатно излегување и вашата популарност во друштвото. Но одвнатре и натаму ќе бидете празни. Кариера Без оглед што можеби ја знаете работата најдобро , ослободете се од потребата да доминирате. Треба да соработувате. Здравје и совет Издржете. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Повторно ќе играте на карта на љубезност и убаво однесување , но работата е во тоа што станува збор само за надворешност. Љубовта доаѓа од срце. Кариера Можеби нема најдобро да ве разберат , па затоа држете се до професионалните правила и стандарди. Така ќе ви биде полесно. Здравје и совет Наспијте се. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Некои своите љубавни грижи ќе му ги доверат на пријател,сдруги ќе ги скријат под тепих, а трети ќе се забавуваатсо друштво без оглед на се. Кариера Ќе финиширате една задача која можеби ви е здодевна. Оваа фаза на работата веќе подолго време требаше да се заврши. Здравје и совет Излезете меѓу луѓе . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Сериозните теми ќе ги отфрлите на страна со помош на духовит разговор. Другата страна нема да ви замери. Кариера Се што ќе работите или евентуално што ќе предлагате, ќе мора да го објасните. Ќе бидете успешни во тоа. Здравје и совет Не се натпреварувајте со никого. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе имате потреба да заминете што подалеку од дома. Ако живеете со партнер , ќе треба тоа да го објасните: Ако не, ќе имате големи опроблеми. Кариера Вашите замисли убаво напредуваат , а вие сте задоволни од резултатот. Денеска работете на детали. Здравје и совет Поврзете се со луѓе од други региони. Бик 21.4- 20.5. Љубов Во вториот дел од денот ќе станете поотворени за секаков вид дружење и забава, а ќе се појават и шанси за тоа. Кариера Со мали чекори ќе може да дојдете до значајна цел исто како и со големи. Затоа не се грижете ако напредокот е постапен. Здравје и совет Едноставно имајте верба. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Многумина ќе посакаат малку повеќе слобода или да се тргнат од грижите. затоа ќе побараат друштво без обврски. Кариера Вие сигурно можете и подобро , но моменталната ситуација тоа не ви го дозволува. само не ги обвинувајте другите. Здравје и совет Преземете одговорност. Рак 22.6-22.7. Љубов Во попладневните часови ќе се опуштите , а вашиот однос со саканата личност ќе се подобри. Кариера Ќе дојде до се подобра соработка меѓу вас и колегите. Ќе успеете да ги усогласите различните идеи и мислења. Здравје и совет Радувајте се . Има зошто. Лав 23.7-22.8. Љубов Освен што добро ќе се забавувате , во вас ќе тлее потреба за да бидете главни. На партнерот тоа би можело да му оди на нерви. Кариера Копнеете за уште поголеми признанија од оние кои неодамна ги добивте. Би било подобро да сте поскромни. Здравје и совет Разбистрете си го умот. Девица 23.8.-23.9. Љубов Како што ќе минува денот , ќе забележите дека вашата најсакана личност станува се почувствителна. Бидете внимателни. Кариера Потрудете се уште малку и резултатите ќе се појават . Тоа што сеуште не се гледат , не значи дека се далеку. Здравје и совет Треба повеќе да се рекреирате . Вага 24.9.-23.10 Љубов Истовремено ќе се забавувате и ќе сонувате за некоја идилична љубовна приказна. Тоа ќе биде вистински емотивен стерео. Кариера Сакате да се пошегувате со колегите. Денеска ќе направите мала ситуација , но никој нема да ви замери. Здравје и совет Ќе ширите ведар дух.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизНовата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираатСнимка од Мараја Кери во Бразил предизвика загриженост кај нејзините обожаватели. На социјалните мрежи, луѓето почнаа да се прашуваат дали сè е во ред со 57-годишната пејачка, откако видео од нејзино јавно појавување покажа дека таа се движи малку нестабилно додека излегува од автомобил. За време на престојот во Бразил, пејачката делеше автограми и се фотографираше со фановите кои се собраа да ја поздрават, држејќи транспаренти. Иако изгледаше добро расположена, некои гледачи забележаа дека ѝ треперат рацете и дека чекори несигурно. Снимката беше објавена на „TikTok“. Фановите се прашуваат дали сè е во ред „Дали треба да се грижиме?“ – праша еден корисник на „TikTok“. „Изгледа како да чувствува болка“, напиша друг, додека трет ѝ посака добро здравје на пејачката: „Се молам за неа и ѝ испраќам убави желби на нашата Божиќна кралица“. Сепак, не сите ја протолкуваа оваа ситуација како причина за загриженост. Некои укажаа на конкретните услови во кои се движеше пејачката: врнеше дожд, теренот беше закосен, а Кери носеше високи потпетици. „Како прво, врне дожд. Второ, теренот е закосен. Трето, таа носи високи потпетици. Четврто, не сака да падне“, напиша еден корисник. На снимката се гледа и како нејзиниот асистент ја држи околу половината додека таа поминува покрај фановите. Засега нема информации кои укажуваат на тоа дека Мараја Кери има некакви здравствени проблеми, а самата снимка не е доволна за да се донесе таков заклучок.Тагови: Мараја Кери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00