ЗабаваПланинско-езерскиот фестивал „Охрид-Галичица 2023“ почнува викендов Авантуристичкиот клуб „Маунтин маднес“ (Mountain madness) по четврти пат организира викенд исполнет со многу авантура, планинарење, велосипедизам, логорување, забава и уживање, соопштија организаторите. - Фестивал на планината и езерото. Авантурата започнува во сабота на 17 јуни, со велосипедска тура околу Охридското Езеро и на локации покрај езерото. Оваа тура се организира со цел да се одбележи денот на Охридското Езеро - 21 јуни. Авантурата продолжува во попладневните часови со логорување во месноста „Корита“, каде што се организира камп со логорски оган и уживање со звуците на гитарата. Главниот настан, искачување до врвот „Магаро“ ќе биде во недела, на 18 јуни, од осум часот. Акцијата започнува со стартна точка од месноста „Липова Ливада“ на 1.600 метри надморска височина, појаснува претседателот на клубот, Мишко Танески. Како што се истакнува во соопштението, врвовите на планината Галичица нудат неверојатен поглед кон двете езера, Охридското и Преспанското, како и кон околните планини. - Патеката е во должина од девет километри и во времетраење од пет часа во двата правца. По искачувањето на „Магаро“ ќе се организира забава на плажата во автокампот „Љубаништа“ со жива музика и ди-џеј, сé до зајдисонце. Во рамките на овој фестивал, се планира и есенско искачување на „Магаро“ во септември, а датумот ќе биде дополнително објавен. Не се пропушта можноста во ист ден да се биде на врвот на планината и да се капеш во Охридското Езеро, потенцира Жанко Голабоски од клубот. Со оглед на тоа што фестивалот вклучува повеќе настани, од вело тура, логорување, искачување на Магаро, забава на плажа и друго, подвлекуваат од клубот, избор на учесникот е во што ќе се вклучи, а може да направи и комбинација. - За време на акцијата за сите учесници, влезот во НП „Галичица“ ќе биде слободен. Обезбеден е автобуски превоз од Охрид до стартот и назад по симболична цена. Секој учесник треба да поседува планинарска опрема, храна од ранец и 1,5 литар вода. Учесниците одат на своја одговорност и за секое непочитување на маршутата и правилата поставени од организаторот, сами одговараат за последиците, пишува во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Реконструкција на улици, нова пешачка патека и набавка на возила во ЗелениковоЛокалната власт во Општина Зелениково, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во изминатата година работеше на подобрување на локалната инфраструктура, при што беа реконструирани повеќе локални улици.Во населеното место Орешани беше изградена нова пешачка патека, од мостот на главната улица до преминот преку Зелениковска Река. Општината, исто така, набави повеќе видови возила наменети за одржување на патната инфраструктура и за извршување на комуналните дејности. Особено значаен за Општина Зелениково е и проектот за градски воз на релацијата Зелениково-Скопје, кој на граѓаните им овозможува подобра поврзаност со главниот град. Општината и во наредниот период ќе продолжи да работи на унапредување на животната средина, подобрување на условите за живот и создавање поквалитетна и поздрава средина за сите граѓани. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМЕ: Минералното богатсво на Македонија со долгорочна развојна рамка до 2046 годинаМакедонија преку долгорочен план ќе создаде услови за подобро искористување на својот геолошки потенцијал и негово претворање во инвестиции, индустриски развој, нови работни места и поголема додадена вредност за домашната економија.Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини за периодот 2026–2046 година ги утврдува приоритетите за современи геолошки истражувања, одговорно користење на минералното богатство и создавање услови за долгорочни вложувања. Македонија располага со разновиден геолошки потенцијал, меѓу кој се олово, цинк, бакар, злато, антимон и никел, како и мермер, травертин, гранит и варовник. Еден од главните приоритети е поголем дел од економската вредност да се создава во земјата. Тоа подразбира поголема поврзаност на рударството со домашното производство, развој на преработувачки и други индустриски капацитети и примена на современи технологии. Подобреното геолошко истражување ќе овозможи попрецизно утврдување на потенцијалот и навремено планирање на идните вложувања. Со тоа се отвора простор за нови деловни активности и јакнење на домашните производни капацитети. Паралелно, се поставуваат повисоки стандарди за заштита на животната средина, транспарентност и заштита на јавниот интерес. Стратегијата е усогласена со европските политики, вклучително и Европскиот акт за критични суровини, што создава можности за поголемо вклучување на Македонија во европските индустриски синџири. Документот е подготвен преку стручна соработка на Македонската академија на науките и уметностите и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, со учество на експерти и консултации со релевантни институции и стручната јавност. Стратегијата е донесена од Владата, по предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, и претставува долгорочна рамка за развој на геолошките истражувања и рударството до 2046 година. Со овој документ се создава основа минералното богатство да не биде само предмет на експлоатација, туку двигател на домашната индустрија, инвестициите и долгорочниот економски развој, со одговорно управување и зачувување на животната средина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисНадал најави враќање на теренот! Еден од најдобрите светски тенисери во историјата, Шпанецот, Рафаел Надал би можел повторно да заигра на тенискиот терен, иако по завршувањето на својата професионална кариера призна дека не му недостига премногу тенисот.По повод десетгодишнината од неговата тениска академија на Мајорка, Шпанецот минатата сабота организираше ревијален турнир на кој учествуваа Енди Мареј, Карлос Моја, Доминик Тим, Марат Сафин, Давид Ферер, Ришар Гаске и Фабио Фоњини. Легендарниот Шпанец, освојувач на 14 титули на „Ролан Гарос“, повторно го зеде рекетот в раце по тој повод и навести дека би можел да се врати на теренот преку ревијални мечеви. „Во одреден момент повторно ќе играм ревијални мечеви, сакам да го сторам тоа. Подготовките бараат одреден напор, бидејќи телото треба да се доведе во соодветна состојба. Мислам дека е тоа нешто што треба да го пробам, но сакам да живеам ден за ден и да не размислувам премногу однапред“, изјави Надал, а пренесе „Л'Екип“. Иако неговото тело претрпе бројни повреди во текот на кариерата, Надал очигледно не ја затворил целосно вратата за враќање на теренот, па макар и на ревијални натпревари. „Сè уште чувствувам блага болка секој ден; исто така е точно дека имав операција и морав да вградам мала протеза во раката – тоа не е пријатно, но морав да го направам. Сепак, точно е и дека силната болка што долго време ме мачеше целосно исчезна, а тоа имаше многу позитивно влијание врз мојата ментална состојба. Психолошки се чувствувам подобро, имам помалку проблеми од порано и повеќе уживам во животот. Сето тоа е многу важно“, заклучи Надал.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook