Под контрола е пожарот во Сопиште: Направен е коридор за спас на шумата на Водно, гасат и „ер-тракторите“
2Под контрола е пожарот во Сопиште: Направен е коридор за спас на шумата на Водно, гасат и „ер-тракторите“
Крива Паланка го носи најголемиот музички спектакл на летото – Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар на градскиот стадион на 29 август
1Крива Паланка го носи најголемиот музички спектакл на летото – Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар на градскиот стадион на 29 август
ЗабаваПланинарски-спортски клуб „Голак" реализираше планинарски марш до месноста Свети води Шестчлена екипа на планинарскиот спортски клуб „Голак" од Делчево реализираше планинарски марш до месноста Свети води кај селото Тработивиште. Маршот, како што информираше претседателот на клубот Љупчо Чучуковски, се реализираше со почитување на мерките за заштита од Ковид-19. – Движењето за време на маршот се реализираше со почитување на потребното растојание помеѓу планинарите. Маршрутата беше долга девет километри со тоа што направивме една планинарска маршрута за посета на Светите води кои се наоѓаат меѓу селата Тработивиште и Разловци на планината Средна. Временските услови не послужија и сите планинари успешно ја реализиравме оваа планинарска маршрута, рече Чучуковски. Маршрутата, како што додаде, е заначајна за планинарите бидејки е дел од годишниот календар на друштвото за посета на локалитети кои малку и се познати на пошироката јавност. – Оваа месност е помалку позната на пошироката јавност, поради што нашата цел е да направиме нејзино промовирање. Според верувањата водата кај локалитетот Свети води е лековита. Светите води се посветени на светителите „Св.Недела", „Св.Петка" и „Св.Богородица" и има уште една света вода над нив посветена на „Св.Димитриј", за кои според кажувањата се верува дека имаат исцелителна моќ и дека лекуваат од разни растројства, депресии и болки во очите. Исто така според кажувањата на стручни лица локалитетот е значаен, бидејки овде се смета дека се наоѓа и испосничката ќелија каде своевремено браќата Кирил и Методиј ја напишале глаголицата, додава Чучуковски. Од ПСК „Голак" Делчево придржувајки се на мерките за заштита од Ковид-19 и во наредниот период најавија организирање на маршеви на територијата на Општина Делчево, се со цел промоција и презентација на убавините на петте планини во Општина Делчево. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Волково пожарот зафати една куќа, пожарникар доби изгоренициГолем пожар околу пладне избувна и во населбата Волково.И овој пожар е ставен под контрола, благодарение на интевенцијата на скопските пожарникари, кои излегле на терен со 4 возила. Огнот брзо се ширел поради силниот ветер и зафатил една куќа, која целосно изгорела. При гаснењето, еден пожарникар, се здобил со изгореници на раката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПод контрола е пожарот во Сопиште: Направен е коридор за спас на шумата на Водно, гасат и „ер-тракторите“Ставен под контрола е големиот пожар што попладнево избувна на територијата на општина Сопиште, зад Водно.Градоначалникот на Сопиште, Јане Мицевски, во изјава за Канал 5 вели дека населението е вон опасност, а направен е коридор за да се спаси шумата на Водно. Пожарот, кој избувнал над самото село чифлик засега е под контрола, благодарение на интервенцијата на скопската противпожарна бригада, ДЗС, како и доброволното друштво и месното население. Во гасењето учестувуваат и три авиони ер-трактор, а на терен интервенираат и четири пинцгауери. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија28 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси Во стабилна здравствена состојба пристигна 28 годишниот скопјанец кој има повреди на ‘рбетниот мозок заради пад од тобоган на летување во Турција. Повредениот пристигна со владиниот авион со тимот предводен од доктор Марта Тренева во комплексот „Мајка Тереза“ и беше итно донесен во ургентниот центар. Тимот на доктори предоводени од директорот на ТОАРИЛУЦ, Игор Мерџаноски објаснија дека операцијата во турската болница е добро направена и по две недели тамошно болничко лекување е донесен во Македонија. 28 годишниот е хоспитализиран во единицата за интензивно лекување и ќе се следи неговата здравствена состојба, објаснуваат докторите. Скопјанецот се повредил на 22 јули каде бил итно опериран, тој преживел тешка повреда на ‘рбетниот мозок и морало итна интервенција. По итна постапка и во координација со Владата, Фондот за здравствено осигурување и Службата за општи и заеднички работи беше обезбеден владин авион со кој пациентот беше транспортиран во Македонија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter