3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
ЖивотПланинарски марш до Голак по повод годишнината од Февруарскиот походПо повод одбележувањето на 78 години од Февруарскиот поход, Општина Делчево во недела (27 февруари) организира пригодна свеченост пред спомен-обележјето на планината Голак. Во рамки на настанот, како што информираа, ќе се одржи и традиционалниот планинарски марш кој се организира во соработка со Планинарскиот-спортски клуб „Голак" од Делчево. -Тргнувањето за учесниците на планинарскиот марш е планирано во 07:45 часот на 27 февруари од пред Спомен-домот АСНОМ во центарот на Делчево. Маршрутата е во правец Делчево – Стар Расадник-манастирски комплекс „Св. Богородица Балаклија" – детско одмаралиште – шумска зграда). Патеката е долга 20 километри (во двата правци). За учесниците на планинарскиот марш е обезбеден ладен оброк и чај, информираа од Општината. Пријавување за учество на планинарскиот марш, како што додадоа, е кај лицето Љупчо Чучуковски, претседател на ПСК „Голак" на тел 070/605-137 или во Општина Делчево на тел. 033 411 550. По повод значајниот датум од НОВ, Општина Делчево ги поканува сите заинтересирани граѓани, институции, политички партии и здруженија на граѓани кои сакаат да присуствуваат на настанот, со почитување на актуелните препораки за заштита од Ковид -19, да положат свежо цвеќе пред спомен-обележјето поставено на планината Голак. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПосебен режим на сообраќај утре во Скопје поради посета на делегација од Република КосовоНа 27.10.2026 (вторник) во официјална посета нa Македонија ќе присуствува претседателката на Собранието на Република Косово, Н.Е. г-ѓа. Албулена Хаџиу.Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје. Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.Тагови: режим на сообраќај Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканУпад на Информер: Драма на телевизија, Вучиќевиќ повика полицијаГрупа од неколку десетици луѓе, се собраа пред ТВ Информер вечерва, а подоцна упаднаа во редакцијата.Меѓу нив е и Дијана Хрка, мајка на една од жртвите од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад. Видео на кое се гледа групата пред Информер беше објавено на социјалните мрежи. „Да одржиме колегиум заедно“, стои во описот на видеото, во кое се слуша викање од толпата. Ma je l to dobri narod upao u Informer? https://t.co/Y9Z3rzQxr5 — Marijana 🇷🇸 (@MarijanaMM_) October 26, 2026 Група луѓе насобрани упаднаа во Информер Главниот уредник на Информер, Драган Ј. Вучиќевиќ, рече дека групата тропала по прозорците и вратите и дека, како што тврди, „скршиле една од вратите на влезот во телевизиската станица“. „Тропаат по прозорците, скршија една врата, сега одат на другиот влез. Сакаат да провалат“, рече главниот уредник на Информер. За време на емисијата, тој ја повика полицијата да реагира. Вучиќевиќ го повика лидерот на Студентската листа, Илија Срдановиќ, да реагира во живо на програмата. Vrati konju glavu Draganeeeee uživo https://t.co/zO8D1tTIfe — Bora (@BoraKonj) October 26, 2026 Потоа толпата упадна во редакцијата, вклучувајќи ја и Дијана Хрка. Како што може да се види во преносот во живо на телевизија, неколку компјутери беа скршени. Полицијата пристигна пред Информер во полна опрема. Pripadnici zborova upali u Informer. Ne znam šta će sad sa ovim, valjda da ga osedlaju prvo https://t.co/RFydWPbTEC — Nevena (@nevena227) October 26, 2026 Драган Ј. Вучиќевиќ ја напушти редакцијата во придружба на група насобрани луѓе По расправија со Дијана Хрка и другите присутни, главниот уредник на Информер Драган Ј. Вучиќевиќ ја напушти канцеларијата во придружба на насобраните луѓе. Извор: БлицТагови: Србија Информер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизТеа Таировиќ итно оперирана поради внатрешно крварењеСпоред пишувањата на локалните медиуми, Теа Таировиќ била подложена на итна операција поради внатрешно крварење.Веста за здравствената состојба на популарната пејачка предизвика загриженост во јавноста, откако се појавија информации дека таа во текот на ноќта била хоспитализирана, нејзиниот ПР-тим излезе со соопштение. Како што пренесува „Блиц“, лекарите одлучиле да извршат итна операција по извршениот преглед. Во соопштението од нејзиниот тим се потврдува дека Теа сега е добро. View this post on Instagram A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic) Веста за итната операција на Теа Таировиќ ги вознемири нејзините бројни обожаватели, кои со нетрпение очекуваат нови информации за нејзиното закрепнување. Извори за „Блиц“ наведуваат дека пејачката била примена во болница синоќа, а по лекарските прегледи, лекарите утврдиле дека е неопходна итна операција. Медиумот пренесува дека станувало збор за внатрешно крварење, а според изворите, животот на пејачката бил загрозен. Сериозноста на ситуацијата ја потврдува и фактот што медицинскиот тим реагирал веднаш. View this post on Instagram A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic) Теа Таировиќ сега е добро, потврдува нејзиниот ПР-тим По веста за итната операција, стигна информација и од тимот на пејачката. Нејзиниот ПР-тим потврди дека Теа Таировиќ сега е добро, но одбија да изнесат повеќе детали за нејзината здравствена состојба. „Теа Таировиќ сега е добро. Не сакаме да откриваме детали за нејзината здравствена состојба. Таа лично ќе ѝ се обрати на јавноста штом ќе биде во можност. Ве молиме за разбирање“, изјавија од ПР-тимот на Теа Таировиќ. View this post on Instagram A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic) Засега нема дополнителни информации за настаните што довеле до хоспитализацијата, ниту пак за тоа колку долго ќе трае нејзиното закрепнување.Тагови: Теа Таировиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook