Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
2Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
ЖивотПланинарски клуб Љуботен Тетово го прославува стотиот роденден со документарен филм за вековното постоењеПланинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово, најстариот планинарски клуб во Македонија, годинава одбележува еден век постоење со документарен филм кој првпат во земјава го прикажува животот, предизвиците и подвизите на едно планинарско друштво. Од клубот велат дека документарецот го следи развојот на клубот од неговото основање во 1925 година, преку изградбата на домовите на Шар Планина, до денешните генерации кои ја продолжуваат традицијата. Филмот е изграден врз лични сведоштва на активни членови, архивски снимки и современи кадри, и прикажува еден век на љубов кон планината, истрајност, пријателство и посветеност кон заедницата. -Ова е редок настан кој се случува во Македонија – значаен за планинарството, планинскиот туризам, градот Тетово и целата држава. Кога ќе се застане на врвот и ќе се почувствува тишината на планината, сфаќаш дека ова не е само клуб. Ова е семејство, ова е љубов што трае 100 години, вели Јован Божиновски, претседател на клубот. На 23 март 1925 година, група визионери од Тетово, предводени од шумарскиот инженер Орестије Крстиќ, го формираат тогашното Планинарско-туристичко друштво „Љуботен“. Првите децении биле скромни, но полни со ентузијазам – веќе во 1931 и 1934 година биле изградени првите планинарски домови во Македонија. -Ако го земеме фактот дека само шест години по формирањето, на Љуботен и Попова Шапка никнуваат домови, ќе сфатиме дека тие луѓе имале визија и свест за тоа што значи планинарството – не само како спорт, туку како култура и заедништво, објаснува Божиновски. Во педесеттите години клубот броел и по 950 членови. Од тогашните ентузијасти произлегле генерации што ги поставиле темелите на современото планинарство во земјата. Филмот ја раскажува историјата низ пет епохи – од првите патеки по Шар Планина, скијачките подвизи пред Втората светска војна, па сè до новото доба на дигитални мапи и апликации. Снимањата се реализирани на повеќе локации – во Тетово, Попова Шапка, Љуботен, Лешница, Маврово и Тетовско Кале, со што публиката добива целосна и жива слика за тоа како клубот растел, се менувал и преживувал низ општествени и историски турбуленции. Во документарецот се појавуваат и ретки архивски фотографии и видеа од искачувања на членовите на клубот на врвови како Килиманџаро (1988), Алпи (2019 и 2025). Клубот денес брои околу 150 активни членови, меѓу кои и осум професионални водичи со меѓународна IML-лиценца. -Документарниот филм е омаж на Шар Планина – нејзините врвови, долини, извори и луѓе што ги поврзува. Тоа е приказна за љубов што трае 100 години, и што ќе продолжи и во следниот век.Иднината на клубот е во рацете на следните генерации. Но ако нешто научивме во првиот век – тоа е дека љубовта кон планината не се гаси. Таа само расте, изјави Божиновски. Дел од документарниот филм за 100 години постоење на Планинарскиот клуб „Љуботен“ премиерно ќе биде прикажан на Свечената Академија на 15 ноември.Тагови: планинарење Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗаврши експедицијата на „Врело“: Поставени три нови светски рекорди09:26Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
МакедонијаДИК: Денес во Брвеница гласаат болните или немоќни лица и затвореницитеДенес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница.Вкупно 88 болни или немоќни лица можат да гласаат за градоначалник на Брвеница. Своето право на глас може да го остварат и вкупно 9 лица кои се на издржување казна затвор. Гласањето на овие лица се спроведува во 3 казнено поправни установи на територија на Македонија, и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово. Државна изборна комисијаТагови: ДИК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„Жетва без нејзино име“ во Јуроп хаус Струмица: Разговор за руралните жени и нивниот невидлив трудНад 38.000 жени во Македонија се регистрирани како земјоделки, но многу од нив немаат еднаков пристап до финансиска сигурност, породилно отсуство, здравствено осигурување и социјална заштита. Овие предизвици беа во фокусот на вчерашната панел-дискусија „Жетва без нејзино име: Руралните жени и невидливиот труд“, одржана во Јуроп хаус Струмица. Настанот беше организиран како дел од кампањата „Носи ја промената“ (Wear the Change), иницирана од Делегацијата на Европската Унија и амбасадите на земјите членки на ЕУ, обединети во #TeamEurope, во рамки на националниот караван. Дискусијата отвори простор за разговор за системските и институционалните пречки, но и за предрасудите и нееднаквостите што го ограничуваат пристапот на жените во руралните средини до нивните права. Жените земјоделки учествуваат во производството на храна и руралната економија, а истовремено најчесто се грижат и за домот. Сепак, нивниот труд и придонес често остануваат надвор од формалните економски и институционални рамки. Посебно загрижувачки е пристапот до имот и земјиште: во 2021 година, само 4,1 процент од жените во руралните области биле евидентирани како сопственички на имот, додека на национално ниво земја поседуваат само 12 проценти од жените. Разговорот ги опфати причините за овие нееднаквости, вклучувајќи ги практиките поврзани со наследувањето. Иако ќерките имаат законско право да наследуваат, често се откажуваат од својот дел во корист на браќата. На тоа влијаат долгогодишни традиции и очекувањето дека по бракот ќерката ќе „припадне на друго семејство“. Во дискусијата учествуваа Вероника Јоана Чолка, заменик-шефица на мисијата на Амбасадата на Романија, Лејла Рајкова, застапничка за правата на руралните жени и локалното земјоделство, и Лилјана Јоновски, вонредна професорка на Факултетот во Кичево и експертка за вклучување на жените во јавниот живот, со фокус на руралните средини. Разговорот го модерираше Андреа Угриноска од „Тиииит! Инк.“ – Скопје. Панелистките ги разгледаа предизвиците со кои се соочуваат жените што живеат и работат во руралните средини, спроведувањето на законите и достапните механизми за поддршка. Беше отворена и перспективата на Романија, како земја со значително учество на работната сила во земјоделството, како и прашањето за улогата на Европската Унија во унапредувањето на правата на руралните жени. Во разговорот беа опфатени и општествените и културните пречки што опстојуваат покрај законските рамки, како и начините на кои институциите и заедниците можат да придонесат за еднакви можности. По панелот, во прашања и одговори се вклучи и публиката. Главната порака од дискусијата беше дека придонесот на жените земјоделки мора да биде препознаен и проследен со еднакви права и сигурност. Обезбедувањето пристап до имот, здравствено и социјално осигурување и права поврзани со работата е важен чекор кон поправедно и одржливо општество. Преку караванот „Носи ја промената“, Делегацијата на Европската Унија, амбасадите на земјите членки на ЕУ и мрежата на Јуроп хаус продолжуваат да отвораат јавни разговори за родовата еднаквост и правата на жените низ земјата.Тагови: Струмица Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗаврши експедицијата на „Врело“: Поставени три нови светски рекорди09:26Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
МакедонијаМППС: Бараме итна акција за да се намали сиромаштијата и социјалната исклученост во земјатаОтворено писмо до владата на Македонија.Кога се соочуваме со сиромаштијата, солидарноста е отпор! На 17 октомври - меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата, потсетуваме дека речиси 22% од граѓаните живеат под линијата на сиромаштија: 29,5% од децата живеат во сиромаштија; 38% од децата се наоѓаат во состојба на повеќедимензионална сиромаштија и живеат во услови ризични по здравјето, учењето, безбедноста и развојот на самото дете; 19% од домаќинствата со деца добиваат детски и семејни додатоци, во споредба со 88% во Европската Унија. Од оваа статисика, најпогодени се децата во многудетните семејства, самохраните родители и ромските семејства. Но сиромаштијата е тесно поврзана и со услугите за грижа за деца и стари лица кои се ограничени - 45,5% од децата на возраст од 3 до 6 години посетуваат градинка, додека кај децата Роми таа стапка е 17% (во ЕУ таа стапка е 95%), Недостигот од услуги за грижа особено ги погодува жените, кои извршуваат 72,5 % од неплатената домашна работа и грижата за децата, старите и изнемоштени лица, што ја ограничува нивната економска независност и придонесува повеќе од половина од жените во земјата да се неактивни на пазарот на труд. Во Северна Македонија, сиромаштијата останува долготрајна, структурна и системска реалност додека социјалната заштита е под сè поголем притисок, што резултира со срам и изолација. Недостигот од стратегија уште од 2020 година, и постојаното префрлање на одговорноста меѓу централната и локалната власт, создава длабок институционален вакуум. Граѓаните се без системска поддршка во борбата против сиромаштијата. Повикувајќи се на европските цели и стандарди, бараме итно отворање на широк и инклузивен дијалог кој ќе ги преточи барањата во политики за достоинствен живот за сиромашните. Секоја можност за вклучување на преживеаното искуство во креирањето на државните политики е важен чекор напред, додека ние, претставниците на граѓанското општество и локалните организации, заедно со лицата со искуство во борбата против сиромаштија и социјална исклученост го ставаме на располагање тоа знаење и искуство. Нашата цел и директно барање е итно донесување на сеопфатна Национална стратегија против сиромаштијата, по примерот на Европската стратегија против сиромаштија, со која Европската комисија постави јасна цел за целосно искоренување на сиромаштијата до 2050 година. Состојбата во државата налага потреба од дефинирање на стратешка рамка за следење на мултидимензионалноста на сиромаштијата низ целиот животен век. Во време на тешки социо-економски предизвици, несериозно е државата да имплементира парцијални мерки кои не го решаваат проблемот и да промовира социјална помош која го гази човековото достоинство. Наспроти тоа бараме да се прекине пренесувањето на сиромаштијата низ животниот век преку обезбедување системска поддршка во сите критични транзиции, од детство кон младост, од младост кон вработеност и од работен век кон пензија. Оттука, Македонската платформа против сиромаштијата, по повод 17 Октомври - Меѓународен ден за борба против сиромаштијата, ги упатува следните барања до Владата: Итно спроведување на Европската гаранција за децата, универзален детски додаток и мерки за превенција на детската сиромаштија; Вклучување на домувањето во социјалните политики, со фокус на домувањето како човеково право, превенција на бездомништво, достапно домување за младите, заштита на граѓаните од нереалните цени на пазарот и незаконските пракси на правните субјекти; Развој на услуги за ранливите категории на граѓани, вклучително и вложувања за зголемување на пристапот до градинки, социјални услуги за деца со попречност и услуги за грижа и нега за стари лица; Намалување на сиромаштијата помеѓу вработените преку соодветна и доследна имплементација на механизмите за заштита и надзор врз работничките права; Усвојување на политики кои ќе ги намалат плаќањата од џеб на граѓаните во здравството; Развој на мерки за справувањето со сиромаштијата и социјалната исклученост кај постарите лица преку флексибилни патеки за пензионирање и соодветност на пензиите, поддршка за активно стареење и ефективен пристап до висококвалитетни услуги за нега и насочени интервенции за социјална инклузија. Националната стратегија против сиромаштија не може и не смее да биде уште еден документ без буџет и скриен во фиока. Таа треба да е документ од стратешко значење на Владата и институциите, кој ќе води кон структурно и системско искоренување на сиромаштијата и мора да е донесен инклузивно и транспарентно преку механизам за учество и следење од страна на граѓанските организации. Одбележувањето на 17 Октомври - Меѓународен ден за борба против сиромаштијата и реалната состојба на граѓаните се повод институциите да преземат одговорност за справување со сиромаштијата, заштита на правата, обезбедување соодветна социјална заштита и зачувување на достоинството на сите граѓани. Со поврзување на преживеаните искуства на луѓето со колективното дејствување и политичкото одлучување, можеме да изградиме општество во кое секој има моќ да учествува и каде што никој нема да биде изоставен. Конечно, НАМАЛУВАЊЕТО НА СИРОМАШТИЈАТА Е ПОЛИТИЧКА ОДЛУКА и директно зависи од креирање и имплементирање на соодветни, сеопфатни и достоинствени политики, кои не ја третираат сиромаштијата како случајност или личен неуспех, туку како системски проблем што може и мора да се реши! Во солидарност, Македонска платформа против сиромаштијата (МППС) – Сојуз на здруженија на граѓани со повеќе од 50 членови Мрежи, сојузи и коалиции: Родова платформа Коалиција МАРГИНИ Скопје Мрежа за заштита од дискриминација Мрежа на даватели на социјални услуги Национален младински совет на Македонија Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство Платформа за одржливост на сервисите за превенција и поддршка за ХИВ Мрежа ИнклузиваМ Организации кои не се дел од горенаведените мрежи: Здружение за акција против насилство и трговија со луѓе „Отворена Порта“ Скопје Здружение на граѓани за промовирање и зачувување на културните и духовните вредности – Легис Скопје Здружение за одржлив развој и заштита на животната средина Гоу Грин Скопје Здружение на граѓани Еврохаб агенда МППСТагови: МППС Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook