Планинарите од ПК „Тетекс" на прва тура до Дојранските Водопади на Шар Планина - Канал 5

Планинарите од ПК „Тетекс" на прва тура до Дојранските Водопади на Шар Планина

 Планинарскиот клуб „Тетекс" од Тетово вчера првпат реализираше планинарска тура до месноста Дојрански водопад на Шар Планина, што се смета за предел кој ретко се посетува. 

Планинарите од ПК „Тетекс" на прва тура до Дојранските Водопади на Шар Планина

Се тргнува од селото Вејце на 1200 метри надморска височина и треба да се помине 500 метри висинска разлика до некаде 1700 метри, под Црн Врв.

– Станува збор за месност која има неверојатна природна убавина но воедно и тешко достапно за која не постои обележана планинарска патека. Ние имавме колега кој го знае патот. Се оди по низ шумата и долж течението на Вејачка река. Се оди од левата страна на реката се до вливот на Дојранска река по што се оди се до изворот на оваа река односно водопадот, изјави Снежана Новаковска, претседателка на ПК „Тетекс".

Речиси целиот пат се минува низ густа букова шума.

– На оваа патека не препорачуваме движење без човек кој го знае теренот. Иако има многу дрвја, постои и многу ерозија на земјата и потребна е голема внимателност, вели Новаковска.

На турата учествувале 24 планинари. Вкупната должина во двата правци е 10 километри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Земјоделците од Струмичко и денеска излегоа на протест

Земјоделците од Струмичко и денеска повторно излегоа на протест, незадоволни од откупната цена на црвената пиперка позната како „ајварка“, која најчесто се користи за подготовка на ајвар.

Земјоделците од Струмичко и денеска излегоа на протест

Како што објави „Струмица Денес“, производителите бараат повисока откупна цена, посочувајќи дека сегашните услови не ги покриваат вложувањата и трошоците за производство.

На протестот земјоделците носат транспаренти преку кои го изразуваат револтот од состојбата со откупот. Дел од пораките се насочени кон откупувачите и трговците, а производителите предупредуваат дека со ниските цени земјоделското производство станува сè понеисплатливо.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андоновски: Талогот на општеството Филипче, поради кој со години сме пиеле небезбедна вода, нема право да морализира за случајот во Гостивар

Талогот на општеството Филипче, поради кој со години сме пиеле небезбедна вода, а тоа не ни било кажано нам, граѓаните на Гостивар, нема право да морализира за случајот.

Андоновски: Талогот на општеството Филипче, поради кој со години сме пиеле небезбедна вода, нема право да морализира за случајот во Гостивар

Со години Филипче и власта предводена од СДС добивала извештаи од државните институции за тоа дека водата во Гостивар не е за пиење, а тие тоа го криеле и не преземале ниту една мерка за справување со проблемот.

Овој проблем во Гостивар не е од денес, туку е од децениската негрижа на локалните власти. Филипче и СДС требаше сега кога имаат градоначалник кој отворено го поддржаа во Гостивар, како и кадри кои предводат локални институции, да го решат проблемот со водата, а не да политизираат.

Филипче, ДУИ и партијата на Таравари требаше веднаш да ја земат работата во свои раце, но затоа што се неспособни, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во рекорден рок обезбеди техничка вода за користење, а секојдневно добиваме и флаширана вода за пиење.

ЈО треба да го истражи молкот на Филипче и власта на СДС која дозволувала Гостиварци да се трујат со години, а да не знаат од што им се потоа болестите.

Талогот од СДС најмалку што можеа да направат е да се извинат и да донираат некој пакет вода за жителите, но тоа не го очекуваме затоа што тие немаат чест и углед.

Мартин Андоновски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото:Во Лондон запленети 90 луксузни автомобили, вклучително и „Ферари“ вредно 3,7 милиони

Редок модел на Ferrari Monza SP2, со проценета вредност од 3,7 милиони фунти, било запленето во Лондон за време на викендот. 

Фото:Во Лондон запленети 90 луксузни автомобили, вклучително и „Ферари“ вредно 3,7 милиони

Автомобилот беше еден од 90-те возила што полицијата ги заплени при акцијата против несовесното возење во областите Кенсингтон, Челзи и Хајд Парк.

Вкупната вредност на запленетите возила надминува 8 милиони фунти, пренесува BBC News.

Скапоценото Ферари ( Ferrari Monza SP2) – модел од кој се произведени само 499 примероци, било запленето само половина час откако по прв пат се појавило на улиците на Лондон.

Според информациите од полицијата, возачот бил зад воланот помалку од триесет минути. Утврдено е дека поседувал само привремена возачка дозвола и дека возилото не било осигурено. Модел од овој тип беше продаден на аукција претходно оваа година за 3,7 милиони фунти.

Полицијата на лице место запленила петнаесет возила, користејќи овластувања што дозволуваат конфискација без претходно предупредување доколку автомобилот се користи на начин што го загрозува јавниот ред. Главниот инспектор Џеф Татман, кој ја предводеше операцијата, ги објасни мотивите зад оваа акција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер