Планинари и рекреативци по осми пат поминаа низ „Милениумска патека“ на Сува Гора - Канал 5

Планинари и рекреативци по осми пат поминаа низ „Милениумска патека“ на Сува Гора

Успешно се одржа планинарска акција за „Милениумска патека“ на планината Сува Гора која осма  година по ред ја организираше Планинарскиот клуб „Јелак“ од Тетово.

Планинари и рекреативци по осми пат поминаа низ „Милениумска патека“ на Сува Гора

Оваа планинарска тура, која е наменета за почетници и рекреативци, претставува можност и за запознавање со големото и богато културно наследство во овој регион, а воедно има и едукативен карактер.

-„Милениумска патека“ првпат ја организиравме во 2018 година на иницијатива на Kомисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, како и МПЦ. Маршрутата ни започнува од село Блаце, а завршува во село Волковија, поминувајќи низ цркви и низ природните убави на оваа планина. Времето ни беше многу убаво, сите кои ја почнаа патеката ја завршија на крајната дестинација - црквата „Свети Мина“ во Волковија, изјави Борис Стојановски, претседател на ПК „Јелак“.

Годинава клубот евидентираше дека 154 планинари ја поминале патеката. Како и секоја година досега по организираниот превоз од Тетово движењето низ шумските предели почнува од крајот на селото Блаце. Таму прво се стигнува до месноста Самовилска вода и црквата „Света Троица“.

Од Самовилска вода колоната планинари се движи низ шумски предели кон атарот на селото Стенче, поточно до црквата „Света Петка“.

-Овој предел претставува единствена нагорнина која ја искачуваат планинарите и претставува движење од 720 до 880 метри надморска височина. По краток престој пак се движевме и стигнавме до археолошкиот локалитет – месност „Граиште“, исто во Стенче, каде слушнавме за значењето на ова место во ранохристијанскиот период и ширење на православната вера, истакна Стојановски.

Потоа следува пешачење до црквата „Свети Илија“ за мал одмор, а најголемата пауза за одмор и јадење е во кругот на црквата „Света Екатерина“. Крајниот дел од турата е предвиден за посета на двете цркви во селото Волковија. Прво, месноста Волковска Чука и црквата „Свети Георги Победоносец“ и „Свети Мина“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж и жена од Русија се уапсени на аеродромот во Тиват- во 19 куфери носеле шпионска опрема и милион евра

Околу еден милион евра и дополнителна ИТ опрема, вклучувајќи наводно уреди за надзор и шпионажа, беа пронајдени при претреси на неколку објекти на црногорскиот брег .

Маж и жена од Русија се уапсени на аеродромот во Тиват- во 19 куфери носеле шпионска опрема и милион евра

Околу еден милион евра и дополнителна ИТ опрема, вклучувајќи наводно уреди за надзор и шпионажа, беа пронајдени при претреси на неколку објекти на црногорскиот брег што ги користеа руските државјани уапсени пред неколку дена на аеродромот во Тиват.

Како што објави подгоричкиот „Вијести“, повикувајќи се на неколку извори, полицијата вчера претресе и провери објекти во Будва и Бар што ги користеле Александар Михаиловиќ Кругљански (31) и Александра Кругљанска (42).

Во таа пригода беа пронајдени околу еден милион евра, како и дополнителна ИТ опрема. Според неофицијални информации од весникот, ова вклучува опрема што може да се користи за надзор и шпионажа.

Двајца руски државјани беа уапсени на 23 септември на аеродромот во Тиват додека се обидуваа да се качат на лет за Тел Авив со дури 19 куфери.

Во куферите имало камери, GPS уред со микрофон...

Нивното апсење привлече големо внимание откако беше откриено што има во багажот. Полицијата потоа официјално објави дека пронашла 26.210 евра и 1.150 израелски шекели, голема количина непријавена електронска опрема и лекови.

Медиумите објавија дека повеќе од половина од багажот содржел опрема што покренува сомнежи дека може да се користи за следење, надзор, шпионирање и откривање уреди за прислушување.

Меѓу запленетите предмети, идентификуван е GPS уред со микрофон, како и професионален BugHunter BH-04, наменет за откривање радио предаватели, вклучувајќи скриени безжични микрофони и камери.

Фотографиите од запленетите предмети покажуваат и камери за надзор, опрема за видео надзор, компјутерски компоненти, мемориски уреди, кабли и друга електроника.

Повеќе пати престојувале во Црна Гора

Според подгоричкиот весник, двајцата уапсени имале туристички визи и влегле во Црна Гора и престојувале во таа земја неколку пати во претходниот период. Официјално, Кругљански и Кругљанска се осомничени за шверц и перење пари.

По нивното апсење, Полициската управа соопшти дека истрагата се спроведува во координација со надлежниот обвинител и во соработка со Агенцијата за национална безбедност на Црна Гора, други делови од безбедносниот систем и меѓународната разузнавачка заедница. Истрагата треба да го утврди потеклото и целта на пронајдените пари и опрема, како и сите околности на престојот на двајцата осомничени во Црна Гора.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мбапе ја напушти репрезентацијата поради повреда, Зидан со лоша прогноза

Килијан Мбапе ја напушти француската репрезентација со повреда на коленото здобиена во победата од 1-0 против Турција во првото коло од Лигата на нации. 

Мбапе ја напушти репрезентацијата поради повреда, Зидан со лоша прогноза

Францускиот капитен го постигна единствениот гол на натпреварот, но се повреди и мораше да го напушти натпреварот во 58-та минута.

Мбапе веднаш побара медицинска помош по шутот што го постигна. Накратко се врати на теренот, но набрзо повторно заврши на тревникот и повеќе не можеше да го продолжи натпреварот. Францускиот штаб потоа објави дека има повреда на тетивата и ќе се врати во Мадрид на лекување.

„Нема да ризикуваме“

„Не изгледа добро. Мислам дека ќе мора да се врати. Нема да ризикуваме. Има хиперекстензија на коленото“, рече францускиот селектор Зинедин Зидан по натпреварот. Затоа, Франција ќе ги игра следните натпревари од Лигата на нации против Белгија и Италија без својот капитен.

Повредата се случи во многу незгодно време за Зидан. Натпреварот против Турција беше негов прв на француската клупа откако го наследи Дидие Дешан по Светското првенство. Неколку дена претходно, Мбапе изјави дека неговата соработка со Зидан изгледа „како филм“, а новиот тренер го остави во улогата на капитен на националниот тим.

Франција е во групата А1 со Турција, Белгија и Италија. По победата во Турција, ќе следи посета на Белгија, потоа домашни натпревари против Италија и Белгија, додека последните две кола ќе се играат во ноември против Италија и Турција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Меѓународниот кривичен суд презема мерки за заштита од можните санкции од САД

Меѓународниот кривичен суд (МКС) презеде низа чекори за да се заштити од потенцијални сеопфатни санкции од страна на Соединетите Американски Држави, изјави денес заменик-обвинителката на МКС, Наџат Шамим Кан.

Меѓународниот кривичен суд презема мерки за заштита од можните санкции од САД

„Направивме големи напори за да осигуриме дека судот е заштитен од последиците од какви било потенцијални идни санкции“, рече Кан, според „Фајненшл тајмс“ (FT).

Таа рече дека судот реорганизирал многу од своите системи во текот на изминатата година, вклучително и префрлање од канцеларискиот софтвер на „Мајкрософт“ на германскиот софтвер со отворен код „ОпенДеск“, како и алтернативни решенија за здравствено осигурување на вработените и банкарски услуги.

Фајненшл тајмс соопшти дека судот им исплаќал плати на вработените со месеци однапред за да ги ублажи сите потенцијални прекини во плаќањата.

Порано оваа недела, „Ројтерс“ објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп подготвила санкции против целиот Меѓународен кривичен суд и планирала наскоро да ги објави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер