Планети слични на Земјата има повеќе отколку што мислиме - Канал 5

Планети слични на Земјата има повеќе отколку што мислиме

Новите истражувања покажаа дека клучните елементи потребни за создавање на минералите какви што постојат на Земјата, има ширум Млечниот пат, што ги зголемува шансите дека постојат други планети слични на нашата.

Планети слични на Земјата има повеќе отколку што мислиме
Бред Гибсон, професор на Универзитетот Хал во Велика Британија, ги претстави резултатите од своето истражување на состанокот на Националното астрономско друштво во Ландидна (Велс) во средата и изјави дека секој систем има некоја ѕвезда која ги има истите елементи од кои е создадена и нашата планета.

Научниците претходно ги групираа планетите во три категории: оние богaти со јаглен, богати со магнезиум и силициум и тие слични на Земјата.

Последното истражување кое Гибсон го спроведе откри дека минералите се одговорни за изгледот на поедини планети во Сончевиот систем и другите систем во кои околу ѕвездите кружат планети составени од силициум, магнезиум, јаглен и кислород. Точниот сооднос на овие минерали варира, а од тоа зависи и атмосферскиот притисок, масата и загревањето и ладењето на површината на планетите. Тоа исто така ги диктира временските услови на планетите и тоа дали планетата е погодна за живот.

Сончевиот систем е добар пример за тоа дека не сите планети со слични елементи како Земјата се погодни за развој на живот.

„Доволно е само да ги погледнеме Марс и Венера и да се увериме колку различно еволуираат планетите“ – заклучи Гибсон.

„Сепак ако се присутни такви елементи, тогаш шансите да постојат планети слични на Земјата, се три пати поголеми отколку што претходно се верувало“ – заклучи Гибсон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид

30 дневен притвор доби Кристијан Корабоски, обвинет за нападот врз 26-годишната Сара во Охрид.

Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид

Од обвинителството информираат дека барањето за притвор следувало по проширувањето на обвинението од едно на три кривични дела.

Обвинението опфаќа телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста.одлуката е донесена врз основа на дополнителни докази собрани во истрагата. Обвинителството оценило дека постои опасност обвинетиот да го повтори насилството.нападот се случил на 15 ноември, околу два часот по полноќ. Според МВР, расправијата започнала во домот, а продолжила во автомобилот, каде жената била физички нападната.таа изгубила свест и била пренесена во болницата во охрид, а потоа во „Свети Еразмо“. Корабоски бил лишен од слобода во 5 и 05 часот. Претходно му биле определени мерки на претпазливост, меѓу кои забрана за приближување до оштетената. Адвокатот владимир туфегџиќ вели дека самиот факт што доаѓа до драстична промена на мерката остава сомнеж. Вели дека малите локални средини создаваат големна локална моќ, затоа според него републичкото јавно ообвинителство треба да го преиспита случајот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пилот на српската војска загина во пад на воен авион кај Стара Пазова (ВИДЕО)

Министерството за одбрана објави дека авион МиГ-29 на српската армија, дел од 204-та воздухопловна бригада, се урна утрово околу 8:45 часот во близина на Стара Пазова, при што загина пилотот, мајор Горан Булајиќ.

Пилот на српската војска загина во пад на воен авион кај Стара Пазова (ВИДЕО)

Според соопштението на Министерството, воената полиција веднаш пристигнала на местото на несреќата, а за трагичниот настан бил известен и надлежниот обвинител.

За да се утврдат сите факти, формирани се две комисии - комисијата за истражување на вонредниот настан, чија задача е да ги утврди околностите на несреќата и евентуалната одговорност на воената организација, како и експертската комисија на воздухопловните сили, која ќе ги испита техничките причини за авионската несреќа.

Пилотот кој загина, мајор Горан Булајиќ, е роден на 25 март 1973 година во Белград и бил во професионална служба во српската армија од 1996 година. Зад себе оставил две деца.

По повод оваа трагедија, министерот за одбрана Братислав Гашиќ и заменик-началникот на Генералштабот на српските вооружени сили и командант на воздухопловните сили и силите за противвоздушна одбрана, генерал-потполковник Тиосав Јанковиќ, испратија телеграми со сочувство до семејството на загинатиот пилот. Генерал-потполковник Јанковиќ по несреќата отиде на местото на настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тренчевска: Тошковски одамна требаше да поднесе оставка – уште колку жртви се потребни за одговорност?

Доста е од системски жртви, насилство врз жени, фемциди. 

Тренчевска: Тошковски одамна требаше да поднесе оставка – уште колку жртви се потребни за одговорност?

Доста е од непостапувањата на Министерството за внатрешни работи, заштита на насилници, неказнивост само затоа што некој има врски со оваа криминална власт на локално или на централно ниво. Уште колку жртви се потребни за некој од власта да понесе одговорност?

Панче Тошковски има најголема политичка одговорност за потфрлување на превенцијата за непостапување на МВР и заштита на криминалците. Одамна требаше да си поднесе оставка, а не да чека. Позади секоја жртва на фемцид стојат бројни нерасчистени пријави и непостапувања. Последниот случај со насилството врз Сара од Охрид повторно потврди дека институциите не функционираат, не ја гарантираат безбедноста на жените и служат само како инструмент на власта за заштита од одговорност.

Да не беше брзата гневна реакција на граѓаните, на невладините организации, на СДСМ, ќе ја видевме старата шема на ВМРО. Жртвата во болница и страв за својот живот, а насилникот на слобода поради врски со локалните ВМРО-вски функционери. Затоа го ослободиле да си оди дома. Па откако јавноста гневно реагираше, под притисок се загрижија за себе и реагираа.

Го сменија обвинителот, сменија одлука. Одеднаш им текна на нови околности и го однесоа во притвор. Тоа не е систем. Тоа е партиска контрола која работи по наредби од горе. Има бројни примери - Биљана од Богданци, Росица од Велес, Рамајана од Шуто Оризари, Ивана и нејзината ќерка од Скопје, Сара од Охрид. Безбедноста на жените не смее да биде калкулација на ВМРО.

Мицкоски, Тошковски, Савески - бараме проширување на истрагата. Насилникот од Охрид не е сам. Има родители кои сугерирале да се ослободи од делото и да го заташкаат. Има обвинител кој не постапил. Бараме најстроги казни за насилникот и за сите соучесници кои му помагале да го прикрие делото, доказите, извештаите или ја попречувале правдата.

Бараме одговорност за сите пропусти и санкции за МВР, обвинителство, суд. Како пратеничка група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалиционите партнери бараме итно донесување на заклучоците од надзорната расправа кои ќе овозможуваат функционалност на системот, не со укажување, не со препораки, туку со задолжување на институциите.

Итно ставање на дневен ред на измените на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените кои стојат во фиока од август месец. Итна седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите со присуство на Тошковски и Савески. Како жени нема да молчиме, туку силно ќе се спротивставиме. Нема да прифатиме во Македонија жените да живеат во страв, а насилниците да се чувствуваат недопирливи.

Државата мора да биде посилна од насилството, а институциите мора да бидат на страна на жртвите, рече Јована Тренчевска, пратеничка и потпретседателка на СДСМ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер