Петрова Чамова: Не постои политичка волја кај власта во скопје да почне да го спроведува договореното
2Петрова Чамова: Не постои политичка волја кај власта во скопје да почне да го спроведува договореното
КултураПламенка Трајковска настапува со гудачки квартет во СозополВо Археолошкиот музеј во Созопол, Бугарија љубителите на уметничката музика ќе имаат можност да уживаат во концертот на гудачкиот квартет предводен од Пламенка Трајковска, како дел од програмата на Интернационалниот фестивал на франкофонијата „Soleil“Концертот е насловен „Долго патување“ и претставува музичко истражување инспирирано од богатата балканска музичка ризница и француската камерна традиција. На програмата ќе бидат изведени оригинални аранжмани за гудачки квартет, подготвени од Пламенка Трајковска, која настапува заедно со Милена Гиевска-Андоновска (виолина), Љубица Бошкоска (виола) и Александра Јаневска (виолончело). Фестивалот „Soleil“, кој од 2011 година се одржува во Созопол, е еден од највлијателните културни настани во регионот, што обединува уметници од Франција, Бугарија, Северна Македонија, Португалија, Белгија, Либан, Мароко и други земји. Неговата програма вклучува концерти, изложби, филмски проекции, кулинарски презентации и интернационални работилници. Пламенка Трајковска, истакната виолинистка со меѓународна кариера, и оваа година продолжува со активно присуство на балканската музичка сцена. По успешниот концерт во Софија во март, остварена е нова соработка со директорката на фестивалот „Soleil“, г-ѓа Александрина Исајлова, што резултираше со оваа покана за настап. „Балканско патување“, нејзиниот најнов проект, е замислен како музичка покана до слушателот да ја доживее историјата, културата и емоцијата на балканските народи преку современа интерпретација на традиционалните звуци, пренесени преку звучниот јазик на гудачкиот квартет. Концертот се реализира со поддршка на македонскиот културно-информативниот центар во Софија и Амбасадата на Македонија во Бугарија. Тагови: Пламенка Трајковска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРусите му веруваат на ПутинОколу седум од 10 Руси му веруваат на рускиот претседател Владимир Путин и ја оценуваат позитивно неговата работа, покажаа две анкети на руските истражувачки центри ВЦИОМ и ФОМ.Според анкетата на ВЦИОМ , 72 проценти од испитаниците му веруваат на Путин, додека 22,7 проценти не, објави РИА Новости. Неговата работа како претседател ја одобруваат 67,7 проценти од испитаниците, додека 20,9 проценти не го одобруваат. Слични резултати покажа и анкетата на ФОМ. Околу 70 проценти од испитаниците рекле дека му веруваат на Путин, додека 17 проценти не му веруваат. Ист процент, 70 проценти, веруваат дека Путин добро се однесува како претседател, додека 14 проценти имаат спротивно мислење. Разлики се забележани во оценката на работата на владата. Според ВЦИОМ, 45,2 проценти од испитаниците ја одобруваат нејзината работа, додека 24,2 проценти не ја одобруваат. ФОМ забележа дека 45 проценти од Русите веруваат дека владата добро си ја врши работата, додека 34 проценти ја оценуваат нејзината работа негативно. Кога станува збор за рускиот премиер Михаил Мишустин, 55,3 проценти од испитаниците во анкетата на ВЦИОМ изразиле доверба во него, додека 49 проценти од граѓаните ја оцениле неговата работа позитивно, според ФОМ. И двете анкети покажаа дека Единствена Русија би била убедливо најпопуларната партија доколку изборите за Државната дума се одржат следната недела. Според ВЦИОМ, 39,2 проценти од испитаниците би гласале за неа, а според ФОМ, 32 проценти. Анкетата на ВЦИОМ е спроведена од 17 до 23 август меѓу 1.600 возрасни испитаници, со маргина на грешка од 2,5 проценти. Анкетата на ФОМ е спроведена од 21 до 23 август меѓу 1.500 испитаници, со маргина на грешка до 3,6 проценти. Извор: Б92Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
СветПочина норвешкиот крал Харалд ПеттиКралот на Норвешка, Харалд Пети, почина на 89-годишна возраст, една недела откако беше примен во болница на лекување поради ретка крвна состојба, потврди претседателската палатата.По 35 години на престолот, тој ќе остане запаметен како популарен и реформски монарх кој ја модернизираше круната и служеше како обединувачка фигура во најтешките моменти за Норвешка. Кралските набљудувачи велат дека бил приземјен, почитуван и омилен, честопати опишуван како „дедо на нацијата“ и „народен крал“, титула која му се припишуваше и на неговиот татко, кралот Олав Пети. Тој ќе биде наследен од неговиот син Хокон, кој има 53 години. Според норвешкиот уставен систем, промената на монархот настапува веднаш и нема класична церемонија на крунисување.Тагови: Норвешка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПетрова Чамова: Не постои политичка волја кај власта во скопје да почне да го спроведува договоренотоНе постои политичка волја кај власта во Скопје да почне да го спроведува договореното во европскиот компромис од 2022 г. , вели во интервју за бугарскиот дневен весник „Стандард“ министерката за надворешни работи на Бугарија Велислава Петрова Чамова.„За жал, оттогаш до денес не постои политичка волја кај власта во Скопје да почне да го спроведува договореното. Ние не поставуваме нови услови и не бараме ништо надвор од веќе договорената европска рамка. Довербата се гради кога преземените обврски се исполнуваат и кога гледаме конструктивен пристап насочен кон изнаоѓање решенија. Конфронтацијата и антибугарската реторика не ја приближуваат Македонија до Еу – тие само водат кон губење драгоцено време, вели Петрова за Стандард.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter