Плакало: Политичарите во БиХ имаат поголеми обврски од синоќа - Канал 5

Плакало: Политичарите во БиХ имаат поголеми обврски од синоќа

Генералниот секретар на Европското движење во Босна и Херцеговина, Харис Плакало денеска изјави дека синоќешната одлука на Европскиот совет за почеток на преговорите со БиХ е надеж за граѓаните на Босна и Херцеговина за подобро утре.

Плакало: Политичарите во БиХ имаат поголеми обврски од синоќа

-Прво, ова е навистина голем чекор напред и напредок за Босна и Херцеговина, а можеби многумина се уште не се свесни за важноста на самата синоќешна одлука, која даде зелено светло на Европскиот совет за почеток на преговорите со Босна и Херцеговина и нејзино здружување со останатите земји од регионот, изјави Плакало, пренесоа босанските медиуми.

Така, нагласи тој, заврши самоизолацијата на Босна и Херцеговина, која сама, заедно со Косово, немаше отворен преговарачки процес.

Плакало посочи дека напредокот на патот кон ЕУ од страна на политичарите и институциите во Босна и Херцеговина не смее да се минимизира и дека треба да се признае, како и да се честита, а се друго не би било правилно.

- Важно е што БиХ доби зелено светло, што политичката одлука за почеток на преговорите беше донесена во корист на БиХ. Но, секако, за да се дојде до усвојување на преговарачката рамка, скрининг фазата, таканареченото скенирање, а потоа и отворањето на преговарачките поглавја, потребно е да се вложат дополнителни напори во исполнувањето на 14-те приоритети и оние осум точки кои беа изведени и поставени при стекнувањето на условен кандидатски статус во декември 2022 година. Ова е веќе делот што е во БиХ и сега повеќе од кога било е клучно и без никакво оправдување да се продолжи со донесување на законот и исполнување на барањата кои се пред БиХ за да се започне со отворање на поглавје што е можно поскоро. Тоа се веќе технички процеси по оваа важна политичка одлука донесена од Европскиот совет, вели Плакало.

Тој нагласува дека веќе не може да се очекува од Европската унија да прави отстапки.

-Се знае што треба да се направи и што се бара. Време е сите во БиХ, од позицијата, опозицијата, медиумите, организациите, луѓето и сите граѓани, да бидат обединети кога станува збор за понатамошните чекори на БиХ кон полноправно членство во ЕУ, исполнувајќи ги обврските и барањата кои се поставени, усвојување закон и посветеност на преговарачкиот процес, отворање поглавја, преговарање и затворање, изјави Плакало.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Скандал во Реал: Мбапе и Вини одбиле да носат маици против „инвазијата“ на мигранти

Пред синоќешниот натпревар од 5. коло на Ла Лига меѓу Елче и Реал Мадрид кој заврши со минимален триумф на гостите од 2–3, се случи инцидент што стана главна тема во Шпанија. 

Видео: Скандал во Реал: Мбапе и Вини одбиле да носат маици против „инвазијата“ на мигранти

Додека играчите од двата тима излегувале на терен носејќи над дресовите , маици за поддршка на Сеута, тројца фудбалери на Реал – Винисиус, Килијан Мбапе и Ибрахима Конате – одлучиле да не учествуваат во овој гест, пренесува „Марка“.

Нивниот потег веднаш предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.

Винисиус му даде насоки на Мбапе што да прави со маицата.

На интернет се појавија снимки од тунелот, а корисниците на платформата „Икс“ (X) забележуваа дека во видеото се гледа како Винисиус му дава насоки на Мбапе што да прави со маицата.

На предната страна на маицата бил испишан слоганот „Сите сме скуши“ (прекар за жителите на Сеута поради нивната рибарска индустрија), додека на задната страна едноставно пишува „Сеута“.

Иако ги земале маиците во тунелот пред да излезат на теренот, тројцата фудбалери на Реал не ги облекле маиците во целос.

Всушност, Конате само ја држел маицата во раце, додека Мбапе и Винисиус ги облекле на таков начин што слоганот „Сите сме *skuše*“ (скуши/скумши) – прекар за жителите на Сеута поради нивната рибарска индустрија – бил едвај видлив.

Додека се ракуваа со играчите на Елче, тројцата фудбалери на Реал целосно ги соблекле белите маици и носела замо дресови на Реал наменети за гостувања – потег што не им избега на камерите и на гледачите.

Ова беше особено забележливо бидејќи сите останати фудбалери на Реал и на Елче продолжиле да ги носат маиците.

Раководството на кралевите ја почитувало одлуката на тројцата ффудбалери.

Според „Ел Мундо“, клубот изјавил дека ја почитува одлуката на своите играчи бидејќи во соблекувалната постојат „различни мислења, сензибилитети и гледишта за реалноста“.

Инаку иницијативата за носење на маици за поддршка на Сеута била покрената од Елче и прифатена од Реал, иако клубот не сакаше да врши притисок врз играчите. Иронично, Сеута е родното место на Хозе Мартинез „Пири“, почесниот претседател на Реал Мадрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Воздушната одбрана на Саудиска Арабија уништи дрон на Хутите во близина на Мека

Воздушната одбрана на Саудиска Арабија уништи дрон на Хутите јужно од Мека пред да влезе во забранетиот воздушен простор над светиот град, изјави  портпаролот на воената коалиција предводена од Саудиска Арабија во Јемен.

Воздушната одбрана на Саудиска Арабија уништи дрон на Хутите во близина на Мека

Дронот, кој беше пресретнат синоќа е втор обид на Хутите да ја таргетираат Мека по лансирањето балистичка ракета во јули 2017 година, а следува по една недела напади од Хутите кои се сојузници на Иран..Претставниците на Хутите негираа дека ја нападнале Мека.

Нападите врз Саудиска Арабија ги шокираа глобалните енергетски пазари, потресени од шестмесечната војна меѓу САД и Иран, која го забави бродскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец.

Хутите во последните денови ја презедоа контролата врз делови од брегот на Црвеното море на Јемен, кои се наоѓаат на Баб Ел-Мандеб, еден од најважните бродски теснеци во светот, заканувајќи се на извозот на нафта од Саудиска Арабија пренасочен од Ормутскиот теснец.Престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед Бин Салман, минатата недела му телефонираше на американскиот претседател Доналд Трамп барајќи воена поддршка, која досега беше ограничена на разузнавачка помош.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судот во Хаг денеска во 10 часот ќе ги соопшти пресудите за четворицата поранешни команданти на ОВК

Судот во Хаг денеска во 10 часот ќе ги соопшти пресудите за четворицата поранешни команданти на ОВК, обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото.

Судот во Хаг денеска во 10 часот ќе ги соопшти пресудите за четворицата поранешни команданти на ОВК

Американската амбасада во Приштина веќе издаде безбедносно предупредување поради очекуваните масовни протести во Косово.

Вчера во Скопје беше одржан собир за поддршка на обвинетите.

Настанот, се одржа на плоштадот „Скендербег“ и траеше околу половина час.на собирот покрај организаторите од албанскиот младински форум, се обрати и поранешниот командант на ОНА и поранешен пратеник во собранието Џезаир Шаќири – Хоџа.

Присутните на настанот носеа маици со ликовите на поранешните водачи на ОВК и од настанот упатија порака дека очекуваат ослободителна пресуда за обвинетите

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер