Пјонгјанг заклучи дека првите случаи со Ковид-19 дошле од регионот близу границата со Ј. Кореја - Канал 5

Пјонгјанг заклучи дека првите случаи со Ковид-19 дошле од регионот близу границата со Ј. Кореја

 Северна Кореја заклучи дека до првите случаи на зараза со коронавирус во земјата дошло во регионот близу границата со Јужна Кореја. Како што денеска јавија државните медиуми, првите пациенти имале контакт со „неидентификувани работи“.

Пјонгјанг заклучи дека првите случаи со Ковид-19 дошле од регионот близу границата со Ј. Кореја

Објавувајќи ги резултатите од своите наоди, Северна Кореја упати повик до граѓаните да бидат „будни“ во поглед на „непознати работи“ што доаѓаат со ветрот и други климатски појави и балони во подрачја долж линијата на разграничување и границите“.

Познато е дека 18-годишен војник, чие име е Ким, како и петгодишно дете со презиме Ви, биле во контакт со неидентификувани материјали на ридот околу касарната и станбените области во Ифо-ри на почетокот на април, пишува државната новинска агенција КЦНА.

Тие потоа имале симптоми и биле позитивни на коронавирус.

Ифо-ри е регион во округот Кумганг на источниот брег на земјата, близу границата со Јужна Кореја.

„Резултатите од истрагата покажаа дека неколку лица, кои во средината на април дошле од областа Ифо-ри во главниот град, имале температура, а меѓу нивните контакти регистрирано е нагло зголемување на случаите со треска“, наведува КЦНА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Струмичанец превезувал мигранти со возило со таблички од друго возило и без возачка- уапсен е

Лишен од слобода струмичанец, превезувал мигранти со возило со регистраски таблички од друго возило и без возачка дозвола.

Струмичанец превезувал мигранти со возило со таблички од друго возило и без возачка- уапсен е

На 24.07.2026 во 19:30 часот во близина на крстосница од локален пат с.Богородица-Гевгелија и регионален пат Гевгелија-Богданци, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица го лишија од слобода Д.К.(36) од Струмица поради основи на сомнение за сторени кривични дела по член 418-Б, член 378 и член 297-а од Кривичниот законик. Имено, при контрола во возило „фиат стило“ со австриски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица мигранти, од кои четири од пакистан, две од Авганистан и едно од Турција. Додека, по извршени дополнителни проверки било констатирано дека регистарските таблички припаѓале на возилото, а тој го управувал без возачка дозвола.

За настанот е известен јавен обвинител,а мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. По целосно документирање на случајот, против Д.К. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Арачиново- пронајдена марихуана

Претрес во скопско Арачиново, лишено од слобода едно лице, пронајдени над два килограми марихуана.

Претрес во Арачиново- пронајдена марихуана

На 24.07.2026 од страна полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје по Наредба на Основен кривичен суд Скопје извршен е претрес во дом и други простории кај Б.Н.(25) од Арачиново, скопско.

При претресот пронајдени се над два килограми наркотична дрога марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана.

Б.Н. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против истиот ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик по итна постапка, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Гостивар не се чувствувал виновен, СДС, ДУИ и Таравари го штитат

Градоначалникот на Гостивар не се чувствувал виновен за загрозеното здравје на неколку илјади граѓани, СДС, ДУИ и Таравари го штитат и не бараат одговорност.

ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Гостивар не се чувствувал виновен, СДС, ДУИ и Таравари го штитат

Опозицијата е морално капитулирана и без никаков компас. Она што се случи во Гостивар, токму поради неажурноста и незаинтересираноста на локалната власт, предводена од Валбон Лимани, покажа колку коалицијата СДС, ДУИ и Таравари не се грижи за граѓаните.

Да не беше градоначалник од нивните, редови веднаш ќе држеа прес-конференции и ќе бараа одговорност. Но, бидејќи е градоначалник од нивните редови, кој патем самиот изјави дека не чувствува никаква грижа за тоа што здравјето на неколку илјади граѓани го стави во опасност, од опозицијата нема никаква осуда.

Така на пример, СДС се занимава со спинување на информации и собирање дневно-политички поени и со ширење на неточни и непрецизни информации, и се обидува и од оваа криза да извлече нешто за себе.

Коалицијата СДС, ДУИ и Таравари преку молк се обидува да си го заштити својот политички комодитет.

Оттука, може да заклучиме дека на површина исплива нивната политичка беда и дека им пропадна фасадата дека се борат за правда.

Институциите работат и ќе ги утврдат фактите, а секој што има одговорност за овој случај ќе мора да сноси соодветни последици согласно законите, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер