Други спортовиПјонгјанг нема да ги бојкотира Паназиските спортски игри во Јужна КорејаСевернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун денеска преку медиумите контролирани од државата, порача дека спортистите на Северна Кореја сигурно ќе учествуваат на Паназиските спортски игри, што ќе се оддржат од 19 септември до 1 октомври во Инчеон во Јужна Кореја. Претходно, официјален Пјонгјанг испраќаше пораки дека ќе ги бојкотира спортските игри, а сегашната, најверојатно дефинитивна, потврда за учество повеќе ја охрабрува политичката од спортската јавност на Азија. Ким најави дека покрај повеќе спортисти, од кои очекува „да ја покажат супериорноста на духот и телото на севернокорејанскиот народ“, на југот ќе бидат испратени и поголем број навивачи. Државната новинска агенција на Северна Кореја КЦНА денеска пренесува дека Ким лично ги бодрел фудбалерите на националниот тим, кои на тренинг натпревар ја победиле „Б“ селекцијата на Северна Кореја со 12:0. За аналитичарите на односите во овој регион позначајна е изјавата на севернокорејанскиот лидер кој по натпреварот рече дека спортистите и навивачите од неговата држава треба да бидат и промотори за надминување на сегашните односи на поделениот Корејански Полуостров.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКомисијата за избори и именувања ќе ги интервјуира тројцата кандидати за член на Судскиот советСобраниската комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе спроведе интервју на кандидатите кои ги исполнуваат условите по одлуката за објавување на јавен оглас за избор на член на Судскиот совет на Македонија.Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе спроведе интервју на кандидатите кои ги исполнуваат условите по одлуката за објавување на јавен оглас за избор на член на Судскиот совет на Македонија што го избира македонското собрание. На огласот биле пријавени четворица кандидати, а тројца ги исполнувале условите по проверката на нивните документи. Интервјуа ќе бидат спроведени со Емилија Алексовска, адвокат од Куманово, Џоко Диков, адвокат од Струмица и Фадил Џелили, адвокат од Гостивар. Претходниот оглас за избор на член на Судскиот совет што го избира собранието беше поништен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Шпагети болоњезеВо среда (07.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Бојана Михајловиќ.Состојки за денешниот рецепт: 300 гр. шпагети 250 гр. мелено месо 1 главица кромид 1 ќесичка Болоњезе сос малку магдонос масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Илинден започна со реконструкција на улици во Илинден и МршевциОпштина Илинден продолжува со интензивна реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на патната мрежа и создавање побезбедни услови за сообраќај. Во рамки на Програмата за реконструкција, рехабилитација и санација на локални улици и патишта, започнаа градежни активности за реконструкција на две улици во населените места Илинден и Мршевци. Со предвидените активности е опфатена улица „4“ во населеното место Мршевци, во должина од околу 200 метри, како и крак на улица „8“ во населеното место Илинден, во должина од околу 130 метри, при што на улицата „8“ претходно е изведена фекална канализациска мрежа, со што се создадени услови за целосно уредување на патната инфраструктура на оваа локација. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во почетокот на градежните активности, при што ја истакна важноста на овие инфраструктурни зафати за локалното население. Тој посочи дека реконструкцијата на улиците ќе овозможи поквалитетно и побезбедно одвивање на сообраќајот, подобра пристапност и унапредување на секојдневните услови за живот на жителите. Општина Илинден останува посветена на континуирано модернизирање на локалната инфраструктура, согласно утврдените приоритети и потребите на граѓаните, при што и во наредниот период ќе продолжат инвестициите во реконструкција и санација на локалните улици и патишта, со цел рамномерен инфраструктурен развој и подобрување на квалитетот на живот во сите населени места.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter