Пјастри беше на врвот во класификацијата во чудниот втор тренинг во Јапонија - Канал 5

Пјастри беше на врвот во класификацијата во чудниот втор тренинг во Јапонија

Оскар Пјастри се најде на врвот на табелата на крајот од вториот слободен тренинг пред трката за ГН на Јапонија, на која само седум возачи забележаа времиња.

Пјастри беше на врвот во класификацијата во чудниот втор тренинг во Јапонија

Причината за оваа прилично ниска активност во вториот час од подготовката на Сузука беше фактот што во голем дел од времето патеката беше премногу сува за интермедиа гуми, но и премногу влажна за мазните. Дури во последните пет минути активноста започна и возачите почнаа да се појавуваат на меките гуми.

Прв го стори тоа Пиастри, кој успеа да внесе најмногу топлина во „сликовите“ и стигна до 1:34.725. Така, тој беше скоро 4,7 секунди побавен од Макс Верстапен на првиот утрински тренинг.

Пјастри заврши пред Луис Хамилтон (Мерцедес) и Шарл Леклер (Ферари). Тимските колеги од Рејсинг Булс, Јуки Цунода и Даниел Рикиардо ја завршија сесијата на четвртото и петтото место, а и двајцата ги забележаа своите најдобри времиња.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Литар дизел од денеска се точи за 101,5 денари, за 1,5 денар повисоки цените и на бензините

Нов скок на цените на нафтените деривати – за прв пат по стартот на војната на Блискиот исток, литар дизел скокна над 100 денари и од полноќ литар се точи по цена од 101,5 денари. 

Литар дизел од денеска се точи за 101,5 денари, за 1,5 денар повисоки цените и на бензините

Со последната одлука на Регулаторна освен зголемување од 3,5 денари кај дизелот за 1,5 се зголемуваат и цените не бенизните. 95-ка од денска се продава по цена од 93 денари, а 98-цата за 95 денари по литар. Во пресметката влегуваат и намалените акцизи, и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари кај дизелот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес попладне нестабилно со пороен дожд

Претпладне времето ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Денес попладне нестабилно со пороен дожд

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, во вечерните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.

До крајот на работната седмица ќе се задржи сончево и топло време со појава на умерена облачност во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во посета на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР)

во 11:00 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе изврши увид во реализираните инвестиции и модернизацијата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Мицкоски во посета на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР)

Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите на крајот од настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер