Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
2Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
СветПит Хегсет се огласи за нападот врз училиштето во Иран- првиот ден од војната загинаа 170 девојчиња Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека околностите на американскиот напад врз иранското училиште за девојчиња на почетокот на војната со таа земја, во кој беа убиени околу 170 луѓе, претежно деца, сè уште се истражуваат.Хегсет, одговарајќи на прашања од членовите на Комитетот за вооружени сили на американскиот Конгрес, рече дека „несреќната ситуација сè уште е под истрага“, пренесува CNN. Во ракетен напад врз основното училиште „Шаџаре Тајебех“ во градот Минаб во јужен Иран на 28 февруари загинаа околу 170 луѓе, претежно деца и ученички, а иранските власти за нападот ги обвинија американско-израелските сили, додека прелиминарните извештаи укажуваат на можна грешка во таргетирањето. US Secretary of War Pete Hegseth did not answer a reporter's question, "Why did you order the bombing of children at school in Iran?" pic.twitter.com/76ENTkMvBg — 1880 News (@1880News) April 29, 2026 Американските медиуми претходно објавија дека тековните истраги сугерираат дека нападот можеби е резултат на грешка на американската војска, поради застарени разузнавачки податоци.Тагови: Иран Пит Хегсет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМбапе во 2016 бил многу блиску до Ливерпул, но сепак не ја послушал својата мајка!!Фудбалерот на Реал Мадрид и француски репрезентативец Килијан Мбапе откри дека бил многу блиску до премин во Ливерпул во 2016 година, но сепак одлучил да се послуша себеси, а не советите на својата мајка, која била воодушевена од клубот од „Енфилд“.Во тоа време, Мбапе имал 18 години и настапувал за Монако, а Ливерпул се обидувал да го убеди да ја продолжи кариерата на „Енфилд“. „Бев блиску до Ливерпул. Омилената дестинација на мајка ми беше Ливерпул. Таа сакаше да одам таму“, изјави Мбапе за „Атлетик“, а пренесе Би-би-си. Сепак, Французинот одлучи да остане во татковината и да ја прифати понудата од Пари Сен Жермен. „Не ја послушав бидејќи сакав да играм во мојот град, Париз. Не сакав да ја напуштам земјата пред да станам некој и нешто“, објасни Мбапе. Според него, мајка му била голем обожавател на тогашниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, и сакала да го види својот син во дресот на англискиот клуб. „Постојано ми велеше: 'Ливерпул – ќе бидеш таму, ќе играш на „Енфилд“, тоа ќе биде одлично за тебе'“, додаде Мбапе. Мбапе исто така откри дека неговата мајка лично отишла во Ливерпул за да ги види клубот и стадионот за време на првата фаза од преговорите. „Таа отиде во градот, на стадионот, се запозна со луѓето. Рече: 'Тоа е прекрасен клуб, сите се многу пријателски настроени, тоа е семеен клуб, голем клуб'. Отиде на 'Енфилд' и се вљуби во него“, изјави Мбапе. Неговата мајка дури и сама гледала неколку натпревари за да ја почувствува атмосферата и да замисли како нејзиниот син игра на тој познат стадион. Клоп претходно откри дека Ливерпул направил сè за да се реализира трансферот. Меѓу другото, клубот обезбедил приватен авион за семејството Мбапе да патува од Блекпул до Ница. „Навистина направивме сè. Потоа летавме, разговаравме со семејството и јадевме добра храна“, рече Клоп. Германскиот експерт додаде дека се обиделе да избегнат јавно внимание, но дека преговорите на крајот не вродиле со плод. Потоа, Мбапе премина во Париз Сен Жермен како позајмен играч од Монако, со опција за траен трансфер вреден 180 милиони евра. Тој помина седум години во Париз и стана најдобар стрелец во историјата на клубот, пред да замине во Реал Мадрид во 2024 година. „На крајот, одлучив да одам во ПСЖ бидејќи за мене – како некој што е роден и израснат во Париз – немаше подобро чувство од тоа да покажам дека можам да бидам ѕвезда во мојот град“, заклучи Мбапе.Тагови: Килијан Мбапе Ливерпул Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50
МакедонијаЈаневска: Инклузијата ја градиме сите, да научиме по нешто од знаковниот јазикВо „Партенија Зографски“ државното средно училиште со ресурсен центар, наставниците покажуваат дека може да се најде соодветен начин и средства за комуникација со секое дете, согласно неговите можности.Затоа што сите наши деца имаат право да учат, да знаат и да стекнуваат вештини кои ќе им користат во животот и работата. Децата со посебни образовни потреби имаат потенцијал да постигнат многу, доколку добијат поголема поддршка од семејството, училиштето и средината во која растат и се развиваат. Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска на одбележувањето на Меѓународниот ден на знаковниот јазик, додавајќи дека тоа е добра можност за подигнување на свесноста за децата и лицата со оштетен слух. „Знаковниот јазик им помага да се ‘слушнат’ меѓу себе и нив да ги ‘чујат’ другите. Тој им го олеснува образованието. Како министерство, работиме на отстранување на бариерите и соработуваме со училиштата со ресурсни центри во обезбедувањето дидактички материјали, асистивна технологија и поддршка во употребата на знаковниот јазик. Обезбедуваме континуирани обуки за наставниците за изучување на знаковниот јазик. Зашто, од тоа зависи квалитетот на образованието што ќе го добијат учениците“, посочи министерката Јаневска. Македонија, како држава, е потписничка на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, што обврзува на почитување на принципите на инклузија и недискриминација, и вклучување на децата и младите со попреченост во образовниот систем, прилагодувајќи го кон индивидуалните потреби. „Дозволете ми да забележам дека како општество треба уште да работиме на промена на ставовите кон лицата со попреченост. Подигнувањето на свеста за нивните права, едукативните активности и комуникација се начини на борба против стигмата и дискриминацијата, кои не се наша обврска само поради потпишаните документи, туку се наша човечка должност кон секого“, рече Јаневска, додавајќи дека секој од нас може да направи чекор за приближување кон лицата со оштетен слух така што ќе научи по нешто од знаковниот јазик. Така лицата со оштетен слух ќе се чувствуваат попријатно во секоја средина каде што се движат и работат. Подобрување на инклузивноста и пристапноста не е само работа на институциите, туку и индивидуална одлука.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПадна снег на ПелистерПрвиот ден од есента освен пониски темепратури донесе и вистинска зимска слика на Пелистер. Денеска на повисоките делови од планината заврна снег и врвовите за кратко време биле покриени со тенка снежна покривка. Фотогграфиите беа објавени на официјалната страница на Националниот парк „Пелистер“ на фејсбук со појаснување дека на првиот ден на есента паднал снег на повисоките планински врвови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter