Писториус промовира нов модел на доброволна воена служба во Бундесверот - Канал 5

Писториус промовира нов модел на доброволна воена служба во Бундесверот

Германија во текот на годината планира да лансира нов модел на доброволна воена служба, со првични чекори, вклучително и рестартирање на процедурите за воена регистрација и следење, рече министерот за одбрана Борис Писториус, пренесе ДПА. 

Писториус промовира нов модел на доброволна воена служба во Бундесверот

-Откако ќе заврши законодавниот процес, можеме да започнеме да ги примаме и обучуваме првите регрути, рече тој за ДПА, додавајќи дека се очекува уште во првата година да се приклучат околу 5.000 нови војници.

Социјалдемократскиот политичар додаде дека темелот на овој нов модел бил поставен во последниве месеци, што овозможува следните чекори да се следат брзо откако ќе биде формирана новата влада.

Коалицискиот договор меѓу социјалдемократите (СПД) и конзервативниот блок ЦДУ/ЦСУ - составен од демохристијаните на Фридрих Мерц и Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) повикува на лансирање на нов модел на воена служба, првично на доброволна основа.

-Претпоставуваме дека атрактивниот модел на услуга ќе донесе доволно доброволци, рече Писториус, кој се очекува да остане на функцијата. „Доколку тоа не е случај во одреден момент, ќе треба да се донесе одлука дали да се продолжи воениот рок за млади мажи.

Германија ја суспендираше задолжителната воена и цивилна служба во 2011 година по 55 години, демонтирајќи ги сите релевантни структури. Сепак, законот кој дозволува регрутирање на мажи останува на сила и може да се активира во случај на национална вонредна состојба.

Писториус рече дека целта е да започне новиот модел на воена служба во текот на годината.

-СПД и ЦДУ/ЦСУ се согласуваат за потребата од проширување на војската на Германија- Бундесвер, не само во постојните сили од околу 180.000 мажи и жени, туку и во резервата, рече тој за ДПА.

СДСМ: Не е само култура, илјадници работници власта остави без плата

Илјадници работници власта остави без плата. Иако поминаа недели од законскиот рок, платите на вработените во државни институции сè уште не се исплатени. 

СДСМ: Не е само култура, илјадници работници власта остави без плата

Не само вработените во културата, вработени во Министерствот за економија, во Државниот пазарен инспекторат исто така немаат земено плата.

До таму ДПМНЕ ја донесоа земјава –не зборуваме веќе за економски развој, туку дали Владата ќе може да ја исполни најосновната обврска – исплатата на заработената плата!

Ова не е само скандал, ова е кршење на основните права на работниците, уривање на нивното достоинство и уште една потврда за целосната неспособност на Владата предводена од ДПМНЕ.

Ова е врв на игнорантност и понижување на македонскиот работник. Тотална незаинтересираност на власта за работниците.

Прашауваме кој ќе ја сноси одговорноста?

Платата не е награда. Платата е законско, загарантирано право.

Додека функционерите од власта се расфрлаат со папаја, манго и луксузи, работникот живее од трошки и едвај крпи крај со крај.

Во овие десет месеци, животот на илјадници семејства се претвори во преживување од месец во месец. Животниот стандард е на историско дно, цените и сметките растат, а Владата одби секое барање за покачување на платите. Македонскиот работник е најпотценет во регионот.

Бараме најитно исплата на сите неисплатени плати. Работниците не се статистика – тие се столб на општеството и нивниот труд, нивното достоинство мора да бидат почитувани.

Скопје, 24.04.2025

СДСМ

Вицепремиерот Николоски во Лондон се сретна со Тим Рид

Вицепремиерот Николоски во Лондон се сретна со Тим Рид, извршен директор на извозната агенција на Обединетото Кралство. Се потврдува сратешкото партнерство меѓу двете земји, економијата и инвестициите приориет за Македонија

Вицепремиерот Николоски во Лондон се сретна со Тим Рид

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, вчеравечер во Лондон оствари работна средба со Тим Рид, извршен директор на Извозно кредитната агенција на Обединетото Кралство.

На средбата се разговараше за економската соработка меѓу двете земји во делот на реализација на капиталните инвестиции.

Притоа вицепремиерот Николоски ги истакна плановите на Владата за развој и модернизација на инфраструктурата со посебен акцент на патната и железничката мрежа.

Тој потенцираше дека проектите што ги опфаќа инвестицискиот план на Владата на Република Македонија, покрај развој на домашната економија имаат и регионално значење, а придобивките од нив се повеќекратни за земјите од Западен Балкан.

На средбата беа разменети информации околу потенцијалната соработка меѓу двете земји и подршката што може да ја обезбеди оваа Агенција во рамки на нејзините државни политики.

Исто така беше истакнато дека Обединетото Кралство е стратешки партнер на Македонија во развојот на земјата и во тој конткест политиките ќе се насочат кон подршка на економскиот и општествениот развој.

Работните средби на вицепремиерот Николоски продолжуваат и денеска во Лондон каде е планирано да се реализираат одвоени средби со Стивен Даути, министер задолжен за Европа, како и со Дејм Карен Пирс, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан.


Трамп вели дека би можел да се сретне со Путин следниот месец

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти Русија е подготвена да стави крај на војната, додавајќи: „Мораме да се договориме со Зеленски“.

Трамп вели дека би можел да се сретне со Путин следниот месец

Трамп оваа изјава ја даде од Овалната соба за време на потпишувањето на извршните наредби. Набргу потоа, тој покажа поголем оптимизам, велејќи: „Мислам дека имаме договор со двете страни“, додавајќи: „Се надевам дека ќе го направат тоа“.

Запрашан од новинарите за можна средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, прва по судирот на двајцата лидери за време на бурната средба во Белата куќа, Трамп рече дека се уште не знае дали тоа ќе се случи. Двајцата претседатели ќе присуствуваат на погребот на папата Франциско во сабота во Рим.

Трамп најави и дека наскоро може да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, по планираната посета на Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати. На прашањето дали средбата ќе се одржи во Саудиска Арабија, тој одговори: „Можно е, но веројатно не. Мислам дека ќе се сретнеме наскоро потоа“.

Саудиска Арабија моментално е домаќин на разговорите меѓу Русија и Украина за можен прекин на огнот.

Патувањето на Трамп на Блискиот Исток, планирано за 13-16 мај, ќе биде негово второ патување во странство овој мандат, по викендот во Рим каде што ќе присуствува на погребот на папата.

притисни ентер