Писториус би можел да се натпреварува во Рио 2016?! - Канал 5

Писториус би можел да се натпреварува во Рио 2016?!

Меѓународниот параолимписки комитет објави дека атлетичарот Оскар Писториус ќе има право да учествува на параолимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016-та година ако за тоа време не одлежува затворска казна.

Писториус би можел да се натпреварува во Рио 2016?!
27 - годишниот Јужноафриканец, кој ја застрела својата девојка Рива Стенкамп минатата година, беше прогласен за виновен за убиство од небрежност. Нему ќе му биде изречена казната на 13. октомври, а законот во земјата, предвидува казна од условна и парична казна до 15 години затвор.

Писториус освои шест златни и вкупно осум медали од параолимписките игри во 2004, 2008 и 2012 година. Во Лондон тој стана и првиот атлетичар со ампутирани нозе, кој учествува на Олимписките игри за луѓе без хендикеп. Оскар направил исклучително многу за параолимпиското движење, тој беше инспирација за милиони ширум светот. Ние ќе му дозволиме да се натпреварува повторно, изјавија од меѓународниот параолимписки комитет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Граѓанската иницијатива „Ниту една повеќе“ на блокада пред Владата како протест на случаите со фемицид

Под мотото ,,Жени, живот слобода" пред Владата се одржаа протести против фемицидот и против насилството врз жените. 

Граѓанската иницијатива „Ниту една повеќе“ на блокада пред Владата како протест на случаите со фемицид

Сето ова следува по последниот случај во Охрид кога 26-годишната Сара Ѓорѓиеска беше брутално претепана од нејзиниот 31-годишен партнер Кристијан Корабоски. На протестот присутните побараа поголема институционална одговорност и конкретни мерки за заштита на жените. Пред присутните денеска се обрати и Бети Ангеловска, мајка на 21-годишната Емилија Ангеловска од Битола, жртва на насилство. Ангеловска рече дека на сторителот му бил одреден само осумдневен притвор и дека во среда ќе излезе на слобода. Таа ги повика институциите да ги разгледаат доказите кои ги има против него.

– Нашиот натрапник излегува во среда од притвор, после што ќе правиме? Осум дена притвор за дете тепано повеќе од една година. Значи го молам министерот, го молам јавното обвинителство, телефоните се земени на вештачење – во нив има снимки, видео материјали, значи претепана цела е . Повторно го моламн јавното обвинителство, во телефоните нејзини има видео записи убаво да ги прелистаат,-изјави Бети Ангеловска, мајка на Емилија Ангеловска.

Лицето кое ја претепа Емилија избега преку прозор од полициска станица во Битола, за потоа самиот повторно да пријави. Додека присутните бараа побрза реакција на институциите при случаи со насилство врз жени, со свој став излезе и Рита Колумбија, постојаната координаторка на Обединатите Нации во земјава.

Токму на светскиот ден на детето и во пресрет на глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство, Колумбија од домашните органи побара побрза институционална реакција за превенција на фемицид, темелна ревизија од независно тело при секој случен фемицид и подигнување на проблемот на ниво на национален приоритет.

Од почетокот на годинава во земјава се забележани седум фемициди,а последен беше случајот со Билјана Ќириќ од Богданци, која беше најдена мртва во опожарено возило. Од 2021 до 2025 година во Македонија се забележани 26 случаи на фемицид.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници

Од виртуелно пријателство во он-лајн игра до уцени, самоповредување и насилство на деца. 

МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници

МВР има пријави и истражува дали познатата меѓународна мрежа „7 6 4“ што постои околу 6 години се прошири и во Македонија и преку своите членови со уцени, закани и психолошка контрола принудува деца да се сечат со жилети и да снимаат насилни содржини. Засега од МВР нема официјална потврда за медиумиските објави од пред неколку дена дека дете од скопско основно училиште се самоповредувало сечејќи се по нозете со остар предмет, откако комуницирало со некого преку видеоиграта Роблокс и „Тикток“, но сепак оттаму за Канал 5 велат дека има случаи во кои се забележани елементи што укажуваат на можна поврзаност со мрежата „7 6 4“.

- „Поради тековните активности, во оваа фаза не би изнесувале конкретни податоци за бројот на пријави и градовите од кои се поднесени. По целосно утврдување на фактите, јавноста ќе биде соодветно информирана“. Оттаму упатија силен апел за внимателност до родителите појаснувајќи како доаѓа до првичен контакт на членовите од мрежата со децата.

-Најчесто контактот со децата и младите го воспоставуваат претставувајќи се како нивни врсници или како лица заинтересирани за пријателски или како лица заинтересирани за пријателски или емотивен однос. Откако ќе ја стекнат нивната доверба, започнуваат со манипулации, закани и уцени, со цел да ги принудат да споделуваат интимни фотографии и видеоснимки, да се самоповредуваат, да вршат насилство врз други лица или животни, па дури и да преземаат дејствија кои можат да имаат животозагрозувачки последици. Материјалите што ги добиваат потоа ги користат како средство за дополнително заплашување, уценување и контрола врз жртвите,- - Гоце Андреевски – МВР.

Комуникологот Бојан Кордалов смета дека е неопходна едукација за опасностите во интернет-просторот бидејќи лекот за сајбер безбедност е превенцијата, а таа се постигнува со запознавање и разговор со блиските.

Како што детето го пуштаме само да оди на училиште и тоа минува крстосници и разни опасности додека дојде до училиште, или како што го пуштаме на некој роденден или да излекува навечер така тоа го правиме и во интернет просторот. Сме му дале едукација и правила како се функционира и кои се опасностите, истото мора да се направи и тука. Мора да се работи на едукација и на возрасните, а преку нив и на децата, на осојузување на сите чинители, институциите да постапуваат,- - Бојан Кордалов - експерт за комуникации и дигитална писменост

Надлежните порачуваат родителите да внимаваат на ненадејни промени во однесувањето, повлекување, страв, таинственост при користењето на телефонот, заканувачки пораки или необјаснети повреди кај своите деца и посочуваат дека една пријава може да спаси и живот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

КФМ: Пуштени во продажба влезниците за натпреварот Македонија – Кипар

Цена на влезниците е 150 денари за сите блокови, односно трибини во комплетно реновираната спортска сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје.

КФМ: Пуштени во продажба влезниците за натпреварот Македонија – Кипар

Кошаркарската федерација на Македонија како организатор на натпреварот Македонија - Кипар, кој е дел од втората рунда од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година, информира дека од денеска, сите заинтересирани љубители на кошарката можат да обезбедат влезни билети преку онлајн сервисот „МКТикетс“.

Цена на влезниците е 150 денари за сите блокови, односно трибини во комплетно реновираната спортска сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје.

Натпреварот Македонија – Кипар, ќе се игра на 26 ноември (четврток), со почеток од 18:00 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер