3ЛДП: „Нула денари“ е најскапата лага - Владата призна „Рекет на стероиди“ со авансна уплата за идни привилегии, монополи и институционална заштита!
Три работи за себе кои не треба да ги откривате пред сите: Укажуваат на вашите слабости, а манипулаторите се хранат со нив
2Три работи за себе кои не треба да ги откривате пред сите: Укажуваат на вашите слабости, а манипулаторите се хранат со нив
3Јапонски метод на среќа: Седум навики на среќните луѓе што го тераат светот да им дава неверојатни можности
ЖивотПисмото на Елизабета II ќе биде понудено на аукција во ПеншурстПисмо што како дете го напишала Елизабета II ќе биде понудено на аукција во Пеншурст, југоисточна Англија, а се очекува да достигне цена до 4.000 фунти (4.680 евра).„Писмото, упатено до Беатрис Стилмен, главната куќна помошничка во кралската резиденција во Виндзор, содржи цртежи од кучиња, коњи и деца, како и прашање дали „птиците се добро и дали златните рипки не угинале“, пренесува Еј- би-си. Според аукциската куќа „Хеншос Окшонирс“ (Henshaws Auctioneers), принцезата Елизабета II писмото го напишала на свои десет/ дванаесет години. Џастин Метјуз, вработен во аукциската куќа и задолжен за продажба на писмото во Пеншурст, изјави дека за 27 години работа никогаш не видел нешто толку убаво. Кралското писмо ќе биде понудено за продажба на 27 февруари. Во него се спомнуваат цвеќињата што ги набрала кралицата. Желбата ѝ била тие да бидат поделени на персоналот во кралската вила. Слични ракописи се најдени и наменети за Стилмен. По еден трагичен настан, Стилмен била поканета заедно со семејството да престојува во дворецот. Писмата биле пронајдени по нејзината смрт во 2024 година од страна на нејзиниот внук Вилијам Вестакот. - Знаевме дека писмата постојат, но да ги читаме во живо беше навистина посебен и возбудлив момент - изјавил Вестакот.Тагови: кралица Елизабета Втора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаЦените на угостителските услуги се за 3,7% повисоки во споредба со август минатата годинаПодатоците од Заводот за статистика покажуваат дека сметката во рестораните, кафеаните и објектите за сместување продолжила да расте и во август. Цените на угостителските услуги биле за 0,6% повисоки отколку во јули, а за 3,7% повисоки во споредба со август минатата година, покажуваат најновите податоци на државниот завод за статистика. Најголемото месечно поскапување е забележано кај пијалаците. Цените на алкохолните и безалкохолните пијалаци пораснале по 1,5%, односно трипати повеќе од храната, која поскапела за 0,5%. Ноќевањата во август биле поскапи за 0,4% во споредба со претходниот месец. Годишниот раст на угостителските цени од 3,7% е за 1,1 процентен поен повисок од општата годишна инфлација, која во август изнесувала 2,6%. Тоа покажува дека поскапувањето во угостителството во овој период било поизразено од просечниот раст на потрошувачките цени.Тагови: угостителски услуги Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп: До ноември нема да заврши војната со Иран Американскиот претседател Трамп изјави дека не мисли оти војната со Иран ќе заврши до изборите во ноември, додавајќи дека цените на нафтата нема да се намалат дотогаш.„Мислам дека војната ќе заврши веднаш по изборите бидејќи тие повеќе не можат да издржат“, рече Трамп за властите во Техеран, тој изјавата ја даде додека се упатуваше кон Тексас за првата конвенција на партијата.анкетите покажуваат дека Трамп се соочува со опаѓање на рејтингот и притисок од неговата Републиканска партија да ја прекине војната со Иран. Вчера , цените на нафтата се искачија на 100 долари за прв пат од јули поради зголемените борби на Блискиот Исток. Изборите ќе се одржат на 3 ноември, а републиканците се во опасност да ја изгубат контролата врз конгресот. Борбите на Блискиот Исток се интензивираа во последните денови. Американската војска соопшти дека нападнала пет танкери за нафта поврзани со Иран. Техеран, како одговор, започна напади врз два разорувачи на американската морнарица и осум танкери за нафта во Ормутскиот Теснец, еден ден претходно, Хутите во Јемен започнаа бран напади во Саудиска Арабија, предизвикувајќи пожари во нафтени постројки.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛДП: „Нула денари“ е најскапата лага - Владата призна „Рекет на стероиди“ со авансна уплата за идни привилегии, монополи и институционална заштита!Изјавата на премиерот дека прославите и скапите концерти низ државата ја чинеле власта „нула денари“ бидејќи биле платени од „општествено одговорни компании“ не е вест за домаќинско работење, туку официјално признание за приватизација на државата.Либерално-демократската партија (ЛДП) алармира дека кога приватниот капитал тајно ги финансира државните манифестации и владината ПР-пропаганда, тоа не е филантропија, туку авансна уплата за идни привилегии, тендери и институционална заштита. Ова не е домаќинско владеење, ова е замена за класичен рекет — систем каде што приватни моќници го купуваат мирот и наклонетоста на Владата, додека граѓаните подоцна ја плаќаат сметката преку монополи и високи цени. Обвинуваа за рекет, сега гледаме маскиран и јавно признат „Рекет на стероиди“! Залудно власта се обидува да ја замачка јавноста со фразата за „нула денари“. Прво, тие исти компании утре ќе искористат даночни олеснувања за овие спонзорства, со што државниот буџет директно ќе изгуби милионски суми од данок на добивка — што значи дека граѓаните ПАК ја плаќаат сметката! Второ, ако сѐ било приватна донација, зошто Владата ја задолжуваше Државната лотарија уште во април да распишува јавни огласи за уметници од „светска А-класа“ и зошто владини портпароли од официјални говорници најавуваа приватни концерти? Ете зошто се промовираат монополи во авиосообраќајот и бизнисот. Ете зошто Владата свесно го одбива предлогот на ЛДП за намалување и ограничување на банкарските провизии. Оваа соголена спрега меѓу власта и корпорациите директно го објаснува однесувањето на Владата кон граѓаните. Наместо да им ги намали трошоците на граѓаните, Владата ги штити интересите на банките и олигарсите, за тие за возврат да ѝ ги финансираат сценографиите, забавите и политичкиот маркетинг. Ваквиот нетранспарентен систем е директно спротивен на сите европски стандарди за владеење на правото и спречување судир на интереси. На Македонија ѝ се потребни Европската Унија и нејзините строги механизми токму за ваквата коруптивна спрега конечно да може правно да се гони. Затоа власта бега од нов Кривичен законик по урнек на ЕУ и бара изговори за да нема реална правна заштита. ЛДП бара итно објавување на сите договори, спонзори и финансиски текови за одржаните манифестации на сите таканаречени „општествено одговорни компании“. Граѓаните имаат право да знаат кој ја платил државната сценографија, за утре, кога истите тие компании ќе добиваат државни тендери или лиценци, да не се чудиме зашто системот е корумпиран. Бараме да се активира и Државната комисија за спречување на корупцијата и да направи целосно испитување на овие донации и потенцијалниот судир на интереси! Либерално-демократска партијаТагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook