Писмо од Голи Оток испишано со конец на манжетна од кошула по 72 години стигна во Кавадарци - Канал 5

Писмо од Голи Оток испишано со конец на манжетна од кошула по 72 години стигна во Кавадарци

Писмо од Голи Оток со многу емоции, извезено на внатрешната страна на манжетната од кошула со распаран конец од затворските панталони, по 72 години стигна во Музеј Кавадарци.

Писмо од Голи Оток испишано со конец на манжетна од кошула по 72 години стигна во Кавадарци

Писмото го испратил политичкиот затвореник Боро Ангеловски-Ваташки. Тој всушност извезал тајна порака за својот двомесечен син Габер. Тајното писмо било везено во август 1949 година. Музејот го доби оригиналното извезено писмо на манжетната, од неговата ќерка, д-р Олга, која живее во Пула, Хрватска.

-Татко ми Боро Ангеловски-Ваташки е роден во село Ваташа 1919 година, а починал 1954 година, од откажување на бубрезите, како последица од злоставувањето во затворот на Голи Оток, кадешто бил до мај 1952 година. Ви ја испраќам оригиналната манжетна со пораката бидејќи нејзиното место е во музејот во Кавадарци. Како дел од историјата на Република Македонија, во чиешто создавање учествуваа покрај моите чичковци Наќо Ангеловски и Димката Ангелов-Габерот, така и татко ми, Боро Ангеловски-Ваташки. Манжетната ја испраќам по почитуваниот колега доктор Перо Пењушков, стои во писмото кое неодамна исто така го испратила доктор Олга од Пула.

Доктор Пењушков, кој ја донесе манжетната, рече дека се уште постојат траги од крв на писмото.

„Сине мој. Расти Габер и не се срами од татко ти”, му напишал Боро со конец на својот штотуку роден син. Надевајќи се дека еден ден пораката ќе биде во рацете на синот, тој му објаснил дека е свесен оти згрешил кон КПЈ и својата фамилија.

– За едните станав херој, а за другите издајник. Јас сум обичен комунист и како таков погрешив. Но треба ли да лежам на земе гол и да не ме праќаат во болница – прашува Боро Ангеловски во везеното писмо. “Само желбата да видам тебе и Хриса и да ве загрлам сине, праи да живеам. Хвала ти Хрисе на скапиот дар. За Габерот. Ве сака Боро. Ц. Затвор, 21.8.1949”, пишува Ваташки на крајот од пораката која е упатена и до сопругата Христина, која живеела во Пула со ќерката Олга.

Според кажувањето на неговата ќерка, татко и кошулата му ја дал на пријателот и сограѓанин Вано Ралев, кој бил ослободен од Голи Оток и требало да се врати во Македонија. Тие двајцата всушност си ги замениле затворските кошули, за да може Вано да ја пренесе пораката до најблиските на Боро. Според тоа што и го кажала мајка и, а и од она што го слушала од самиот Ралев кога била студентка, Вано не знаел дека манжетната била извезена и дека носи тајна порака.

– Можеби тоа е и среќна околност во тие виорни времиња, бидејќи тоа сознание за него би било кобно, знаејќи ги џелатите од Голи Оток. Кога Вано дошол во Скопје, ја дал кошулата на мајка ми. Таа зела да ја пере и видела дека се темнее манжетната. Ја распарала и ја прочитала пораката од татко ми, раскажува Олга.

Ваташки бил роден на 13 ноември 1919 година. Починал во 1954 година, кога му откажале бубрезите како последица на мачењето на Голи Оток. На злогласниот остров тој бил од мај 1949 до почетокот на 1952 година.

Боро бил еден од тројцата синови на илинденецот Ташо Ангелов. Сите тројца биле неприкосновени борци за Македонија. Според историчарот Петре Камчевски, на Голи Оток во тоа време, биле испратени дваесетина политички затвореници од Кавадаречко.

Директорката на Музејот, Весна Ѓорѓиева, кустос советник, се заблагодари за овој вреден подарок и рече дека тој во иднина ќе им раскажува на посетителите за историјата на едно време, на оригинален и емоционален начин. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бернам сака Британија да ја врати во ЕУ- од Брисел го предупредија: Многумина се трауматизирани од Брегзитот

Британскиот премиер Енди Бернам ќе се соочи со тешки преговори ако сака Велика Британија повторно да се приклучи на Европската Унија, бидејќи претставниците на ЕУ се „трауматизирани“ од Брегзит.

Бернам сака Британија да ја врати во ЕУ- од Брисел го предупредија: Многумина се трауматизирани од Брегзитот

Британскиот премиер Енди Бернам ќе се соочи со тешки преговори ако сака Велика Британија повторно да се приклучи на Европската Унија, бидејќи претставниците на ЕУ се „трауматизирани“ од Брегзит, изјави високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.

Каја Калас, потпретседателка на Европската комисија, предупреди дека последиците од преговорите за Брегзит би можеле да ги комплицираат сите идни разговори и да ја намалат подготвеноста на Брисел да прави отстапки.

„Сè зависи од конечниот договор и, пред сè, од тоа што сакаат луѓето од Велика Британија. Но, во исто време, морам да кажам дека има многу луѓе овде во Европската Унија кои се трауматизирани од Брегзит“, рече Калас на заедничката прес-конференција со британскиот министер за одбрана Вес Стритинг.

„Затоа овие преговори, знаете, ќе бидат тешки“, додаде таа.

Двајцата беа прашани за извештаите дека претставниците на ЕУ би можеле да ѝ дозволат на Велика Британија повторно да се приклучи на блокот без да мора да го усвои еврото или да се приклучи на Шенген зоната за слободно патување.

Многумина во Брисел беа охрабрени од неодамнешните изјави на Енди Бернам за неговата желба Велика Британија да воспостави поблиски врски со ЕУ, вклучително и можноста за враќање на слободното движење на работниците.

Но, Калас, поранешната премиерка на Естонија, рече дека Велика Британија и ЕУ треба да бидат повнимателни и постепено да го развиваат својот однос.

„Мислам дека е важно да имаме подлабок однос бидејќи сте многу блиски со нас и заедно сме посилни. Но, да го правиме тоа чекор по чекор“, рече таа.

Стритинг ги посети Брисел и Берлин во обид да добие поддршка за вклучување на Велика Британија во програмата „Произведено во Европа“ на ЕУ, која ги опфаќа јавните набавки и трговијата, вклучително и во одбранбениот сектор.

Доколку британскиот премиер и министерот за одбрана не успеат да постигнат договор, европските влади би можеле да бидат спречени да купуваат опрема од британските одбранбени компании во време кога воените трошоци драматично растат.

Во исто време, Бернам вети дека ќе започне национална дебата за идните односи меѓу Обединетото Кралство и Брисел, вклучително и можноста за повторно приклучување кон Европската Унија, објавува „Телеграф“.

Се очекува тој да презентира опции што британската влада би можела да ги разгледа, истовремено со учеството на самитот ЕУ-Велика Британија со лидерите на европскиот блок подоцна овој месец.

Зборувајќи во белгиската престолнина, Стритинг ги опиша напорите на премиерот како „рани фази од разговорот“, додавајќи дека започнува, како што рече, „смел разговор“.

Британскиот министер за одбрана оцени дека процесот треба да започне со повик до ЕУ да избегнува „контрапродуктивен протекционизам“ во своите политики за трошење на одбраната.

„Земјите-членки навистина имаат корист од соработката што ја имаат со британската одбранбена индустрија. Кога ќе ја погледнеме пошироката слика, многу е важно Велика Британија да биде дел од пошироките европски одбранбени сојузи што ги имаме“, рече Калас, зборувајќи за набавката на оружје.

Стритинг подоцна отпатува во Берлин, каде што се сретна со својот германски колега Борис Писториус, кој ја поддржува вклученоста на Велика Британија во европските одбранбени програми.

Британскиот министер за одбрана посочи дека Лондон би можел да започне разговори со Берлин за нејзиното вклучување во проектот „Темпест“, кој има за цел да развие борбен авион од нова генерација во соработка со Италија и Јапонија.

Германија неодамна се повлече од сличен заеднички проект со Франција поради несогласувања околу техничките карактеристики и производството на авионот.

„Работиме со нашите пријатели во Италија и Јапонија за развој на борбен авион од следната генерација. Знаеме дека други земји се заинтересирани за оваа способност и сакаат да учествуваат во неговиот развој. Како што рече премиерот за време на неговата посета на Берлин, сигурно би биле отворени за учество на Германија во оваа програма“, рече Стритинг.

„Сепак, тоа е заедничка одлука меѓу Велика Британија, Италија и Јапонија. Сакаме да ги разбереме потребите на Германија и да утврдиме дали постојат можности за соработка и конвергенција на интересите. Мислам дека тоа е вистинскиот начин да се пристапи кон овие дискусии“, заклучи британскиот министер за одбрана.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прабаба на OnlyFans: Внуците беа шокирани, а сега ми даваат идеи (ФОТО)

Прабабата Д.Д. Вајт, која го привлече вниманието на јавноста откако изјави дека OnlyFans е нејзиниот план за пензионирање, откри како нејзините внуци дознале дека таа објавува содржина за возрасни на платформата. 

Прабаба на OnlyFans: Внуците беа шокирани, а сега ми даваат идеи (ФОТО)

Таа за TMZ раскажа како реагирале членовите на нејзиното семејство кога дознале што прават таа и нејзиниот сопруг.

Внукот откри сè на социјалните мрежи

Вајт рече дека еден од нејзините внуци наишол на објава за нејзиниот профил OnlyFans на социјалната мрежа X. Тој ѝ покажал што пронашол на својата мајка, која, според Вајт, била целосно изненадена од информацијата.

Недолго потоа, друга внука дознала за профилот на нејзината баба, која решила директно да ја праша за тоа.

„Бабо, што правиш?“, ја прашала таа. Иако веста првично ја изненадила, подоцна признала дека всушност било „многу кул“ за неа.

Денес, нејзините внуци ѝ помагаат со идеи

Д.Д. Вајт вели дека нејзините деца исто така биле отворени за фактот дека таа и нејзиниот сопруг снимаат содржина за возрасни. Покрај тоа, тој тврди дека станале поинтересни поради ова.

Според неа, нејзините внуци ја поддржуваат денес и немаат проблем со нејзината активност на OnlyFans. Не само што го прифатиле она што го прави, туку повремено предлагаат и идеи за објави на социјалните мрежи.

Во интервју за TMZ, таа се осврна и на прашањето дали членовите на нејзиното семејство некогаш ја виделе нејзината експлицитна содржина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Негувала стотици луѓе пред смрт- открива „преубаво“ искуство кое многумина го доживуваат на крајот на животот

Смртта е сè уште една од најголемите табу теми во општеството. 

Негувала стотици луѓе пред смрт- открива „преубаво“ искуство кое многумина го доживуваат на крајот на животот

Многу луѓе дури и не сакаат да размислуваат за крајот на животот, а камоли да зборуваат за тоа со другите, објави Дејли Стар.

Медицинската сестра Џули Мекфаден, чија специјалност е палијативна нега, била сведок на смртта на стотици луѓе во текот на својата кариера, а со своите сведоштва на социјалните мрежи, таа се обидува да го отфрли стравот од смртта.

Објасни два феномена

Нејзината намера е да ѝ соопшти на јавноста што се случува во последните недели, денови и часови од животот на пациентот, но и да покаже дека некои од овие моменти, и покрај нивната тежина, можат да бидат многу трогателни.

Таа е позната на социјалните мрежи како хоспис медицинска сестра Џули, а има околу 1,7 милиони следбеници на TikTok. Преку своите објави, таа се обидува да започне отворен разговор за смртта и да им помогне на семејствата да препознаат промени што може да укажуваат дека животот на нивните најблиски се приближува кон крајот.

Во едно од своите видеа, таа истакна два необични феномена што постојано ги забележувала кај пациенти во последните фази од животот.

Првиот, кој таа го нарече „смртен поглед“, е кога пациентот одеднаш станува целосно фокусиран на одреден дел од собата и продолжува да гледа во таа насока, без оглед на тоа што се случува околу него.

„Ако не сте запознаени со феномените на крајот на животот, постојат неколку работи што можат да им се случат на повеќето луѓе во овој период. Едно од нив се нарекува „смртен поглед“. Тоа е момент кога лицето станува многу фокусирано на одреден дел од собата и, без разлика што се обидувате, нема да го помести погледот“, објасни таа.

Понекогаш лицето само гледа во една точка, додека друг пат може да изгледа како да „разговара со некого“ кој не е видлив за луѓето околу него. Џули истакнува дека пациентите понекогаш имаат голема насмевка на лицето, како да виделе нешто што ги прави многу среќни.

Друг феномен што го издвои се „визиите на крајот на животот“. Таа ги опишува како еден од најчестите феномени што здравствените работници ги забележуваат кај пациентите во последните фази од животот.

Според неа, во овие моменти, едно лице може да почне да „гледа“ некого кој веќе починал, кого го познавало и го сакало. Понекогаш пациентите дури и водат „разговори“ со овие луѓе, иако никој друг во собата не може да ги види.

Пациентите опишуваат различни работи

Тоа може да бидат родители кои починале, стари пријатели или други блиски членови на семејството. Медицинската сестра вели дека многу пати била сведок на такви ситуации за време на нејзината работа.

Таа, исто така, се присети на еден пациент кој имал широка насмевка на лицето, како да гледал „некого“ или „нешто“ преку собата.

Џули потоа сакала и неговата сопруга да го види моментот, бидејќи, како што објаснува, ваквите феномени понекогаш можат да дадат индиции за тоа колку време му останува на умирачкото лице.

„Овие феномени на крајот на животот обично почнуваат да се случуваат неколку недели до еден месец пред смртта“, објасни таа.

Таа додаде дека луѓето опишуваат различни искуства во овие моменти, кои често зависат од нивните религиозни верувања. Некои зборуваат за гледање „починати членови на семејството“, додека други опишуваат сцени што имаат религиозно значење.

Некои пациенти, вели таа, зборуваат за „прекрасни облаци или цвеќиња“, додека други тврдат дека го гледаат „Исус, Бог или ангели“. Исто така, има и такви кои не опишуваат никаква визија за божествено суштество.

Сепак, Џули нагласува еден детаљ што го забележала во својата работа со луѓе на умирање - многу од нив изгледаат смирени, среќни и често се смешкаат во овие моменти.

Затоа таа ги опишува овие феномени, и покрај фактот дека тие можат да бидат знак дека животот завршува, како нешто „прекрасно“. Нејзината цел е да им помогне на семејствата да не ги доживуваат таквите моменти само со страв, туку и да разберат што може да им се случува на нивните најблиски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер