Пиперките се полни со витамини, без нив животот е незамислив, но овие групи луѓе не смеат да ги јадат, за нив тие може да бидат вистински отров - Канал 5

Пиперките се полни со витамини, без нив животот е незамислив, но овие групи луѓе не смеат да ги јадат, за нив тие може да бидат вистински отров

Постојат одредени групи кои треба да бидат претпазливи или да ги избегнуваат пиперките поради специфичните здравствени состојби или алергии.

Пиперките се полни со витамини, без нив животот е незамислив, но овие групи луѓе не смеат да ги јадат, за нив тие може да бидат вистински отров

Пиперките се вкусен зеленчук кој изобилува со витамин Ц, тие се составен дел на бројни јадења, меѓутоа постојат групи на луѓе кои не смеат да ги јадат.

Свежата пиперка е богата со витамин Ц, додека мелената содржи растителни влакна, витамин А, Е, Б6, железо и антиоксиданси. Овие хранливи материи помагаат во борбата против слободните радикали, го подобруваат видот и може да го зголемат нивото на добриот холестерол (ХДЛ).

Пиперките, најчесто се безбедни за повеќето луѓе, но постојат групи на луѓе кои би требало да бидат внимателни поради одредени здравствени состојби и алергии:

Лица со алергии

Лицата со алергии може да почувствуваат симптоми како: осип, чешање, оток или дигестивни проблеми. Ако имате некој од овие симптоми по јадењето пиперки, посоветувајте се со вашиот лекар.

Лица со дигестивни проблеми

Луѓето со нарушувања во желудникот и цревата, како што се гастритис, чир или синдром на нервозни црева, може да забележат дека пиперките, особено лутите, им ги влошуваат симптомите. Киселоста и зачинувањето на пиперките може дополнително да ја иритираат слузокожата на желудникот и цревата.

Лицата со рефлукс на киселина

Пиперките, особено лутите, може да ги влошат симптомите на гастроезофагеаелен рефлукс и да предизвикаат киселина и непријатно чувство во пределот на стомакот. Ако имате ваков проблем, можеби е подобро да избегнувате нивно консумирање во голема количина или лути пиперки.

Проблеми со бубрези

Пиперката содржи голема количина калиум, што може да биде проблематично за лицата со бубрежни болести кои мора да внимаваат на количината калиум што ја внесуваат. Во таквите случаи најдобро е да се консултираат со лекар за соодветна исхрана.

Трудници и доилки

Иако пиперките обично не претставуваат ризик, бремените жени и доилките треба да внимаваат со зачинетата и лута храна зашто може да предизвика непријатно чувство и алергиска реакција. Секогаш консултирајте се со вашиот лекар околу исхраната во текот на бременоста и доењето.

Ако имате некакви недоумици и специфични здравствени проблеми, најдобро е да се посоветувате со својот лекар или нутриционист пред да направите значајни промени во исхраната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рама намерно го отстрани Курти од фотографијата од Самитот во Црна Гора (ФОТО)

Албанскиот премиер Еди Рама објави фотографија од самитот во Црна Гора каде намерно не се гледа премиерот на Косово, Албин Курти!

Рама намерно го отстрани Курти од фотографијата од Самитот во Црна Гора (ФОТО)

Рама на својот официјален Фејсбук профил објави две фотографии од Самитот на лидерите од Берлинскиот процес што се одржа во Милочер кај Будва, пренесе Телеграф. Официјалната фотографија од самитот, кој го отворија црногорскиот премиер Милојко Спајиќ и германскиот канцелар Фридрих Мерц, ги прикажува лидерите од регионот како стојат еден до друг. Курти може да се види и како стои во првиот ред недалеку од Рама, но албанскиот премиер објави уште една фотографија, зголемена, но Курти веќе го нема.

Фотографијата е отсечена токму таму каде што се наоѓал.

Албанските медиуми, меѓу кои и Бота Сот, наведуваат дека тоа не е случајно и дека се знае дека односите меѓу Рама и Курти се лоши со години, а таквиот гест на албанскиот премиер, како што велат, е едноставно продолжение на нивните несогласувања. Голема бура, сепак, се крена и во коментарите под фотографиите, каде едни го критикуваа Рама за спорната фотографија, а други го оправдаа неговиот потег.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Демонстрантите запалија полицаец во Тирана- летаат молотови коктели, солзавец, пиротехника... (ВИДЕО)

Демонстрантите фрлаа молотови коктели врз полицајците за време на протестот во Тирана.

Демонстрантите запалија полицаец во Тирана- летаат молотови коктели, солзавец, пиротехника... (ВИДЕО)

Во таа прилика, еден полицаец се запали, а неговите колеги веднаш истрчаа да му помогнат и да го изгаснат пожарот, објавува Топ ченел.

Исто така, за време на фрлањето молотови коктели, јакната на еден млад човек се запали, но тој успеа самиот да го изгасне пожарот.

Инцидентот се случи додека протестите сè уште траеја во атмосфера на тензии и конфликти, со фрлање пиротехнички средства и употреба на солзавец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска Давкова: Унгарската револуција е траен симбол на храброст

Во Будимпешта, присуствував на гала свеченоста во Унгарската државна опера и на приемот во Музејот на ликовните уметности, чијшто домаќин беше премиерот на Унгарија, Петер Маѓар.

Сиљановска Давкова: Унгарската револуција е траен симбол на храброст

Чест е да се присуствува и да се оддаде признание на овој значаен историски настан, не само за Унгарија, туку и за Европа.

Унгарската револуција е траен симбол на храброст, слободољубивост и достоинство на еден народ, објави на ФБ претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер