Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
2Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
Шоу бизПипа во бикини - совршено тело!Пипа Мидлтон (31) во црвено бикини на Карибите.Нејзиното тело го докажа режимот на фитнес и здрава исхрана под кој живее Пипа. Она што можеше само да се претпоставува сега е пред очите на светот - како изгледа Пипа во бикини. Таа е на одмор со нејзината мајка Керол, брат и Џејмс и поранешното момче Џејмс Метјус. Сега е во врска со 37 годишниот Нико Џексон. - Вежбањето е важен дел од мојот живот. Го сметам за важно и за умот и за телото. Тенисот е најдоброто хоби, вежба која го активира целото тело. Тоа ми помага да го отстранам стресот - рече Пипа во една прилика. Вујкото и тетката на наследниците на британскиот трон, принцот Џорџ и принцезата Шарлот, лудо се забавуваа на островот Св.Барт. /извор: Дејли меилКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТехеран со предупредување до Европа: „Сега е ваш ред да платите“Официјален Техеран остро реагираше на изјавите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за економските последици од војната, додека Берлин повикува на дипломатско решение на конфликтот.Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи предупреди дека нов напад врз Иран би можел да ја чини Европа многу повеќе од 100 милијарди евра, откако германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека европската економија и потрошувачите веќе претрпеле многу дополнителни трошоци поради порастот на цените на енергенсите предизвикан од војната. Во објава на платформата „Икс“ (X), Аракчи потсети дека Мерц ги поздравил американско-израелските напади врз Иран минатата година, велејќи дека Израел ја врши „валканата работа за сите нас“. „Сто милијарди евра се ништо во споредба со разорниот удар што моќните вооружени сили на Иран ќе им го зададат на оние што ќе се осмелат да му наштетат на нашиот народ“, напиша Аракчи, додавајќи дека „црвените линии се минато“. Слична порака упати и секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Мохсен Резаи, кој ги критикуваше европските влади поради нивната загриженост за економските последици од војната. Мерц вчера, за време на неговата посета на Сеул, изјави дека повисоките цени на енергенсите, поврзани со конфликтот во изминатите осум месеци, ја чинеле Европа повеќе од 100 милијарди евра. Тој рече дека Германија ги интензивира дипломатските напори за ставање крај на војната и оцени дека конфликтот „не може да се реши со воени средства“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
КошаркаСаторански се јави од болница: „Беше страшно“Кошаркарот на Хапоел ТА, Томаш Саторански е добро по еден тежок пад.Чешкиот кошаркар опасно ја удри главата при пад на натпреварот меѓу Дубаи и Хапоел во Евролигата, остана да лежи во болки и грчеви, што ги вознемири сите. Глетката беше крајно вознемирувачка. Еден ден подоцна, Чех преку својот профил на Инстаграм ја сподели добрата вест. „Здраво на сите, би сакал да одвојам момент за да му се заблагодарам на секој од вас за сите пораки, поддршка и интерес. Посебна благодарност до Кошаркарскиот клуб Дубаи, неговите играчи и стручниот штаб, за брзата реакција и помошта. Навистина сум благодарен. Исто така, голема благодарност до моите соиграчи, стручниот штаб и сите луѓе во Хапоел за сета поддршка и помош. Тоа секако беше застрашувачки момент, но сега се чувствувам многу подобро. Се надевам дека што поскоро ќе се вратам на теренот“, напиша Чех, објавувајќи фотографија од болничкиот кревет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНародната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзорВо врска со одлуката на Народната банка на Србија за одземање на дозволата за работа на АЛТА банка а.д. Белград, Народната банка посочува дека оваа одлука се однесува на работењето на банката во Република Србија.Во врска со одлуката на Народната банка на Србија за одземање на дозволата за работа на АЛТА банка а.д. Белград, Народната банка посочува дека оваа одлука се однесува на работењето на банката во Република Србија и сама по себе не значи автоматско одземање на дозволата за работа на АЛТА банка АД Битола. Домашната банка е самостојно правно лице, основано и регистрирано во Република Македонија, чие работење се оценува согласно домашната законска и регулаторна рамка. Народната банка, како надлежен супервизор ја следи состојбата и постапува во согласност со законските одредби. Народната банка ги следи и сите околности што можат да влијаат врз работењето на домашната банка, вклучително и ризиците што произлегуваат од нејзината сопственичка поврзаност. Во рамките на своите законски надлежности, Народната банка соодветно постапува и соработува со надлежните домашни и странски институции, со почитување на законските правила за доверливост на супервизорските информации. Во однос на стекнувањето квалификувано учество во банка, Народната банка потсетува дека согласност се издава врз основа на сеопфатна постапка, во којашто се ценат законски утврдените критериуми, а врз основа на официјално достапните податоци. Народната банка апелира до јавноста да се потпира на официјални и проверени информации и да не донесува заклучоци врз основа на непотврдени тврдења и шпекулации. Народната банка ќе продолжи внимателно да ја следи состојбата и да постапува независно, професионално и исклучиво во согласност со своите законски надлежности, во интерес на сигурноста на банкарскиот систем и заштитата на депонентите, стои во соопштението од НБРМ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37