Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот
2Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот
3ВРЕДИ: ДУИ со нова лага и нов театар, кога немаат одговор за сопствениот имот и афери, измислуваат конструкции за ВРЕДИ
СкијањеПинтуро победник на супервелеслаломот во ЛенцерхајдФранцускиот скијач Алексис Пинтуро е победник на денешната супервелеслаломска трка, последна во оваа дисциплина сезонава во Светскиот куп возена во швајцарскиот скијачки центар Ленцерхајд.Пинтуро патеката ја мина со време 1:13.71 минута. На второто место се пласира сонародникот на победникот, Томас Мермило Блондан со заостанување од 56 стотинки. Трет беше Американецот Боде Милер со 57 стотинки побавно време од победникот. Конечен пласман во дисциплината „супер-џи“ за сезоната 2013/14: Свиндал 346 бодови, Кјетил Јансурд (Норвешка) 259, Патрик Куенг (Швајцарија) 255, Матијас Мајер (Австрија) 236, Боде Милер (САД) 220,... За Свиндал по вчерашниот кристален глобус во спуст, ова е втор ваков трофеј сезонава, но сеуште е неизвесно дали ќе го освои големиот кристален глобус наменет за најуспешниот од сите дисциплини. По денешната трка конкурентот за трофејот Марсел Хиршер (Австрија) му се доближи на лидерот на само 19 бодови. Генерален пласман во Светскиот куп: Свиндал 1.091 бод, Хиршер 1072, Пинтуро 919, Тед Лигети (САД) 869, Феликс Нојројтер (Германија) 673,... До крајот на сезонава остануваат уште по една трка во слалом и во велеслалом предвидени да се возат викендов исто така во Ленцерхајд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАЛуди цени на билетите за НБА финалето!!: Колку чини да се седи до претседателот Доналд Трамп?Интересот за финалето на НБА во Њујорк достигна невидени размери, што најдобро го потврдуваат цените на билетите за натпреварите во познатата „Медисон Сквер Гарден“ меѓу Никси и Сан Антонио Спарс. Според податоците на платформата „TickPick“, најевтиниот билет за третиот натпревар од финалната серија помеѓу Никс и Сан Антонио чини 11.461 долари, што е нов рекорд кога станува збор за натпреварите од финалето на НБА. За седишта веднаш до теренот, кои традиционално ги привлекуваат најголемите ѕвезди од светот на спортот и шоу-бизнисот, треба да издвоите дури 104.435 долари. Се очекува интересот дополнително да се зголеми пред четвртиот натпревар од серијата, па цените уште од сега се веќе високи. Најприфатливите билети се продаваат за 13.065 долари, и покрај фактот дека ова се седиштата на лоша позиција во Медисон. Плејоф натпреварите на Никс со години се омилено место за собирање на познати личности, па овој пат се очекува да пристигнат лојални навивачи на клубот како што се режисерот Спајк Ли и актерите Бен Стилер и Тимоти Шаламет. Од особен интерес се најавите дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел да присуствува на натпреварот, што би претставувало преседан во историјата на НБА, бидејќи ниту еден американски претседател не присуствувал на финален натпревар за време на неговиот мандат. Се очекува на трибините да биде и градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, познат како голем навивач на Никс, кој веќе јавно го поддржува својот тим. По два натпревари во Сан Антонио, Никс водат во серијата со 2:0 и се на чекор од нивната прва шампионска титула од 1973 година. Последен пат играа во финалето на НБА во 1999 година, кога Спарс победија со 4:1. Третиот натпревар од финалната серија е закажан за понеделник во Медисон Сквер Гарден, каде што Њујорк ќе биде домаќин на натпреварот што ќе го одлучи шампионот на НБА за прв пат по 27 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФилипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49Сончево со температури до 34 степени 08:59Мицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме во реформите 15:32
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
МакедонијаСкопјани уште едно лето без аква паркИ ова лето скопјани и посетителите на главниот град ќе останат без единствениот аква парк во земјава. Оваа летна дестинација за разладување нема да ги отвори вратите ниту оваа сезона, бидејќи за негова реконструкција се потребни околу еден милион евра, средства кои не се обезбедени. Наместо освежување на тобоганите и базените, посетителите и ова лето ќе ги затекнат затворени капиите на комплексот кој со години беше едно од најпосетените места за рекреација во текот на летните горештини. Од раководството на Спортскиот центар велат дека објектот бил наследен во исклучително лоша состојба. Аква паркот е затворен уште од 2024 година и оттогаш не генерира никакви приходи. Во ревизорскиот извештај за работењето на спортскиот центар се наведува дека одлуката за негово затворање била донесена поради економска неисплатливост, но и поради истечениот гарантен рок на голем дел од опремата и реквизитите. Инаку аква паркот беше пуштен во употреба во 2015 година како еден од најголемите и најопремените во регионот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФилипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49Сончево со температури до 34 степени 08:59Мицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме во реформите 15:32
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
МакедонијаФилипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на животСДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка.Социјалдемократскиот сојуз денеска го одржува 32-иот конгрес, на кој партијата ги дефинира идните политички насоки и приоритети на партијата. Во фокусот е усвојувањето на нова идеолошка платформа и програмска рамка. Конгресот во Скопје го следи Јана Јосифоска. Јана, што се очекува да произлезе од собирот на социјалдемократите како финален документ? Целиот извештај погледнете го во видеото. Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter