Пинг-понг репрезентацијата на завршни подготовки во Крива Плаанка пред Балканско првенство - Канал 5

Пинг-понг репрезентацијата на завршни подготовки во Крива Плаанка пред Балканско првенство

Десет членови на Македонската пинг-понг репрезентација во кадетска и јуниорска конкуренција ги прави финалните подготовки и воигрување за претстојното Балканско пинг-понг првенство за кадети и јуниори кое ќе се одржи од 11 до 15 мај Тиват, Црна Гора.

Пинг-понг репрезентацијата на завршни подготовки во Крива Плаанка пред Балканско првенство
- Десетте пингпонгари имаат продолжени викенд припреми кои ги користиме за мало доусовршување на техничките елементи но и за воигрување на членовите во двојките, како и за „докомпонирање“ на екипата, изјави Виорел Уце, предводник на селекцијата.

На Балканското првенство ќе учествуваат нациoналните селекции на девет држави - Романија, Турција, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Бугарија, Македонија, Србија и Косово.

- На првенството пингпонгарите ќе настапат во поединечна конкуренција, екипно и во парови. Од Македонија ќе учествуваат по два претставника во машка и женска категорија во пионерска конкуренција и по тројца јуниори и јуниорки, додаде Уце.

Подготовките се под надзор на Катарина Атанасова, национален селектор, која заедно ао репрезентативците ќе присуствува на утрешниот прием кој градоначалникот на Крива Паланка го органзиира по повод освоените високи успеси на ППК „Крива Паланка“ во сезоната 2015/16.

Македонската пинг-понг репрезентација досега како највисок пласман на Балканските првенства ги има освоеното трето место екипно на првенството во Романија, Слатина. Трето место освоија и Кристијан Станојковски и Апостловски Живко во двојки, на Балканијадата во Врњачка Бања, а единствен медал бронза, во поединечна конкуренција има освоено Амелија Уце, за трето место на Балканско првенство во Бугојно, Босна и Херцеговина, во 2008 година. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаник Синер и понатаму водечки на АТП листата на најдобрите тенисери на светот

Победникот на Вимблдон, Италијанецот Јаник Синер и понтаму е лидер на АТП листата на најдобрите тенисери на светот со 13.450 бода.

Јаник Синер и понатаму водечки на АТП листата на најдобрите тенисери на светот

Неговиот противник од финалето Саша Зверев загуби 360 бода – кои ги освои во Канада минатата сезона – и сега повторно е трет со 8.120 бода, со само 40 бода помалку од Карлос Алкараз, кој се подготвува за враќање на теренот по неколкумесечна пауза.

Феликс Оже-Алијасим е четврти со 4.740 бода, Новак Ѓоковиќ е петти, Данил Медведев напредуваше за едно место и сега е шести со 3.620 бода. Алекс де Минор падна за едно место на 3.560, Флавио Коболи се искачи за едно место на осмото со 3.330, додека Тејлор Фриц е деветти со 3.230. Бен Шелтон ја заокружува листата на најдобрите десет со 2.680 бода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Што се случува со Аријана Гранде?

Нејзиното видно слабо тело поттикна дискусија на социјалните мрежи, сите се загрижени 

Што се случува со Аријана Гранде?

Младата музичка ѕвезда Аријана Гранде предизвика бројни реакции на социјалните мрежи откако го објави спотот за песната „Petal“. Таа го привлече вниманието на јавноста со својот изглед.

Аријана Гранде неодамна објави спот за песната „Petal“, а бројни реакции во јавноста предизвика не со својот уметнички израз во самата песна, туку со својот физички изглед.

За снимањето на спотот, Аријана носеше црни хеланки, црна блуза што ги открива рамената и марама околу вратот.

Сепак, повеќето корисници на интернет останаа вџашени кога ја видоа нејзината видно слаба фигура.

YouTube video

„Таа е многу слаба и тоа е загрижувачки“, напиша еден, додека друг додаде: „Мислам дека луѓето имаат право да се грижат за нејзиното здравје“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сензационален трансфер на „Максимир“ – од европскиот шампион во Динамо Загреб

 Младиот француски фудбалер Ноа Нсоки (18) наскоро ќе го засили Динамо Загреб.

Сензационален трансфер на „Максимир“ – од европскиот шампион во Динамо Загреб

Левиот бек може да игра и како офанзивен играч за врска, а доаѓа од редовите на европскиот шампион Пари Сен Жермен.

Нсоки ќе пристигне во Загреб во среда или четврток за да ги изврши лекарските прегледи и да потпише петгодишен договор.

Динамо нема да плати за Нсоки, но од следниот трансфер заработката ќе ја делат „пола-пола“ со популарните „Светците“ од Париз.

Минатата сезона тој неколку пати тренираше со првиот тим на Париз, но конкуренцијата е преголема. Сепак, тој одигра вкупно 36 минути, влегувајќи во игра од клупата на два натпревари минатата сезона. Одигра 39 натпревари за младинскиот тим на Париз Сен Жермен, при што забележа 10 гола и шест асистенции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер