Пике збесна кога среде говор публиката скандираше: Шакира, Шакира! (ВИДЕО) - Канал 5

Пике збесна кога среде говор публиката скандираше: Шакира, Шакира! (ВИДЕО)

Поранешниот шпански фудбалер Жерар Пике од крајот на кариерата е посветен на својот проект во Кралската лига, во чии рамки минатиот викенд организираше голем промотивен настан во пресрет на новиот турнир.

Пике збесна кога среде говор публиката скандираше: Шакира, Шакира! (ВИДЕО)

Пике организираше голем собир во ноќен клуб каде требаше да одржи говор, а потоа толпата го прекина.

Имено, откако Пике стана со микрофон во рака, толпата се сврте кон него и почна да скандира „Шакира, Шакира“, а како што тврдат обожавателите на пејачката, видно изнервираниот Пике одговорил: „Како и да е, јас сум сепак светски шампион, а вие сте никој“.

Во текот на вечерта се слушнала и песната на Шакира, Waka, Waka чие пуштање наводно го побарал поранешниот соиграч на фудбалерот од репрезентацијата, Икер Касиљас. Тоа е химната на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година, благодарение на која се запознаа музичката ѕвезда и спортистот, за време на снимањето на сега веќе добро познатото видео.

Се вели дека на Пике му пречи кога ќе ја слушне музиката на Шакира, па за време на неодамнешната посета на ноќниот клуб Uniq во Андора, тој наводно барал од сопственикот ниту една од песните на неговата поранешна сопруга да не се пушта во текот на вечерта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Македонија губи време, губи генерации – најскапото нешто

„Македонија губи време, а со изгубеното време ги губи и генерациите. 

Филипче: Македонија губи време, губи генерации – најскапото нешто

Најскапото нешто во еден човечки живот е токму изгубеното време“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на свечениот настан по повод 35 години независност на Македонија, во Македонската филхармонија.

Филипче посочи дека Македонија веќе предолго стои во место и дека додека соседите напредуваат на европскиот пат, државата губи драгоцено време и можности.

„Албанија до крајот на 2025 година ги отвори сите 33 преговарачки поглавја, а во јули оваа година започна и со нивно затворање. Црна Гора до 14 јули имаше 18 привремено затворени поглавја. Македонија, која некогаш беше пред нив на европскиот пат, сè уште чека да го отвори првиот кластер. Тоа е факт од кој нема засолниште во патриотска реторика. Можете секој ден да објаснувате дека сте победиле со тоа што не сте направиле ништо. Граѓанинот на крајот ќе види кој се движи напред, а кој стои во место, или назадува“, потенцираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Филипче нагласи дека времето поминато без суштински реформи и без напредок кон Европската Унија не е само политичка статистика, туку директна загуба за државата и нејзините граѓани.

„Власта две години ја уверува јавноста дека ќе издејствува нови услови, нова формула, подобра преговарачка позиција. Европската позиција во јуни 2026 година остана недвосмислена. Во меѓувреме соседите отвораат и затвораат поглавја. Тоа не се само поглавја. Тоа се успешни и тешки реформи кои најчесто не се популарни. Тоа веќе не е дипломатска тактика. Тоа е изгубено време. Најскапото нешто во еден човечки живот. Македонија има потрошено премногу генерации на изгубено време“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ порача дека европските интеграции се најголем државен интерес и дека за нив не се потребни декларации и политичка реторика, туку конкретни одлуки и работа.

„Европските интеграции не му припаѓаат на СДСМ. Не му припаѓаат на ВМРО-ДПМНЕ. Не му припаѓаат на ниеден претседател, премиер или министер. Тоа е најголем државен интерес. Не е доволно тоа само реторички да се нагласува, а ништо да не се прави да се стаса до целта. Зад поглавјата стојат судови што треба да судат независно. Администрација што треба да му служи на граѓанинот. Почиста животна средина. Побезбедна храна. Подобри патишта. Поголема конкурентност на фирмите. Повеќе европски пари за училиштата, инфраструктурата, енергетиката и дигитализацијата.

Тоа е наједноставната формула на европскиот процес. Реформа, резултат, средства, подобар живот“, потенцираше Филипче.

Филипче порача дека Македонија нема повеќе време за нови одложувања и нови изгубени децении.

„Последното големо поглавје сè уште не е завршено. Нашата генерација треба да ја заврши работата. Без нови изгубени децении. Без производство на предавници за секој тежок компромис. Без лажен патриотизам кој е најгласен пред камерите, а немоќен и кукавички кога треба да се донесе резултат. Без свечености со кои ќе си докажуваме колку сме успешни додека нашите деца го бараат успехот во други држави. Пред 35 години граѓаните ја избраа независноста. Нашата задача денес е таа независност да има содржина. Добар живот. Праведно општество. Функционална држава. Сигурна иднина. Европска Македонија. Така ќе му оддадеме почит на Киро Глигоров. Не само со филм. Туку со завршена работа“, рече Филипче.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес сончево и топло со мала до умерена облачност

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени.

Денес сончево и топло со мала до умерена облачност

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне 33 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на поставување камен-темелник за спортска сала и увид во градежни активности во Општина Карпош

Претседателот на Владата на Република  Македонија, Христијан Мицкоски, ќе изврши увид во градежните активности за асфалтирање на улицата „Софиска“ во Општина Карпош.

Мицкоски на поставување камен-темелник за спортска сала и увид во градежни активности во Општина Карпош

Потоа, предвидено е пешачење до ООУ „Братство“, каде што ќе се постави камен-темелник за изградба на нова спортска сала.

По завршувањето на настанот, предвидена е изјава за медиумите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер