Пике се степал со братот на Шакира, реагирала полицијата - Канал 5

Пике се степал со братот на Шакира, реагирала полицијата

Нема крај на скандалите поврзани со поранешните партнери, мегапопуларната пејачка Шакира и екс светската фудбалска ѕвезда Жерар Пике.

Пике се степал со братот на Шакира, реагирала полицијата

И по крајот на романсата, односот меѓу Пике и Шакира и понатаму ги полни медиумските колумни ширум планетата.

Поранешниотфудбалер на Барселона, Жерар Пике неодамна за првпат отиде во САД по бурното раскинување со колумбиската суперѕвезда Шакира за да ги види синовите Саша и Милан, добиени за време на нивната 12-годишна врска.

Откако сите помислија дека Пике и Шакира ги решиле несогласувањата по нивната бурна разделба, тие двајца ги демантираа медиумите.

Во јавноста се појави информација дека Пике нема најдобро да се сеќава на посетата на САД на синовите Саша и Милан, со оглед на тоа што минатиот викенд имал физичка пресметка со братот на Шакира, Тонино Мебарак.

Пред се, средбата со поранешната партнера пејачката Шакира сама по себе била бурна, а потоа следел и конфликтот со Тонино.

Поради физичката пресмета дури морала да реагира и полицијата.Но, сепак на крајот страстите се смириле и се завршила без никаква пријава.

Деталите за тепечката меѓу Пике и братот на Шакира прв ги објавил „Телемундо“ во рамките на една од погледаните емисии посветени на познатите личности.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С)

8 Попова Шапка, Берово, 11 Маврови Анови, Крива Паланка, 12 Крушево, Струмица, Охрид, Претор, Прилеп, 14 Тетово, Куманово, Кавадарци, Скопје-Петровец, 10 15 Велес, Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, 16 Виница, Битола, 19 Демир Капија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2)

13 Претор, 11 Охрид, 5 Попова Шапка, 4 Пожаране, 3 Маврови Анови, Крушево, 2 тетово, 1 Тополчани.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 21 степен.

Во Скопје, променливо облачно со повремени венежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер