ЖивотПијаните возачи во Русија ќе добиваат розови таблички?Државната Дума во Русија разгледува законски проект за конфискација на автомобилите на возачите кои по втор пат се фатени пијани. Предлогот на руските парламентарци веќе ги подели возачите на два табора - противници и приврзаници.Егор Фролов, претставник на Федерацијата на сопственици на автомобили (ФАР) во Краснојарскиот крај, смета дека постојат и други методи за борба против алкохоличарите зад воланот. - Кога станува збор за засилување на борбата со пијанството зад воланот, ние предлагаме неколку мерки. Меѓу другите, предлагаме да им се даваат розови регистарски таблички на возачите кои биле фатени да возат под дејство на алкохол. Тоа истовремено е и стимул за самите возачи но, и сигнал за другите учесници во сообраќајот - вели тој. Друга мерка е да се испраќаат алкохолизираните возачи на општествено полезна работа. Притоа, предлагаме да се облекуваат со елеци на кои ќе имаа соодветни натписи. Тоа може да биде срамно, но и поучно за оној кој ќе биде фатен да вози под дејство на алкохол. Законодавците треба добро да размислат и да го донесат најоптималното решение. Можеби кои од овие проекти ќе се најде на дневен ред и во Државната Дума, изјави Фролов. /Извор: Руска реч/Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во АтинаМинистерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска престојува во Атина, каде ќе учествува на министерскиот состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“.Учеството на Муцунски е на покана на грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, а состанокот ќе биде посветен на европската интеграција на земјите од Западен Балкан и можностите за забрзување на нивниот пристапен процес кон Европската Унија. Во Атина е Афродита Рамос. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ излегува на терен со кампања Очи в очи со народотВМРО-ДПМНЕ почнува активности на терен, односно оди во сите населени места да се сретне со граѓаните.До крајот на годината претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ почнуваат интензивни посети на општинските комитети на партијата. ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија смета дека само на директни средби може да се слушне реалната ситуација или постојат работи што не можат да се разберат од извештаи, статистики и состаноци зад затворени врати. На средбите ќе се разговара за реализираното, дали е испочитуван рокот бидејќи само така може да следат резултати. А тоа е начин и за подобро функционирање на надлежните и поголемо задоволство кај граѓаните. Целта е едноставна, да се разговара и да се слушне од граѓаните за она што функционира и за она што не функционира. ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која смета дека напредокот мора да се види во реалноста, бидејќи нема доверба без почит, нема подобро без работа што може да се измери. И ВМРО-ДПМНЕ нема да сопре тука, на пролет продолжува со трибини меѓу граѓаните од село во село, од град во град, сè со една цел подобра иднина за секој еден граѓанин. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: „Очи в очи“ - во Србија Вучиќ падна, но сè уште владее со МакедонијаМицкоски нема ама баш ништо свое. Сè копира од Вучиќ. Не може да направи ниту една работа без да позајми нешто од кампањата на Вучиќ, неговиот шеф на балканската ОКГ.Сега ги промовира мерките на Вучиќ за младите. Вели дека брачните двојки до 35 години нема да плаќаат комуналии. Таквата одлука е дискриминаторска и противуставна. Не смее да има старосно ограничување. Што е со немажените и неженетите до 35 години во Македонија? Зошто ваква поделба? Зошто пак кампања по примерот на Вучиќ? Мицкоски рече дека ќе ги замени младите со „економски работници“. Изјави дека треба да увезе уште 100.000. Зошто сега овие мерки? Дали Мицкоски се подготвува за избори? Чуму овие теми од кампањата на Вучиќ? Чукаат ли на неговата врата истраги од Унгарија и Србија? Кредити, банка, дрога… Кампањата „Очи в очи“ со граѓаните е уште една работа преземена од Вучиќ. Така работеше и тој пред избори. Во Србија Вучиќ падна, но изгледа дека сè уште владее во Македонија. Медиумите на Вучиќ сè уште работат. Во Србија РЕМ му ја укина емисијата „Колегиум“ на „Информер“, а во Македонија АВМУ молчи. Во Србија Алта банка е во стечај, а во Македонија Мицкоски ја спасува насила и ги крие сметките и трансакциите. Во Србија се планира расформирање на БИА, а во Македонија БИА сè уште е во Владата. Стоиљковиќ и неговата екипа владеат. Во Србија ги нема навивачите и хулиганите, а Македонија ја претставува еден од нив – Душан Адамовиќ, почесен конзул и бизнис-партнер за струја и броила. Во Србија се апсат криминалци, а во Македонија Мицкоски го извади Симо од затвор за да купува гласови во Брвеница. Пари нема. Тоа е она што сигурно го знаеме. Нови задолжувања за нови криминални тендери. Кога и тоа ќе пресуши, еве ни избори. Мафијата ќе бара уште четири години за да краде. Тогаш граѓаните ќе знаат дека секој што ќе остане дома, им го дал својот глас. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33